Лични податоци

Твоите лични податоци се 100% заштитени. Ние од Credissimo вложуваме исклучителни грижи за да го заштитиме твојот интерес и да гарантираме спокојство.
  • Ние сме регистриран Контролор за лични податоци Компанијата е регистрирана како Контролор на лични податоци од Дирекцијата за заштита на личните податоци.
  • Имаме SSL сертификат Во сајтот се вградени најсовремените технологии под форма на 256-битна криптирана врска, која ги гарантира сигурноста и личните податоци.
  • Највисоко ниво на сигурност Просториите, во кои ги чуваме податоците, се строго заштитени. Нашите сервери се под 24 часовно набљудување.
  • 100% гаранција од нас Имаме инвестирано многу ресурси за да ја осигуриме полната заштита на твоите лични податоци. Немаме ниту еден регистриран случај на злоупотреба!

Достап до Вашите лични информации

Во врска со обработката на Вашите лични податоци, а согласно важечките закони и прописи имате право да добиете информациja за тоа, со писмено барање до ФД Кредисимо ДОО Скопje. Врз основа на добиеното барање, по потврдувањето на Вашиот идентитет и разгледување на барањето, ФД Кредисимо ДОО Скопje ќе Ве информира за бараните податоци на начин и во обем предвиден согласно важечкото законодавство.

Промена или бришење на лични податоци

Доколку е потребно, Вие имате право во секое време да ги изменувате, дополнувате или да ги избришете вашите лични податоци и да приговарате во врска обработката на податоците или да побарате преносливост истите. Во било кој од наведените случаи, Ве молиме контактирајте го ФД Кредисимо ДОО Скопје на е-маил: support@credissimo.mk или телефон: 02 511 1010.

ФД Кредисимо ДОО Скопje се обврзува да ги преземе неопходните мерки за корекција или бришење на невистинити во врска со Вашите лични податоци кои сте посочиле директно или преку достапните услуги. Сепак, ФК Кредисимо ДОО Скопје има право да го ограничи пристапот, да ги корегира или избрише личните податоци во согласност со барањата на важечките закони и прописи.

Времетраење на чување на личните податоци

ФД Кредисимо ДОО Скопје ги чува и обработува вашите лични податоци додека постои барем еден од следните случаи:

  • додека важат договорните обврски;
  • додека било која од договорните страни може да има легитимни интереси во согласност со важечките закони и прописи (на пример да поднесете жалба или да се започне постапка за присилна наплата);
  • додека една од договорните страни има законска обврска да ги чува податоците;
  • додека Вашата согласност за соодветната обработка на лични податоци е во сила, освен ако не постои друга правна основа за обработка на податоците.

По истекот на наведените рокови, вашите лични податоци ќе бидат избришани или анонимни.