Како да ги избегнуваме непријатните задолжувања?

Како да ги избегнуваме непријатните задолжувања?

Лошите навики поврзани со парите се исти како сите други штетни навики. Навикнати сме со нив, ни доставуваат задоволство и колку и да се обидуваме да им избегаме од канџите, понекогаш е доста тешко.

Неразумното трошење, неспособноста да си правиме финансиски планови и сметка за парите можат да нè стават во големи долгови. А кога не можеме да се справиме со кредитите, тие се претвораат во лоши задолжувања и можат сериозно да ја разнишаат рамнотежата во нашиот живот.

Како се отстранува лоша навика?

Чекор по чекор и за подолг временски период. Ако едноставно решиш од утре да почнеш да ги контролираш и планираш твоите финансии на 100% , да штедиш сериозни суми, да се воздржуваш од секакви непотребни трошоци и да направиш доста сериозна промена во живот во врска со тоа ... најверојатно е да не успееш. А при неуспех е многу можно едноставно да се откажеш или уште полошо - да решиш да примениш ист непродуктивен начин кој повторно нема да те одведе никаде.

Затоа што можеш да направиш, ако си од луѓето со широки прсти и ем ти се живее, ем постојаните долгови ти го загорчуваат секојдневието?

На прво место секогаш имај план. План за ограничување на трошоците. План за заштеда секој ден или пак со пријателите. План за буџет на личните финансии.

Прави ги промените постепено. Направи листа со трошоците кои може да се ограничат и на прво време одбери ги само оние со кои навистина може лесно да се справиш. Постави си цел да заштедуваш минимални суми и постепено зголемувај.

Биди константен. Малите отстапувања не треба да те загрижуваат, секогаш враќај се на планот. Психолозите велат дека за да се утврди трајна навика, се потребни 21 дена. Значи одржувај го темпото и постепено ќе престанеш да се замислуваш при секојдневното управување со финансиите.

А еве и неколку конкретни примери кои може да почнеш да применуваш уште од денес:

Обедини ги кредитите

Ако имаш неколку кредити, веројатно веќе си утврдил дека нивното управување е тешко. Различни рати, најверојатно кон различни банки и финансиски друштва, со различен рок на достасување. Покрај тоа што е тешко да одвојувате пари за секој од нив, може лесно да заборавиш и да пропуштиш рок, а тоа сигурно ќе те чини поскапо отколку ако ги обединиш твоите долгови.

Тоа значително ќе ти ги намали грижите, ќе плаќаш само на едно место. И по принцип во иднина избегнувај да земаш по многу кредити одеднаш, кои можат да те стават во кредитна спирала и да ја влошат твојата кредитна историја со задоцнувањето и неплаќањето.

Оптимизирај ги сметките

Можеш ли да ги промениш плановите на телефонот, телевизијата, интернетот со по поволни? Ако можеш промени ги. Дали плаќаш претплати кои не ги користиш, „за во случај да ти затребаат“? Тешко дека инвестицијата си заслужува, ако ги користиш еднаш на неколку месеци. Дали си направил сè за да затедиш на сметките за домаќинството? Апарати кои штедат енергија, промена во навиките за потрошувачката на вода? Време е и за тоа. Разгледај ги овие т.н."фиксни" сметки во месечните трошоци и, каде што е возможно, направи што е потребно, за да ги ограничиш.

Купувања на рати

Купување на предмети и производи на рати може да биде меч со две острици и за тоа е важно секогаш добро да преценувате, дали навистина е задолжително да купувате и каков начин на плаќање да изберете. Од една страна опцијата за лизинг е одлична можност, кога е важно да го добиете саканиот предмет. Од друга страна, токму тоа е пресудниот момент, психолошки се подведуваме да купуваме излишни работи кои се неусогласени со нашите можности и тоа често во најнеповолен момент. Значи, кога следниот пат ќе посакате да го имате оној убав нов телефон, запрашајте се две работи:

  • Дали навистина ми треба ?
  • Дали ми треба токму сега?

И како што стана збор за телефони и друга опрема, кои се обврзани со нов договор за мобилен план или други пропратни трикови ... размислете дали во вашиот конкретен случај не е подобро да заштедите пари или да земете кредит. Ако и без тоа сакате да го промените вашиот план, јасно е дека изборот најверојатно е правилен. Ако сепак тоа непредвидено ја зголеми месечната сметка имате и други опции. Како што е "Кредит до плата" на Credissimo кој е бескаматен за секој прв кредит, или "Credissimo плус", кој веќе е до 40000 денари и можност за плаќање до 15 месеци.

Емоционално трошење и великодушност

Овој тип екстра трошоци се најнеприметните и најнепријатните при крајната пресметка. Ако си од луѓето кои едноставно не можат да издржат да не купуваат или купуваат, за да си обезбедат радосни емоции, сигурно тоа веќе си го искусил. Како и тоа ако си од оние толку добри приятели кои даваат пари на заем, а потоа самите тие живеат оскудно до крајот на месецот, а парите си ги добиваат назад со огромно задоцнување или пак никогаш (да, има и такви "пријатели").

Побарај пријатни активности и забава, кои не ти ги олеснуваат џебовите. Забрани си да купуваш нешто штом го видиш, а да го оставаш за утре - дотогаш најверојатно ќе си се откажал. И научи се да велиш "Не" дури и на блиски луѓе. Се разбира и на себеси.



Врати се назад

Прочитај повеќе