Кредит на месечни рати со рок на отплата од 3 до 36 месеци
Репрезентативен пример:
Годишна каматна стапка е фиксна и непроменлива (9.00%) – 44 денари за секој 1 000 денари. За кредит од 30 000 денари со рок на отплата 6 месеци - каматата за наведениот период и износ е во висина од 791 денари, а вкупните административни трошоци и провизии се 4 014 денари (надоместоците се за наведениот период и износ). Вкупниот износ што треба да го плати Кредитокорисникот за нведениот рок и износ е 34 805 денари, a секоја месечна рата изнесува 5 801 денари. Максималниот размер на вкупните трошоци (СВТ) по кредит 'Credissimo плус' изнесува 71.50%. Личните податоци кои се потребни за аплицирање на кредит и кои ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје ги обработува ќе бидат пренесени/обработувани надвор од границите на Р. Северна Македонија во Европската Унија.
Првиот и секој следен кредит е со 0% камата и 0% трошоци, ако е вратен во грејс периодот.
Репрезентативен пример:
Годишна каматна стапка е фиксна и непроменлива (9.00%). За кредит од 6 000 денари со рок на отплата 15 дена - каматата за наведениот период и износ е во висина од 23 денари, а вкупните административни трошоци и провизии се 110 денари (надоместоците се за наведениот период и износ). Вкупниот износ што треба да го плати Кредитокорисникот за нведениот рок и износ е 6 133 денари.Максималниот размер на вкупните трошоци (СВТ) по кредит 'Credissimo до плата' изнесува 71.50%. Личните податоци кои се потребни за аплицирање на кредит и кои ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје ги обработува ќе бидат пренесени/обработувани надвор од границите на Р. Северна Македонија во Европската Унија.
Ги пополнуваш личните податоци и создаваш профил за кредитот брзо и лесно во неколку чекори.
Добиваш одговор за само неколку минути
По испраќањето на апликацијата, добиваш одговор веднаш! (по смс, на имејл или по телефон)
Ги добиваш парите веднаш
Одобрениот износ веднаш го добиваш на твојата трансакциска сметка
Услови за аплицирање:
За да аплицираш во Credissimo треба:
Да си полнолетен
Важечки личен документ
Наши клиенти
Prezadovolen sum.
Исклучителна љубезност, трпеливост, професионалност и човечност! Искрено ви посакувам најголеми професионални и лични успеси и напредок!
Credissimo плус е кредит до 200 000 денари со можност за рефинансирање на кредитот.
На секому му се случило да има потреба од одредена сума во некоја неочекувана ситуација. Ако имаш потреба од потрошувачки онлајн кредит довери нѝ се - ние даваме пари навреме!
Credissimo плус е кредит којшто е погоден за моментите во кои што имаш итна потреба од повисока сума и мислиш дека нема да можеш да вратиш еднoкратен кредит со целосно доспеан износ наеднаш. Отплатата на Credissimo плус e на неколку месечни рати кои што ги определуваш според твојот месечен буџет.
Овој кредит ти нуди опција за рефинансирање на тековниот кредит во Credissimo ако ги исполнуваш условите. Доколку ги плаќаш ратите на кредитот коректно и во рок, може да добиеш нов кредит пред да си го вратил целосно тековниот. При рефинансирањето, со одобрувањето на нов поголем износ земаш дополнителени средства кои што можеш да ги искористиш по собствена желба за она за што ти се потребни и ја подобруваш твојата кредитна историја кај нас, со тоа што навреме си ги подмируваш твоите обврски. Рефинансирањето на кредит е твојата шанса брзо и лесно да дојдеш до одредена сума на пари.
Со Credissimo плус до 200 000 ден. ти нудиме опција за обединување на повеќе кредити во еден. Ако имаш неколку кредити со цел редовна и навремена исплата и плаќање само една месечна рата, можеш да ја искористиш оваа можност и да ги обединиш твоите долгови во еден.
При редовна отплата на месечните рати, како дел од нашата Лојална програма добиваш попусти за секое следно аплицирање. Попустите се во зависност од тоа колку си редовен и коректен со отплатата на месечните рати.
Често поставувани прашања
Како се одредуваат месечните рати и каматата на Credissimo плус?
Месечните рати се одредуваат индивидуално според кредитната историја и приходите. Редовните и коректни клиенти на Credissimo добиваат дополнителни предности, бонуси и попусти од Лојалната програма.
Кои се роковите за враќање на кредитот?
Можеш да го вратиш кредитот на рати од 3 до максимум 36 месеци.
Дали навистина сè се случува целосно онлајн?
Да, пополнувањето и испраќањето на барањето за кредит, како и потпишувањето на договорот се вршат целосно онлајн; без трошоци за аплицирање и без потреба од посета на канцеларија. По одобрувањето, веднаш ја добиваш бараната сума.
Кои се чекорите при поднесување на барање онлајн?
Избираш износ и период на отплата
Го пополнуваш краткиот онлајн формулар
За неколку минути добиваш одговор за одобрување
По одобрувањето ќе ги добиеш парите преку банкарски трансфер
Може ли да добијам нов кредит, пред да го отплатам стариот?
Нудиме можност за рефинансирање. Ако ги плаќаш ратите коректно и во рок, може да добиеш нов кредит пред да го отплатиш тековниот.
Заштитени ли се моите лични податоци?
Гарантираме 100% заштита на твоите лични податоци. ФД Кредисимо ДОО Скопје е администратор на лични податоци, утврден од Агенцијата за заштита на личните податоци на Р Македонија.
Со цел безбедно пренесување на доверливи информации преку интернет, користиме SSL сертификат и најсовремена технологија за енкрипција на податоци.