ОПШТИ УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОМОЦИЈАТА „ORANGE DAYS“
1. Организатор на промоцијата
Организатор на промоцијата е Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје, со седиште на ул. Максим Горки бр. 11-1/4, Скопје, Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: „Организаторот“).
2. Период на траење на промоцијата
Промоцијата се организира и спроведува во периодот од 02.11.2026 година до 30.11.2026 година, вклучително.
Организаторот го задржува правото да го измени или да го прекине периодот на траење на промоцијата, во согласност со важечките законски прописи и овие Општи услови. Секоја промена ќе биде објавена преку официјалните комуникациски канали на Организаторот.
3. Услови за учество во промоцијата
Право на учество во промоцијата имаат физички лица кои поднесуваат барање за кредит и на кои претходно не им бил одобрен и исплатен кредит од Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје, под услов да ги исполнуваат и останатите критериуми за одобрување на кредитот.
Лицата кои претходно имале одобрен и исплатен кредит од Организаторот немаат право на користење на промотивната поволност, без оглед на тоа дали претходниот кредит е целосно отплатен.
Со користењето на промотивните услови, Кредитобарателот потврдува дека е запознаен со овие Општи услови и дека ги прифаќа условите за користење на промоцијата.
Кредитобарателот е должен да ги исполнува условите утврдени со овие Општи услови, како и важечките услови за кредитниот производ Плус.
4. Промотивна поволност
Во рамките на промоцијата „Orange Days“, Кредитобарателите кои ги исполнуваат условите утврдени со овие Општи услови можат да користат кредитен производ Плус во максимален износ до 200.000,00 денари (двесте илјади денари), со рок на отплата од 3 (три) месеци, со 0% камата и 0% трошоци, со примена на промотивен попуст.
Промотивната поволност опфаќа целосно ослободување од каматата и од вкупните трошоци за кредитот, вклучително и трошоците за доброволно избраните дополнителни услуги поврзани со кредитот, доколку таквите услуги се вклучени во конкретното кредитно барање.
Користењето на промоцијата не е условено со избор на доброволна дополнителна услуга. Кредитобарателот може да ја користи промотивната понуда и без избор на истата.
Промоцијата се применува под услов Кредитобарателот да ги исполнува критериумите за учество и да биде одобрено неговото кредитно барање согласно кредитната политка на ФД КРЕДИСИМО ДОО Скопје.
5. Ограничувања и примена на промотивниот код
Организаторот го задржува правото да не ги примени условите од промоцијата за конкретно кредитното барање, доколку утврди дека Кредитобарателот не ги исполнува условите за учество во промоцијата или дека постојат други пречки за одобрување на кредитот согласно важечките услови и законски прописи.
Доколку се утврди дека Кредитобарателот претходно имал одобрен и исплатен кредит од Организаторот, промотивните услови нема да се применат, а кредитното барање може да продолжи да се обработува согласно редовните услови за кредитниот производ Плус, без промотивната поволност, доколку Кредитобарателот се согласи со таквите услови.
Промотивниот код може да се користи исклучиво во рамките на промоцијата и на начин предвиден со овие Општи услови. Неговата примена не претставува гаранција за одобрување на кредитот.
Секое кредитно барање подлежи на редовна процена на кредитоспособноста и на исполнувањето на критериумите за одобрување на кредитот, согласно Кредитната политика на Организаторот и важечките услови за разгледување и одобрување на кредитните барања.
6. Измени и дополнувања на Општите услови
Организаторот го задржува правото да ги измени или дополни овие Општи услови, како и да ја измени или прекине промоцијата, доколку постојат оправдани причини за тоа и во согласност со важечките законски прописи.
Сите измени и дополнувања ќе бидат објавени преку официјалните комуникациски канали на Организаторот, со наведување на датумот од кој се применуваат.
Измените нема да влијаат врз правата што Кредитобарателите веќе ги стекнале врз основа на одобрена промотивна поволност, освен ако поинаку не е дозволено со важечките законски прописи.
7. Заштита на личните податоци
Обработката на личните податоци во врска со промоцијата се врши во согласност со важечките прописи за заштита на личните податоци и применливите известувања и правила за приватност на Организаторот.
8. Општи одредби
За сите прашања што не се уредени со овие Општи услови, се применуваат важечките општи услови за кредитниот производ Плус, кредитната документација и применливите законски прописи на Република Северна Македонија.
9. Завршни одредби
Со користењето на промотивните услови, Кредитобарателот потврдува дека е запознаен со овие Општи услови и дека ги прифаќа условите за користење на промоцијата.
Овие Општи услови стапуваат во сила на 30.10.2026 година, а се применуваат од 02.11.2026 година.