Рефинансирање на кредит

Рефинансирање на кредит

Забрзаниот начин на живот и целосно дигиталниот свет во кој живееме е многу различен од тој на претходните генерации. Тоа има големо влијание врз нашите навики и начин на однесување во светот во кој постоиме.

Опкружени сме со соврмени уреди и технологии кои што ни даваат можности да бидеме во чекор со времето. За да си го овозможиме модерниот начин на живот, користиме нови начини за придобивање на потребните работи.

Дигитализацијата во современото општество и можноста се што посакаме да имаме со брзината на светлината, доведоа до тоа да сакаме да имаме се и истото да го имаме сега во моментот.

За разлика од претходно, сега е повеќе од возможно тоа што ќе го видиме на интернет, во истиот момент ако посакаме да го имаме, да си го купиме.

Разгледуваме, купуваме и плаќаме онлајн. И не само тоа. Ако немаме можност да го купиме и платиме посакуваното, наоѓаме и онлајн решенија како да го направиме тоа. Пример за тоа е аплицирањето за брз кредит. Наоѓањето на онлајн решение за постигнување на моментални цели и реализирање на тековни замисли стана повеќе од секојдневие. Сето тоа, доведе до земање на најразлични кредити.

Земаме кредит до плата за да покриеме непредвиден трошок, земаме кредит на рати за да направиме ремонт, земаме друг кредит за стока на исплата после ремонтот. Со цел отплата на кредитите извршуваме уплата на ратите исто така онлајн.

Но, пополнувањето на повеќе уплатници наеднаш е долг и здодевен процес. Најверојатно секој од нас на крајот од месецот се запрашал како може да го избегне овој дел или да го направи процесот поедноставен.

Решението е едноставно. Ако се наогаш во финансиска непогодност и сакаш да имаш  поголема контрола над долговите и навремена уплата на твоите кредити, ние ти препорачуваме да ги обединиш сите твои финансиски долгови во еден. 

Предностите на рефинансирањето на кредитите, т.е обединувањето на долговите во еден поголем кредит се многу. Ти набројуваме дел од нив:

  • Подобра организација на личните финансии;
  • Наместо неколку кредити, ќе имаш еден кредит;
  • Наместо да имаш неколку рати за уплата, ќе плаќаш само една рата;
  • Освен помали кредити можеш да обединиш и други моментални долгови;
  • При рефинансирањето на сите долгови со еден, ги покриваш сите долгови и сумата што останува ја користиш за други лични цели;
  • Ратата можеш да ја уплатиш електронски, на една уплатница, целосно онлајн т.е. без да излегуваш од дома.

Обединувањето на долговите може да вклучува повеќе видови на кредити и долгови:

  • Помали кредити во други финансиски друштва;
  • Дозволено пречекорување на плата;
  • Кредитни картички;
  • Неплатени сметки за струја, вода, телефон, интернет;
  • Лизинг;
  • Други моментални долгови.

Процедурата за обединување на сите долгови е многу едноставна. Потребно е да пополниш барање за кредит со износот што ти е потребен за да ги исплатиш сите долгови. Го испраќаш барањето за кредит, ние правиме проценка на твојата кредитоспособност и за брзо време добиваш одговор. Освен лична карта, не се бараат други дополнителни документи како потврди за сумите што ги должиш на други места и сл. При одобрување, ја добиваш потребната сума на твојата трансакциска сметка и започнуваш да си ги распределуваш средствата за соодветните уплати на долговите во другите институции каде што треба да ги подмириш долговите.

Испраќањето на апликација за обединување на долговите е целосно онлајн. Доколку имаш потреба и сакаш да аплицираш за ваков кредит, направи го тоа веднаш, Credissimo е тука за тебе. Брзо, многу едноставно и онлајн, без посета на канцеларии и дополнителни документи. 



Врати се назад

Прочитај повеќе