Новата услуга „Гарантирано до минути“ е веќе активна!

Аплицираj
Новата услуга „Гарантирано до минути“ е веќе активна!

Со големо задоволство, Credissimo воведува нова услуга „Гарантирано до минути“ која на своите клиенти им обезбедува уште побрза и поквалитетна услуга. Согласно промените кои беа донесени со Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, а кои започнаа да се применуваат на 08.04.2019г., каде се ограничува годишната стапка на вкупни трошоци за одобрен кредит, Credissimo реши да ја искористи оваа промена во полза на своите клиенти така што ја воведе оваа нова услуга.

Што всушност претставува „Гарантирано до минути“?

„Гарантирано до минути“ претставува дополнителна и незадолжителна услуга која на своите клиенти им овозможува експресно разгледување на апликацијата за кредит. Тоа значи дека можеш да ги добиеш парите на твојата сметка за најкратко време без да е потребно да чекаш долг период за разгледување на твојата апликација. Освен експресното разгледување на апликацијата, за истата не ти треба доставување на дополнителни документи, што значително го олеснува процесот на добивање на кредит. Покрај тоа, оваа услуга ти нуди твој „Личен кредитен советник“ кој е постојано достапен да ти помогне со секакви прашања поврзани  со кредитот кој го земаш. За сите дилеми кои ги имаш во врска со состојбата на кредитот, неговото предвремено враќање, доцнење, преструктурирање, целокупниот процес и сите твои права и обврски, обрати му се на твојот „Личен кредитен советник“ и тој веднаш ќе ти одговори преку телефон, чат или e-mail во работното време.

Како до оваа услуга?

„Гарантирано до минути“ е дополнителна и незадолжителна услуга, што значи користењето на оваа услуга е твој избор, односно доколку одлучиш да не ја користиш, за истата не мора да платиш. Меѓутоа, процесот на разгледување на твојата апликација ќе биде во рок од 10 работни дена.

Во случај да се одлучиш за „Гарантирано до минути“, тогаш ќе ги добиеш сите поволности вклучени во оваа услуга во зависност од бараниот износ за кредит. Откако ќе аплицираш, наш вработен од Кредитниот оддел ќе може да ти ја каже точната сума, а истата ќе биде пресметана во месечните рати од кредитот.

Credissimo продолжува да ги нуди истите кредитни производи, односно:

Credissimo до плата:  брз кредит од 3 000 до 20 000 денари со рок на враќање од 15 до 30 дена, со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот. Со овој кредитен производ рокот на враќање можеш да го продолжуваш колку што ти е потребно.

Credissimo плус: брз кредит од 6 000 до 80 000 денари со враќање на месечни рати од 3 до 24 месеци. 

Повеќе

Ова се трите најпопуларни фризури за оваа сезона и со нив не можете да погрешите!
Ова се причините зошто Премиер-лигата претставува омилен настан меѓу фудбалските фанови во целиот свет!
Искористи ги слободните денови најдобро што можеш со следниве идеи.