Десетте етички правила на Credssimo

Аплицираj

Со овие правила Credssimo цврсто ја докажува својата посветеност кон пазарот на отпуштање на брзи кредити во согласност со највисоките стандарди на деловната етика. "Десетте етички правила" ја зајакнуваат основната идеја на нашата политика, одржувањето на јасни и транспарентни правила при кредитирање, правични пазарни услови и посветеност кон сите наши клиенти.

  • Клиентите се приоритет

    Credissimo е една од првите небанкарски финансиски институции во регионот на Балканот. Како една од водечките компании во областа на брзите кредити ние го развиваме нашето работење од 2007 година и до денес имаме обработено повеќе од 600 000 барања за кредити.
    Ние станавме лидери, бидејќи го гледаме нашиот развој само и единствено преку погледот на нашите клиенти. Работиме напорно, одговорно и сеоддајно. Секогаш ги поставуваме интересите на корисниците над се.

  • Целосна транспарентност

    Целосните услови, под кои го даваме кредитот се разјаснуваат пред потпишување на Договорот. Каматните стапки, начините на нивното пресметување, како и секоја дополнителна информација која е неопходна на клиентот, се секогаш на располагање.

  • Веродостојна реклама

    Credissimo ги рекламира своите производи и услуги преку одговорни рекламни кампањи, кои не ги доведуваат во заблуда корисниците.

     

  • Одговорно кредитирање

    Одобрените кредити се секогаш во зависност од можностите на корисникот.
    (Одговорно кредитирање)

  • Заштита за клиентот

    Credissimo не ги толерира погрешните начини за влијание и вршење притисок врз корисници, кои се во безизлезна ситуација и апелира кон толеранција од страна на сите останати небанкарски финансиски институции.
    Клиентите можат да пријавуваат секакви неправилности и претенции на тел. 02 511 10 10 или на е-mail: contacts@credissimo.mk

     

  • Повратна врска

    Credissimo постојано е на располагање на своите клиенти во врска со настанати нејаснотии за секој елемент од Договорот и Условите во него. Гарантираме целосно право на информација на клиентот во секое време.

  • Безбедност на личните податоци

    Клиентите се чувствуваат безбедни за своите лични податоци, бидејќи користиме сигурни и безбедни средства за заштита. Не дозволуваме никакви злоупотреби, нарушувања и измами.

  • Одговорни на пазарот

    Credissimo работи за целите, напредокот и развојот на пазарот на небанкарското потрошувачко кредитирање. Наш приоритет е зголемување на нивото и квалитетот на понудените кредитни производи и услуги за крајниот корисник.

  • Законитост

    Credissimo работи строго во согласност со европското и националното законодавство, внатрешните правила и процедури, правилата за професионално однесување во своите односи со клиенти, партнери и конкуренти. Договорите и Условите се ажурираат секогаш со оглед на новите барања на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за облигациони односи, Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис како и останатите важечки законски и подзаконски прописи во Република Македонија.

  • Почитување на етичките правила

    Credissimo е компанија со изградени традиции и принципи. Мислиме, дека сме една од најодговорните небанкарски финансиски институции на пазарот, која стриктно ја спроведува и извршува својата дејност според "Десетте етички правила". Категорично се разграничуваме од секакви практики и методи на нелојален и нетранспарентен однос кон корисниците на пазарот при одобрување на потрошувачки брзи кредити.