10 совети како да го оптимизираш смејниот буџет

10 совети како да го оптимизираш смејниот буџет

Управувањето на личните финансии воопшто не е комплицирана задача

Ако го земеме во предвид фактот, дека во древните епохи, напорите на луѓето биле насочени основно кон физичкото преживување, што мислите каде се наоѓаме сега ние? Се разбира не можеме да ги споредуваме целодневниот лов и собирање на корени, но сепак...

Од сегашна гледна точка статистиката покажува дека над една третина од паричните средства на домакинствата во Македонија се трошат за храна. Но, кога додадеме кон нив и други важни акценти за опстанокот, како трошоците околу живеалиштето, за превоз, даноците, за здравствена заштита, сликата добива друга димензија. Всушност, според податоците за минатата година, за забава, култура и образование семејствата одвоиле само околу 4,8 % од својот буџет. И овде се работи за просечен граѓанин во државата, многупати ситуацијата е уште по лоша.

Ако тоа те тера да се чуствуваш тажно или очајно, имаме добри вести.

Секој може со мали напори да ја  промени структурата на семејниот буџет. Точно така, овде нема да зборуваме за неговата големина, туку за структурата - колкав дел од него за што се троши. Ако се придружуваш кон планот, ќе ти останат и повеќе пари за стоки и услуги, кои не се од основна потреба.

На прво место еден генерален совет: Пишувај.

  • Состави си буџет и секој месец запишувај ги приходите и разходите детално (може и на компјутер или онлајн).
  • Изготви си финансиски план за подолг рок, во кој ќе ги вклучиш идните разходи: кога ке патуваш и колку средства треба да си одвоил до тогаш, кој месец треба да го обновиш осигурувањето на автомобилот, кога има јубилеј или настани за кои ќе ти треба сериозен (да се чита скап) подарок итн.
  • План за штедење: За каков период и какви суми треба да одделиш, за да си обезбедиш простор за непредвидени разходи.

А сега да видиме што можеш да направиш за одделните основни акценти во твоите разходи.

Трошоци за храна:

1. Секогаш користи список за пазарување и потруди се да не излегуваш од него. За целта може да звучи неважно, но гладен во маркет не се влегува. Следи ги промоциите на различните продукти, но не паѓај во искушение да купиш нешто, само затоа што е намалено.

2. Изготвувај си седмично мени, во кое ако има можност продуктите да се дополнуваат. Така нема да има потреба да пазариш секој ден (и да ризикуваш да излезеш од списокот), а и нема да ти остануваа продукти за изфрлање. Ако се лесни за комбинација, дури и нема потреба да определуваш точно во кој ден што ќе се јаде и менито станува доста флексибилно за брзиот начин на живот.

3. Пробај да готвиш. Тоа не означува да се вртиш со часови во кујната и да стигнеш до класата на Џулија Чајлд или Жак Пепен. Има доста прости и брзи рецепти, кои може да приготвиш, наместо да порачуваш или да одиш во ресторант. Јасно е зошто тоа заштедува пари. Заедно со тоа можеш да приготвиш храна од претходно за наредните неколку дена, вклучувајќи и таква, која да си ја носиш на работа, наместо да јадеш надвор.

Трошоци за здравје:

4. На прво место овде со сигурност е превенцијата. И тоа не само да се пазиш од разболување, да се храниш редовно и да спортуваш (кое всушност во долгорочен план може да ти заштеди огромни суми) Посетувај го личниот лекар редовно и прави ги неопходните годишни прегледи и испитувања. Не ги одложувај прегледите на заболекар и неговите интервенции, дури и да се непријатни и скапи.

5. Си обраќал ли внимание, дека во секоја аптека едно и исто лекарство и додаток во исхраната чини различно? Одбирај ги местата каде купуваш лекарства. Заедно со тоа секогаш, кога ќе ти ги препишаат, заинтересирај се за различните производители, зошто особено таму разликите се сериозни. „Аспирин“ е само еден, но ацетилсалицилната киселина се произведува под многу други називи. Така е со речиси сите лекарства и може да не ти се препорачани или препишани најевтините.

6. Квалитетот и цената на здравствените услуги не секогаш одат рака под рака. Ако можеш да ги искористиш поволностите од бесплатното здраствено осигурување и да посетиш специјалист со упат, подобро заинтерисирајте се за докажен лекар, кај кого можеш да отидеш. Ако наместо тоа решиш да се откажеш од таа можност, за да отидеш „на приватно“, тоа нема да ти гарантира подобро стручно мислење.

Сметки и претплати:

7. За да постигнеш пониски сметки за твоето домаќинство, најчесто мора прво да инвестираш. Како последица на тоа овие вложувања се исплаќаат брзо и долгосрочно ги намалуваат месечните разходи. Енергетски штедливи уреди и сијалици, топлоизолација и прозорци, уреди за далечинско управување на уредите-сето тоа носи значително олеснување за разходите дополнително. Убаво ќе биде да промениш и некои од твоите навики во домот, како и да не ги вклучуваш сите уреди и уште: 14 совети како да заштедите пари од струја (дел 1)

8. Разгледај ги договорите за претплата и промени ги во првиот погоден момент. Дали ги искористуваш сите бесплатни минути и интернет на твојот телефон. А навистина ли ги гледаш сите тие телевизиски програми? Дали конкуретниот добавувач на интернет не предлага многу подобри понуди за брзина и месечна сметка?

9. Плаќаш ли за услуги и претплати, којшто реално не го искористуваш? Во денешно време има редица на услуги, за кој понекогаш се претплатуваме, а после забораваме да користиме (на пример интернет ТВ пакети). Прекрати ги.

На 10-то место ги ставаме разходите околу децата.

Макар што тие заслужуваат многу повеќе од една точка, ако ги оставиме, се способни на посебен начин да ја потрошат целата наша плата, а според нив рационален и прекрасен :)

Држете цврсто контрола и не бидете под влијание на провокациите на овие мали шефови. Независно дали станува збор за сладолед во паркот или за уште една гигантска и скапа играчка. Вие сте тие, кои преценуваат кога, што и колку може да добијат.

Со сличен план може да заштедиш и не така мала сума секој месец и да заборавиш за многу од финансиските грижи. Сепак во ретки случаи, во кои е можно тие да те најдат, Credissimo е секогаш на линија за поддршка.​



Врати се назад

Прочитај повеќе