10 идеи за романтично изненадување за НЕА

10 идеи за романтично изненадување за НЕА

10 идеи за романтично изненадување за НЕА

Валентајн наближува, сѐ е со црвени срценца, ангелчиња и цветови. Тоа може да не е баш по твој вкус, но дури и да сакаш на 14ти февруари да го празнуваш Свети Трифун, жената до тебе нема да е многу среќна (дури и да не го признава тоа).

Кажано по друг начин:

Празникот е одличен момент за малку романтика и скоро секоја жена го очекува тоа. Може да да ви каже дека таа традиција е глупава. Може да аргументира дека љубовта не треба да се празнува само еден ден во годината (и ќе е во право!). Може да изгледа апатично настроена, но дојде ли Валентајн и не се случува ништо специјално, сметај дека си готов. Голема е веројатноста дека во замена за “ништо нема за подарок“ ќе добием караница која ќе ја помниш до крајот на животот. Така да не си ни помислувај да го пропуштиш празникот. Од друга страна доброто е,тоа што ако подготвуваш изненадување, може да го направиш по твој вкус. Ако не си фан на љубовните срциња и рози, не е неопходно тие да фигурираат негде.

Факт е дека не сѐ сите мажи непоправливи романтици, но тоа не значи дека тие не се способни да љубат. Ако сакаш да и го покажеш тоа на твојата понежна половина, ние ви спремивме малку помош со идеите за организација. Доброто е што можеш да искористиш не само една, туку неколку идеи (а зашто не и сите?)

Не го празнувајте Валентајн

Таа година празникот се паѓа во вторник, така да формално не треба да прославите точно на датата. Многу подобро би било да си го организирате целиот викенд. Во хотелите веќе се имаат погрижено за сѐ. Доволно е да избереш конректно место и со сигурност ќе имаат празнична понуда која ќе вклучува шампањ или вино, вечера на свеќи или масажа за двајца. Нормално, за да биде изненадување, не треба да кажуваш ништо. На пример, патувањето може да го маскираш како посета на роднини. Во првиот момент сигурно ќе добиеш критика, но потоа ќе те сакаат повеќе

Празнувај го Валентајн

Ова е ситуацијата ако партнерката сака романтика, срца и рози, и нормално самиот празник. Во тој случај независно од изненадувањето, треба да биде вклучено и: букет, бонбониера и кадифено мече. Ако самиот не си фан на такви романтични класики, таа сигурно нема да го очекува изненадувањето и сигурно ќе ја шокираш. Но всепак, разгледај ги и останатите точки за да бидеш сигурен дека ќе и се допадне изненадувањето.

Колаж од слики? Не, портрет!

Сигурно си заприметил некој од уметниците кои цртаат портери преку летото. Тие работат и преку целата година – можеш да побараш и некој на интернет. За да ти нацртаат слика не е потребна точна копија, само приближна слика и тие може да напрват соодветна карикатура или нешто во поп-арт стил. Само избери убава слика од двајцата и испрати му ја на уметникот.

Чат? Не, рачно напишани белешки!

Што правиш, кога во текот на денот ќе ти текне да и пишеш? И пишуваш на чат. Најверојатно нешто во стилот на “како си“, “што правиш“ или “што ќе јадеме вечер“. Во повеќето случаеви е доволно, само поради фактот дека ти текнало на неа. А замисли си, колку ќе ја изненадиш кога ќе најде рачно напишана белешка? Може да започнеш рано наутро, со белешка на ноќната масичка, на масичката, под шминката, под пастата за заби… После тоа скриј уште неколку во новчаникот, чантата, џебовите на алиштата… Пораките може да се со секакви и со различна содржина. Не е задолжително да се исклучиво оригинални, магијата е во пронаоѓањето на ливчињата, не толку во содржината. Колку повеќе – толку подобро.

Кафана? Не, води ја во театар.

Или пак кино, театар, часови по танц, стенд ап комедија, забавни игри… Всушност кажи и дека идете во кафана. Неочекуваниот пресверт ќе го направи празникот незаборавлив. Не заборавај: Жените обожаваат изненадувања независно од пригодата.

Масажа

Но не било каква, масажа за двајца. Има СПА центри, кои нудат таква услуга. Откако ќе завршите, погледнете ја точка 5 или продолжете со изненадување дома.

Доручек во кревет

ТТоа е за луѓето кои се со воља да станат ужасно рано во работен ден и да приготват нешто. Сепак е Валентајн и тој може да се празнува уште рано наутро. А и ако очекува нешто за празникот, сигурно ќе очекува изненадување вечерта. Романтичниот старт би го зголемил ефектот кон сите следни планови.

Направи вечера

Не можеш да готвиш? Идеално, почнувај одма! Нема ништо попрекрасно од тоа да покажеш дека си се потрудил за неа. Дури и ако не си од мажите кои сакаат да се вртат низ кујната, ќе успееш да се справиш со нешто лесно. Тука нема утка, како што кажавме важно е дека си се потрудил. Или пак ако нешто прегори, секогаш има план Б: Изненадување во ресторан.

Оствари и една желба

Девојка ти (или жена) сигурно има многу желби. Се разбира за повеќето луѓе невозможно е да подарат пат околу светот или куќа на море, но со сигурност има и некоја поскромна желба. Нешто што го сака одамна, но просто не стигнала да го купи. Таа желба обично е врзана со финансиски средства и ако неможеш да се снајдеш, сега е моментот да побараш помош од Кредисимо. Може да земеш помала сума со опцијата Кредисимо До Плата. Ако се стремиш за некоја поголема жеба, Кредисимо плус е одличен избор, при кој периодот на исплата и ратите си ги одредуваш сам.

Ти си подарокот

Не е тоа што мислиш. Претекни ја наутро и пречекај ја со букет на работа. Тоа е подобро отколку да испраќаш цвеќиња преку куриер. Или пак изненадно појави се за време на паузата за ручек и одведи ја во ресторан. Или пречекај ја на крајот од работниот ден и одведи ја на местото каде што сте биле на првиот состанок. На крајот на краиштата, ако не беше ти немаше да има за што да се празнува. За љубов се потребни двајца.



Врати се назад

Прочитај повеќе