Топ 3 места во Македонија за есенска прошетка

ОД Credissimo МК | 16.09.2021
Топ 3 места во Македонија за есенска прошетка

Дали можеби си размислувал да посетиш некоја дестинација во Мaкeдонија оваа есен? Нашата земја е популарна по големиот број живописни места со прекрасна природа и национални паркови, а големиот број езера, планини и мали автентични села сигурно ќе го направат твоето патување незаборавно.

Погледни дел од местата во Македонија кои заслужуваат да ги видиш уште веднаш.

Галичник

Галичник

Селото Галичник е познато како „македонскиот дијамант“! Сместено на падините на планината Бистра, препознатливо по својата автентична архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи, селото Галичник се вбројува меѓу најатрактивните дестинации во Македонија.

За време на посетата на ова мало селце можеш да уживаш во изобилството на природа и долги прошетки низ планината, да ги посетиш црквите и музеите и да се запознаеш со традицијата. За време на долгата прошетка можеш да се освежиш со студена, чиста изворска вода на една од многуте чешми.

За време на престојот во Галичник, задолжително посети ги и куќите во кои дел од својот живот поминале познатите македонски преродбеници како Ѓорѓија Пулевски, Партенија Зографски, Панајот Гиноски и др.

Додека си таму, задолжително треба да вкусиш од неверојатните галички специјалитети како галичко овчо сирење или кашкавал, традиционално печено јагнешко месо, грне во фурна и уште многу други.

Доколку си тип кој бара и малку авантура, постои можност да закажеш тура со јавање коњи низ селото.

Берово

Доколку имаш потреба да го зајакнеш твојот имунитет и буквално да се чувствуваш како прероден, тогаш Берово е местото што треба да го посетиш. Овој град е најголемата природна воздушна бања кај нас. Според последните истражувања, Берово и околината располагаат со најголема концентрација на кислород во воздухот на Балканот.

Истовремено овој град нуди недопрена природа, во која со часови можеш да шеташ, да возиш велосипед или едноставно да се рекреираш.

Воедно, ова е и место на кое ќе бидеш пречекан од најпријатните и најуслужливите домаќини, кои ги подготвуваат прочуените малешевски специјалитети. Сигурни сме дека веќе си слушнал за беровското сирење и компир, најдобриот природен мед, познатата малешевска ракија или деликатесот – слатко од шумски плодови.

Маврово

Маврово

Оваа листа не би била целосна без најголемиот Национален парк во Македонија – Маврово. Ова селце има посебна убавина, буквално во секој период од годината. Секако ќе дадеме предност на есента која во Маврово е вистинска магија. Уште во првиот миг кога ќе пристигнеш тука, твоите очи и душа ќе бидат исполнети со мир и спокој. Жолтите, портокалови и црвени нијанси создадени од природата, дефинитивно ќе те фасцинираат. Доколку се одлучиш да го посетиш ова место, испланирај повеќе слободни денови, за сите активности:
- возење велосипед околу езерото,
- планинарење,
- возење кајак,
- риболов, посета на бачилото.
Тоа се само дел од активностите. Посети ја старата црква „Свети Никола“, која е популарна по тоа што летно време се наоѓа на суво, а во зимскиот период до половина е потопена во езерото.

Одбери ја најдобрата дестинација за тебе, набави си добар уред за фотографирање на овие убавини и уживај во природата. А доколку имаш потреба од дополнителни финансиски средства, Credissimo ќе биде со тебе за да ти помогне да ги реализираш твоите планови. 

Дали можеби си размислувал да посетиш некоја дестинација во Мaкeдонија оваа есен? Нашата земја е популарна по големиот број живописни места со прекрасна природа и национални паркови, а големиот број езера, планини и мали автентични села сигурно ќе го направат твоето патување незаборавно.

 

 

Назад

Mëso më shumë

Me shfrytëzimin e ueb-faqes për kredi të shpejta credissimo.mk, ju i pranoni kushtet për 'cookies' nga ana jonë. Me ato ne e përmirësojmë cilësinë e shërbimeve tona.