Посети некој од најголемите забавни паркови на вода
Аква-парковите претставуваат едно од омилените места за забава на луѓето, пред се затоа што токму таму и децата и возрасните можат да уживаат во водените лудории и да ја почувствуваат возбудата и адреналинот низ пуштањето на бројните тобогани.
Токму затоа, во продолжение разгледај само дел од најдобрите аква-паркови ширум светот, каде што секоја посета е загарантирано незаборавно искуство!
Ако сакаш одлична релаксација, одмор и добра забава, тогаш водените паркови се твојот вистински избор. Ова се местата каде можеш да го почуствуваш адреналинот, но и да се потсетиш на времето кога беше дете.
Schiltterbahn во Тексас, САД
Ова е најголемиот воден парк во Тексас. Во него се наоѓаат многу интересни тобогани. Тука забавата е гарантирана, единствено ќе треба да се помачиш околу првичната одлука од кој тобоган за прв пат да се забавуваш.
Noah’s Ark во Висконсин, САД
Ова е еден од најголемите водени паркови во САД. Се простира на 70 хектари и има повеќе од 60 тобогани. Тука се наоѓаат два базени со бранови, четири одделенија за деца, две реки и еден базен лагуна. Најпопуларен тобоган е Time Warp, кој има пад од 70 метри.
Water World Waterpark. Агија Напа, Кипар
Агија Напа (Ayia Napa) е летувалиште на Кипар, град со убави плажи кои привлекуваат илјадници туристи секоја година.
Исто така, ова место стана дестинација за семејни одмори, не само поради плажите, туку и поради аква-паркот Water World Waterpark. Тоа е единствениот тематски парк во земјата, за кој се вели дека е и најголемиот во цела Европа.
Водните паркови дефинитивно не се само за деца и возрасните може уште повеќе да се забавуваат на сите тобогани и активности кои се нудат.
Wet ’N’ Wild во Сиднеј, Австралија
За разлика од повеќето водени паркови ширум светот, овој парк во Австралија е отворен во текот на целата година. Највозбудливите возења тука се со Торнадо, возење за четворица низ тобоган и Црна дупка.
Sandcastle Waterpark во Блекпул, Велика Британија
Ова е најголемиот затворен воден парк во Велика Британија. Ако сакаш тука да минеш еден ден, тогаш имаш можност да се забавуваш на многубројните тобогани, мрзливата река, брановидните машини, но и на тобоганот Masterblaster кој се смета за најголем тобоган во светот.
Водните паркови дефинитивно не се само за деца и возрасните може уште повеќе да се забавуваат на сите тобогани и активности кои се нудат.
И ти и твоите деца можете да имате неверојатно искуство и уште по неверојатна забава доколку посетите некои од овие светски најдобри паркови на вода. Можеш да одиш и со пријателите без никаков проблем и никакви обврски, а децата нека одат некој нареден пат.
Потребна е само желба и се разбира, доколку ти се потребни дополнителни средства аплицирај за „Credissimo Плус" до 80.000 ден. Или ако си веќе финансиски спремен и ти треба само плус пари во џеб, аплицирај за„Credissimo до плата" и земи го 1-от и секој 5-ти кредит во износ до 20.000 денари без камата со рок на враќање до 30 дена!
Забавувај се, пливај и уживај!