Подготви го своето дете за новата учебна година

Подготви го своето дете за новата учебна година

Последните недели од летото се пред нас, а новата учебна година само што не започнала. Некои од нас едвај чекаат децата да се вратат во училиште,  а некои, пак, се плашат од обврските што допрва доаѓаат. Без разлика во која група луѓе спаѓаш, една работа е задолжителна, а тоа е подготовка на децата за новата учебна година. Иако сега ти изгледа рано за подготовка, ова се неколку работи што нема да ти одземат време, а ќе ти помогнат на тебе и на твоето дете полесно да влезете во новата учебна година.

Разговарај почесто за претстојната учебна година

Крајот на распустот и летото може да биде проследен со малку меланхолично чувство кај дечињата, па затоа обиди се да го смениш носталгичното расположение во возбуда за новите искуства кои ќе ги донесе учебната година. Разговарајте за тоа кои предмети со нетрпение ги очекува и од кои нови предмети се плаши. Потсети го за повторната дружба со неговите омилени соученици и новите авантури што го очекуваат.

Поднови го со нов училиштен прибор

Децата искрено се радуваат на новите нешта, па затоа дозволи му на своето дете само да го избере новото ранче и новите шарени тетратки што му се допаѓаат. Оваа подготовка ќе претставува вистинска забава и дефинитивно ќе разбуди насмевка на неговото лице. На овој начин, учењето, педантноста и одговорноста нема да му претставуваат тешкотија, туку напротив, ќе му биде задоволство да ги искористи новите шарени предмети.

Менување на секојдневната рутина

Спиење до доцна, играње надвор, одење на одмор со семејството и гледање филмови, има ли поубав период од летниот распуст? Почетокот на новата учебна година може да претставува шок во секојдневната рутина на детето бидејќи ќе мора опуштеноста и летното хоби да ги замени со одговорност и редовно учење, а дефинитивно најмногу ќе му недостига долгото спиење без аларм. Поттикни го своето дете да си легнува малку порано за да може полесно да се навикне на станувањето рано за на училиште.

Родителската поддршка е најважна

Почетокот на новата учебна година често може да предизвика анксиозност кај учениците бидејќи мора да се приспособат на новите услови, навики, а можеби и на новата средина, нови предмети и соученици. Во вакви моменти, на детето му е потребен разговор, поддршка и совет за да се чувствува охрабрено и смирено.

Образованието на децата и подготовката за училиште носи со себе навистина големи трошоци, но со Credissimo не мораш да се грижиш за ова! Секогаш за тебе се тука Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци и Credissimo плус до 80.000 денари, кои ќе ти помогнат тогаш кога најмногу ти треба!



Врати се назад

Прочитај повеќе