Политика за приватност

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА КРЕДИСИМО

ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст КРЕДИСИМО) е посветен на заштита на личните податоци на своите клиенти и нивната приватност претставува највисок приоритет на друштвото.

Со оваа политика за приватност се уредува начинот на кој КРЕДИСИМО ги собира, користи и чува (во понатамошиот текст „обработува“) личните податоци кои ги обезбедува од своите клиенти.

  1. ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ И КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
    • ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје со ЕМБС 7134185 („КРЕДИСИМО“, „Друштвото“ или „Контролор“) како контролор на личните податоци, е со регистрирано седиште и адреса на управување на Бул. Илинден 47/1-2, 1000 Скопје. Со нас можете да остварите контакт преку телефонот за контакт - 02 511 1010 или преку електронска пошта (e-mail) на следната адреса: support@credissimo.mk
  2. НАЧЕЛА ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
    1. Начело на законитост, правичност и транспарентност - КРЕДИСИМО ги обработува Вашите лични податоци во согласност со закон на транспарентен начин, во доволна мера и обем во поглед на целта за која се обработуваат. За нас е од огромно значењеда бидете информирани зошто и како ги спроведуваме овие процеси. За цели на директен маркетинг личните податоци се обработуваат само врз основа на Ваша експлицитна, информирана и недвосмислена согласност за обработка;
    2. Начело на минимален обем и ограничување на рокот на чување на податоците - КРЕДИСИМО собира лични податоци во минимален износ, кои се соодветни, релевантни, и ограничени за процеси кои се исклучиво неопходни за остварување на целите на обработката и за времето за кое се потребни;
    3. Начело на ограничување на целите - КРЕДИСИМО не ги користи Вашите лични податоци за цели различни од оние за кои се собрани, освен со Ваша согласност или во случаите изрично наведени во оваа политика;
    4. Начело на интегритет и доверливост - Вашите лични податоци се заштитени со технички и организациски безбедносни мерки преземени од КРЕДИСИМО со цел спречување на незаконска и неовластена обработка, губење, оштетување, и/или уништување на личните податоци.
  3. НАЧИН НА СОБИРАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

    Личните податоци примарно ги собираме на три начини:

    1. Кога личните податоци ги добиваме директно од Вас односно кога поднесувате барање за Договор за потрошувачки кредит, преку социјалните мрежи, по телефон, по пошта, е-пошта, во чат-бот или преку други средства и други канали за комуникација;
    2. Автоматски кога ја користите Веб страницата – www.credissimo.mk и нашите мобилни апликации;
    3. Кога ги добиваме овие податоци од трети лица, како Македонско кредитно биро, и/или Клириншка куќа КИБС АД Скопје (КИБС), и други државни органи.
  4. ВИДОВИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИ КРЕДИСИМО ГИ СОБИРА, ОБРАБОТУВА И ЧУВА

    IV.1 Лични податоци обезбедени од клиентите.

    1. При поднесување на барање за склучување Договор за потрошувачки кредит, при обезбедување податоци во врска со креирање и одржување на електронски профил во системот на КРЕДИСИМО, податоци при администрирање на склучен Договор за потрошувачки кредит, користејќи ја нашата Веб страница или мобилни апликации ;
    2. Кога не контактирате за нашите производи или услуги, вклучително и гласовно снимање на телефонските разговори иницирани од Вас;
    3. При учество во нашите промоции или анкети, коментари на профилите на КРЕДИСИМО на социјалните мрежи и слично.

    КРЕДИСИМО собира различни информации и лични податоци што Вие ни ги давате:

    Личните податоци и информации што ни ги давате вклучуваат:

    -име и презиме, ЕМБГ, број на лична карта, датум и место на издавање, важност, орган што ја издал, државјанство, постојана и моментална адреса, телефон, контакт е-пошта, потпис;

    -име и презиме и телефонски број на дополнителното лице за контакт наведено од вас, кое не е гарант, вклучително податоците добиени при нашата проверка, доколку таквите податоци се собрани во базата на податоци на поврзани лица; Корисникот на кредитот е должен да го информира дополнителното лице за контакт и да обезбеди негова согласност за ваквата обработка. дека неговите лични податоци ќе бидат користени со цел претходна проверка на кредитоспособноста на Корисникот на кредитот со оглед евентуалното потпишување на Договор за потрошувачки кредит и остварување на последователна врска односно прашања во врска со спроведувањето на договорот.

    -копија/слика од лична карта (предна и задна страна);

    -меѓународен пасош, податоци за државјанство;

    -име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефонски број и други податоци на вашиот полномошник, наведени во полномошното, во случај да овластите лице да ве застапува пред КРЕДИСИМО;

    -адреса за испорака на документи (во случај да е различна од онаа дадена во местото на живеење при склучувањето на договорот за потрошувачки кредит);

    - податоци за вид вработување, податоци за работодавецот, приходи од осигурување имотна состојба

    -единствен кориснички број креиран за идентификација на креирање на електронски профил на физичкото лице во системот на КРЕДИСИМО, како и еден за идентификација на конкретно поднесена апликација и/или склучен Договор за потрошувачки кредит;

    -информации за избраниот начин на исплата на кредитот од ваша страна, (банкарски трансфер, извршени и доспеани плаќања), број на банкарска сметка или други банкарски и платежни информации во врска со трансакции направени во корист на Друштвото;

    -податок дали лицето е носител на јавна функција и/или лице поврзано со носител на јавна функција во последните 12 месеци

    -гласовно снимање на телефонските разговори иницирани од вас или од операторот на националниот телефон на КРЕДИСИМО во врска со креирање на електронски профил на поединецот во системот КРЕДИСИМО и/или поднесување барање за кредит, администрирање на обврските од Договорот за потрошувачки кредит и други прашања;

    -електронска кореспонденција, вклучувајќи ја и онаа добиена на или испратена во или преку електронскиот профил на физичкото лице во системот на КРЕДИСИМО, разговори на чет и онлајн разговори, писма, жалби, барања, поплаки и/или барања со/од вас за отстранување проблеми и други повратни информации што ги добива КРЕДИСИМO

    -податоци за смрт на корисникот на кредит, податоци за членови на семејство/наследници

    -други информации што самостојно ги доставувате преку нашите контакт форми.

    IV.2 Лични податоци што ги собираме автоматски.

    Кога ја посетувате Веб страницата и ги користите нашите мобилни апликации, КРЕДИСИМО може автоматски да ги собира следните информации:

    1. Технички информации, вклучувајќи тип на уред, адреса на Интернет протокол (IP) и Интернет сервис провајдер (ISP) што се користат за поврзување на Вашиот уред на Интернет, информации за најавување, типови верзии на приклучок на прелистувачот, поставки за часовни зони, оперативен систем и платформа, резолуција на екранот, локација на уредите, вклучувајќи специфични географски локации, како што се GPS, Bluetooth или WiFi сигнали, кодирање и фонтови;
    2. Информации за вашата посета, вклучувајќи ги целосните URL-адреси, секвенцата на кликови до и од Веб страницата (вклучувајќи датум и време); производите што сте ги гледале или пребарувале; (на пр. HTML-страници, графика, итн.), време за одговор на страницата, грешки на Веб страницата, времетраење на посети на одредени страници, информации за интеракција со страници (како што се лизгање, кликнување и поместување на глувчето над одредени ставки) и методите што се користат за да стигнете и да излезете од страниците, датумот/времето и/или податоци за кликнувањата, содржината што ја гледате или со која комуницирате и кој било телефонски број што се користи за повикување на нашиот број за услуги за Корисници.

    IV.3 Лични податоци што ги добиваме од трети страни.

    Може да бараме информации од трети страни како што се Македонско кредитно биро, Клириншка куќа КИБС АД Скопје (КИБС) или друг државни органи во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и Регулативата 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот за заштита на физички лица во однос на обработката на личните податоци и за слободното движење на тие податоци. Кога е потребно, претходно ќе ја побараме и Вашата претходна согласност. Обезбедување на личните податоци од трети страни најчесто го вршиме за цели на:

    1. Проценка на Вашата кредитоспособност, проверка на Вашата финансиска состојба, минати и тековни обврски, типот на вработување, информации во соодветните регистри (вклучувајќи регистри кои содржат информации за приходите, кредитна историја, обврски кон трети лица, адреси, неважечки лични документи, измама, перење пари и финансирање на тероризам и политички застапени лица), агенции, финансиски институции и јавно достапни извори;
    2. Добивање информации, вклучително и лични податоци од банки, финансиски и платежни институции за Вашите трансакции направени во корист на Друштвото;
    3. Добивање информации, вклучително и лични податоци од други компании и деловни партнери КРЕДИСИМО, со кои соработуваме во промоции или анкети во кои учествувате;
    4. Добивање информации, што сте ги доставиле на кредитни посредници и на нашите деловни партнери кога аплицирате за услуги.
  5. ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

    КРЕДИСИМО обработува лични податоци примарно заради обработка на апликации за склучување Договор за потрошувачки кредит, како и за усогласување со барањата на важечката регулатива за идентификација и проценка на кредитната способност, за да обезбеди услуги за подобрување на производите и услугите.

    При склучување на Договор за потрошувачки кредит, КРЕДИСИМО ги обработува Вашите податоци со цел да ја администрира неговата имплементација, вклучително и со цел да го обезбеди износот на кредитот. Ние ги користиме личните податоци особено за следните цели:

    1. Да ги исполниме законските обврски со идентификување и потврдување на Вашиот идентитет;
    2. За да креираме електронски профил во системот на КРЕДИСИМО, преку кој можете да поднесете барање за склучување на Договор за потрошувачки кредит, добивате известувања, потврди за отплатен долг, копија од кредитна документација и слично;
    3. Со цел да се обработат Вашите барања за склучување Договори за потрошувачки кредит и да Ви се обезбедат услуги;
    4. Да ги исполниме законските обврски за проценка на Вашата кредитна способност пред да склучиме Договор за потрошувачки кредит;
    5. Со цел исполнување на законските обврски за идентификување и спречување на перење пари, финансирање тероризам, измами и други криминални активности. Ова вклучува подготовка, одржување, ажурирање и чување на податоците „Запознајте го вашиот клиент“, проверки на ризик, следење и известување за трансакциите по потреба;
    6. За исполнување на регулаторните обврски од Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам, Закон за кредитно биро;
    7. За да Ве контактираме во рамките на преддоговорни или договорни односи;
    8. За администрирање на имплементацијата на Договорот за потрошувачки кредит, доколку таков е склучен, да се обезбеди износот на кредитот, да се обезбеди комуникација и слично;
    9. За да управуваме и подобриме квалитетот на Веб страницата, нејзината безбедност и да гарантираме, дека нејзината содржина е прикажана на вашиот уред на правилен начин;
    10. Да ги рекламираме производите и услугите на КРЕДИСИМО, да овозможиме учество во нашата Програма за лојалност со ваша изречна согласност, така што ќе можеме да се рекламираме преку Веб страницата, по пошта, е-пошта, телефон, СМС или друг канал за комуникација како и учество во наградните игри кои ги организираме;
    11. Подобрување на квалитетот на дадените услуги преку обука и евалуација на вработените во КРЕДИСИМО;
    12. За цели на наплата на долгови Вашите лични податоци може да ги доставиме до овластени агенции за наплата на побарувања кои ја водат постапката за доспеани долгови кои ги имате кон КРЕДИСИМО.
    13. Спречување измама, проценка на кредитната способност, за докажување на исполнувањето на законските обврски од Договорот за потрошувачки кредит.

    Ние, исто така, ги обработуваме личните податоци во поглед на нашите легитимни интереси, освен кога Вашите интереси и права имаат предност над легитимните интереси на КРЕДИСИМО. Овие легитимни интереси вклучуваат обезбедување комуникација преку различни канали, подобрување на квалитетот на нашите комуникации и интеракции со Клиентите, мерење, анализа и разбирање на ефективноста на комуникацијата и маркетингот, подготовка и продажба на побарувања согласно Договори за потрошувачки кредит, безбедносни подобрувања и функционалност на Веб страницата , итн.

  6. ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

    Цел за обработка

    Правен основ

    Обработка на апликација и склучување договор за потрошувачки кредит

    - обработката е потребна за исполнување на договор за кредит каде субјектот на лични податоци е договорна страна

    Идентификација на клиент

    -Закон за спречување перење на пари и финансирање на тероризам

    Евалуација на кредитна способност, историја и приходи

    -Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити; Закон за кредитно биро

    - Ваша согласност за обезбедување на податоци од трети страни (Македонско Кредитно Биро);

    Маркетинг и промотивни активности (Програма за лојалност и наградни игри)

    - Ваша експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг;

    Комуникација и корисничка услуга, телефонско снимање на разговори

    -легитимен интерес на Кредисимо;

    Одбрана на правни интереси, вклучувајќи наплата на долгови

    - легитимен интерес на Кредисимо да ги одбрани своите правни интереси, да спречи измама или обид за измама, да продолжи со наплата на долгови, да побарува долгови, да ги реши сите спорови и да покрене и спроведеме правни постапки;

    Анализа и подобрување на услуги на КРЕДИСИМО пркеу телефонско снимање

    -легитимен интерес да ги анализираме и подобриме нашите Услуги;

  7. ПРОФИЛИРАЊЕ И АВТОМАТСКО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ

    При обработка на лични податоци КРЕДИСИМО врши и профилирањето на Клиентите според одредени параметри, како што се економската состојба, кредитна историја, со цел да ја процениме Вашата кредитна способност и ризици, да ја процениме способноста да ви ги обезбедиме нашите Услуги, да го одредиме максималниот износ на кредитот, да го процениме и спречиме ризикот од измама и да ја исполниме нашата обврска да се усогласиме со правила за спречување на перење на пари и финансирање тероризам.

    Меѓутоа, КРЕДИСИМО не врши целосно автоматизирано донесување на одлуки кое вклучува профилирање за да ја администрираме вашата апликација за кредит и исполниме договорните обврски со вас.

    Ние може да користиме автоматизирано донесување одлуки и профилирање за да Ви понудиме посоодветна услуга и маркетинг понуди, учество во нашата Програма за лојалност базирани на анализа на вашето претходно користење на нашите продукти и услуги, преференци и интереси, а врз основа на ваша изречна согласност.

  8. СПОДЕЛУВАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

    Вашите лични податоци може да ги дадеме на користење на одредени категории на трети страни со цел да Ви понудиме квалитетна, брза и сеопфатна услуга, за да развиеме нови производи и услуги, за да ја провериме Вашата кредитна способност и да го процениме ризикот, со цел да се наплатат побарувањата, како и да се исполнат соодветните регулаторни барања. Можеме да ги доставиме Вашите лични податоци на КРЕДИСИМО ЕАД, Бугарија за внатрешни административни цели, како и на трети страни за исполнување на прифатените обврски од Договорот за потрошувачки кредит со Вас. Конкретно, можеме да ги обезбедиме Вашите лични податоци на лица кои:

    • обезбедуваат услуги во наше име за да го идентификуваме и потврдиме Вашиот идентитет;

    • ги поддржуваат нашите деловни активности како што се хостирање и развој на Веб страницата, развој и одржување на информациски системи;

    • ги поддржуваат нашите активности преку проценка на ризиците и откривање на измами, спречување на перење пари и финансирање тероризам;

    • обезбедуваат поштенски услуги и достава, или други комуникациски услуги;

    • изготвуваат на Ваше барање, анализи за користење на нашите услуги, поддршка на нашите маркетинг активности (рекламни агенции, агенции за односи со јавноста, компании за истражување итн.);

    • обезбедуваат други услуги со цел да го подобриме нашиот бизнис, квалитетот на нашите производи и услуги, како и за исполнување на нашите обврски според законот или според Договорот за потрошувачки кредит.

    Може да обезбедиме лични податоци и на трети страни во следниве случаи:

    • за целите на идентификување, истражување и спречување на активности за перење пари и финансирање тероризам, како што е Управата за финансиско разузнавање;
    • за целите на истражување и спречување на измама и за помош во намалувањето на кредитниот ризик;
    • во секое време кога сме законски обврзани да откриеме информации за вашето користење на нашите услуги и Вашите посети на нашата веб-страница, со цел почитување на законот, кога сметаме дека откривањето е неопходно за заштита на нашите права, за заштита на Вашата безбедност или безбедноста на другите, за спречување и откривање на измама или за да одговориме на барањата од државните органи како Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, суд, инспекциски органи, Агенцијата за заштита на личните податоци;
    • во случај на неисполнување или лошо исполнување на обврските за отплата на износите според Договорот за потрошувачки кредит, можеме да ги пренесеме податоците за Вашите неподмирени обврски на Македонско кредитно биро, до давателите на услуги за наплата на долгови, даватели на адвокатски услуги, јавни институции како Нотар, Извршител или организација за заштита на правата на потрошувачите;
    • при обработка и наплата на директни задолжувања или други плаќања според Договорот за потрошувачки кредит, за кои исто така можеме да споделуваме лични податоци со трети лица - даватели кои обработуваат платежни услуги;
    • за да ја подобриме и оптимизираме нашата Веб страница, можеме да ги споделиме Вашите лични податоци со аналитичари и добавувачи на машини за пребарување;
    • при пренос или засновање залог на залог на побарувањата на КРЕДИСИМО

    Вашите лични податоци не ги даваме на трети лица додека не бидеме сигурни дека се преземени технички и организациски мерки за заштита на податоците и вршиме строга контрола врз спроведувањето на оваа цел. Во овој случај, ние остануваме одговорен Контролор за доверливоста и безбедноста на Вашите податоци.

    КРЕДИСИМО врши пренос на личните податоци во КРЕДИСИМО ЕАД, со ЕМБС 175330437, со регистрирано седиште на Бул. „Витоша“ бр. 146, Бизнис центар „Бугарија“, зграда А, кат 4, 1463 Софија, Република Бугарија со кој има склучен договор за заедничка обработка на лични податоци.

    Личните податоци може да се обработуваат односно податоците што ги пренесуваме (вклучувајќи ги и складираните) може да бидат споделени со давателите на услуги на места надвор од Европската Унија и Европскиот економски простор. Ова може да вклучува процеси како што се собирање податоци за користењето на Веб страницата, услуги поврзани со маркетинг, помош за потребата од услуга или производ или друго. КРЕДИСИМО ги презема сите разумни чекори за да ја осигура безбедноста на Вашите лични податоци. На пример, ние користиме договор со стандардни договорни клаузули на Европската комисија или Агенцијата за заштита на лични податоци за да се осигураме дека вашите податоци се заштитени.

  9. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

    КРЕДИСИМО, како динамична, високотехнолошко друштво и едно од најбрзо растечките FinTech (ФинТек) структури во небанкарскиот финансиски сектор, се потпира на модерна технологија и ги следи сите практики препорачани од меѓународни организации како што се IEEE, PCI DSS и ISO. Друштвото користи SSL сертификат, така што во Веб страницата се инкорпорирани најсовремените технологии во форма на 256-битна шифрирана конекција, со што се обезбедува безбедноста на Вашите лични податоци. Компјутерската мрежа на КРЕДИСИМО е изградена според препораките на PCI DSS. Информациските системи за обработка на податоци, вклучително и личните, се засноваат на редовно ревидиран софтвер. Заради целосно проследување и навремена реакција, одржуваат дневни записи (логови) со информации за секој пристап и извршени операции на личните податоци на КРЕДИСИМО. Креирањето на дневните записи (логовите) е целосно автоматизирано и е составен дел од обработката на податоците. КРЕДИСИМО, преку експлицитни внатрешни правила, има воспоставено технички и организациски мерки, изразени во услови и редослед за собирање, обработка и складирање личните податоци на своите Клиенти во хартиена или електронска форма, како и строги правила за реализација на контрола во поглед на нивното почитување, обезбедувајќи најсеопфатна заштита против несаканиот пристап.

  10. ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

    Вашите лични податоци ги чуваме за одреден временски период, утврден со важечката регулатива и соодветно на целите за кои се собрани.

    Вашите лични податоци дадени при аплицирање за потрошувачки кредит, кога не е склучен Договор за потрошувачки кредит, односно кога барањето за кредит е одбиено или откажано ќе се чуваат 1 година, почнувајќи од денот на одбивање/откажување на апликацијата за склучување на Договор за потрошувачки кредит.

    Ние, исто така, ги чуваме Вашите лични податоци согласно законската обврски или за проверка на кредитната способност и датотеките „Запознај го својот клиент“, со рок од 10 години (Закон за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам) од денот на последната трансакција или за сметководствени и даночни цели - обично 10 години од 1 јануари во годината што следи по годината на дадените лични податоци.

    Во секој случај личните податоци ги чуваме не подолго отколку што е разумно потребно, со оглед на целите за кои се собрани, обично за исполнување на нашите договорни обврски кон Вас, за спроведување на нашите легитимни интереси или како што се бара од законските периоди за складирање.

    Во случај на правен спор, постапка и/или барање од надлежен државен орган, КРЕДИСИМО може да ги чува Вашите податоци подолго од наведените временски рокови до конечното завршување на спорот или постапката пред сите инстанции.

    Вашите лични податоци обезбедени врз основа на согласност за маркетиншки цели (телефон и е-пошта), како и оние добиени и обработени врз основа на електронски профил активиран од корисникот во системот на КРЕДИСИМО се обработуваат и чуваат додека од вас не добиеме барање да бидат избришани и да не се користат за таа цел.

    Во случај согласноста за директен маркетинг да не биде повлечена, личните податоци ќе се чуваат за период не подоцна од 2 години од датумот на давање на согласноста, по што истата може да биде обновена.

  11. КОЛАЧИЊА

    Колачиња се мали текстуални датотеки што се складираат на Вашиот компјутер или мобилен уред кога ја посетувате Веб страницата. Тие собираат информации за начинот на користење на Веб страницата со цел подобрување на нејзината ефикасност и ни дозволуваат да ги складираме Вашите преференци за да не мора да ги внесувате секогаш кога ќе ја посетувате Веб страницата или кога ќе одите од една страница на друга.

    За да добиете повеќе информации за колачињата што ги користи нашата Веб страница, Ве молиме контактирајте со КРЕДИСИМО или посетете ја: https://credissimo.mk/mk/cookies.

  12. ПРАВА ВО ВРСКА СО ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

    Вие располагате со следните права во врска со обработката на Вашите лични податоци од страна на КРЕДИСИМO:

    1. Право на информирање - право да барате во секое време од КРЕДИСИМО информации за Вашите лични податоци обработени од страна на Друштвото, како и нивниот извор, корисници и категории на корисници на кои им се пренесени и целта на нивно чување;
    2. Право на пристап - право да добиете потврда дали КРЕДИСИМО ги обработува Вашите лични податоци, право на пристап до нив, како и информации за нивната обработка;
    3. Право на исправка - право да побарате од КРЕДИСИМО навремено да изврши исправка и/или да ги ажурира Вашите неточни лични податоци обработени од Друштвото;
    4. Право на бришење и “право да се биде заборавен“ - право да побарате КРЕДИСИМО да ги избрише или блокира Вашите лични податоци, чија обработка не е во согласност на Законот за заштита на личните податоци. Дел од правото „да бидеш заборавен“ е и обврската на КРЕДИСИМО да информира трети лица на кои им се откриени овие податоци за такво бришење или блокирање, освен кога тоа е невозможно и/или бара прекумерен напор;
    5. Право на ограничување на обработката - право да побарате од КРЕДИСИМО да ја ограничи обработката на Вашите лични податоци кога:
      • 5.1. ја оспорувате точноста на податоците за периодот во кој КРЕДИСИМО мора да ја провери нивната точност;
      • 5.2. обработката на Вашите лични податоци е без правна основа, но наместо КРЕДИСИМО да ги избрише, Вие сакате нивна ограничена обработка;
      • 5.3. сте поднеле приговор за обработка на Вашите лични податоци, во очекување на проверка дали основите на КРЕДИСИМО се законски.
    6. Право на преносливост на податоци - право да ги добиете Вашите лични податоци или истите да бидат пренесени на друг контролор доколку е тоа взоножнo, кои сте ги дале на КРЕДИСИМО во автоматизирана форма и кои се однесуваат на Вас, во структуриран и машинско читлив формат;
    7. Право на приговор - во секое време имате право да:
      • 7.1. приговарате за обработката на Вашите лични податоци од страна на КРЕДИСИМО доколку постои правна основа за тоа. Кога приговорот е основан, правото на КРЕДИСИМО да обработува лични податоци престанува;
      • 7.2. приговарате за обработка на Вашите лични податоци од страна на КРЕДИСИМО за целите на директниот маркетинг.
    8. Право да не бидете предмет на одлука заснована исклучиво на автоматизирана обработка, вклучително и профилирање - право да побарате човечка интервенција од КРЕДИСИМО при обработката на Вашите податоци, право да ја оспорите одлуката на Друштвото и право да ги искажете вашите ставови;
    9. Право на повлекување согласност - право да ја повлечете во секое време Вашата согласност за собирање, обработка и складирање на Вашите лични податоци од страна на КРЕДИСИМО, кога личните податоци се обработуваат врз основа на согласност (на пример за маркетинг цели).
    10. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката на личните податоци пред нивното повлекување, и нема да влијае на обработката на личните податоци од страна на КРЕДИСИМО во случаи кога Друштвото има друга правна основа за обработка - законска обврска да ги чува овие податоци.
    11. Право на жалба до надзорен орган - Во случај кога сметате, дека ги прекршуваме важечките прописи во врска со обработката на Вашите лични податоци, право да поднесете жалба до надзорниот орган: Агенција за заштита на личните податоци, со адреса: бул.„Гоце Делчев“бр. 18, зграда на МРТВ - кат 14, телефон 02/3230 635, е-пошта: info@privacy.mk. Повеќе за дејноста на Агенцијата можете да најдете на https://dzlp.mk/.
  13. ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА ОД ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

    1. За да ги остварите правата опишани погоре, треба да поднесете барање/апликација до КРЕДИСИМО, кое содржи најмалку податоци за: име, адреса, телефон и други податоци за идентификација, како што е бројот на договорот за потрошувачки кредит, доколку имате, опис на барањето, претпочитана форма за давање информации, потпис;
    2. Поднесувањето на барањето/апликацијата е бесплатно. Можете да изберете дали да го испратите до КРЕДИСИМО на адресата на Друштвото: бул. Илинден бр.47 - 1/2 ,1000 Скопје лично или преку овластено лице, како и до нашиот Oфицер за заштита на личните податоци на следната адреса е-пошта: dpo@credissimo.mk или телефон: 025111010.
    3. Во случај на смрт на Клиентот, неговите права ги остваруваат наследниците, така што кон барањето/апликацијата се приложува решение за наследници.
    4. Рокот за разгледување на барањето/апликацијата и одлучување по истото е 30 дена, кој рок може да се продолжи за уште 30 дена;
    5. КРЕДИСИМО ќе подготви писмен одговор и ќе Ви го соопшти лично - со потпис или со испраќање до Вас преку курирска фирма со повратна потврда, земајќи ја предвид Вашата претпочитана форма на доставување на информации;
    6. Кога податоците не постојат или нивното обезбедување е забрането со закон, ќе Ви биде откажан пристапот до нив;

    Оваа политика е донесена со Одлука на управителот на КРЕДИСИМО и со последно ажурирање од април 2022 година, на кој датум истата е објавена на веб-страницата на КРЕДИСИМО.

Me shfrytëzimin e ueb-faqes për kredi të shpejta credissimo.mk, ju i pranoni kushtet për 'cookies' nga ana jonë. Me ato ne e përmirësojmë cilësinë e shërbimeve tona.