Општествена одговорност

Credissimo за подобар живот

Преку нашата програма за општествени донации, секој месец издвојуваме дел од вредноста на отплатените кредити и го насочуваме кон општествено одговорни проекти.

од 2016 Година на првата донација
20+ Поддржани каузи
100% Транспарентно буџетирање
Како работи

Фондот собира средства од редовно исплатени кредити и ги насочува кон каузи со реален ефект

01

Клиент отплаќа кредит

Дел од секој редовно исплатен кредит се насочува кон фондот — без дополнителен трошок за клиентот.

02

Издвојуваме за фондот

Секој месец издвоениот дел од отплатените кредити се насочува во фондот за општествени проекти.

03

Транспарентен избор

Внимателно ги избираме каузите по јасни критериуми — потреба, доверливост и реален ефект.

04

Донираме на каузата

Средствата стигаат до организацијата, а резултатот го споделуваме јавно во секцијата „Општествени проекти“.

каде се насочуваат средствата

Четири категории на поддршка

Избираме проекти што создаваат конкретна и долгорочна вредност за луѓето, заедницата и средината во која живееме.

Деца и образование

Поддршка за првачиња, ученици и училишта, едукативни проекти за деца во целата држава. 

Здравје и инклузија

Проекти за превенција, подобра здравствена информираност и поголема вклученост на лицата со попреченост.

Животна средина и животни

Екоакции, зазеленување и поддршка на иницијативи за подобра грижа за животните.

Заедница

Хуманитарни и локални иницијативи што одговараат на реалните потреби на луѓето и создаваат позитивна промена.

Кого поддржуваме

Организации и иницијативи на кои веруваме

Секогаш биди број 1

Донација за првачиња и училишта

ДСУРЦ “Св. Наум Охридски“

Поддршка за ученици со попреченост

Здружение „Доза среќа“

Инклузија на лица со Даунов синдром

Здружение „Езра“

Поддршка за женското здравје

Ана Колеска

Јуниор шампион во латино танци

Зоолошка градина Скопје

Грижа и поддршка за животните

Листата ја ажурираме според тековните партнерства и поддржани проекти. Резултатите од нашите активности ги објавуваме во секцијата „Општествени проекти“.

Знаеш кауза што заслужува поддршка?

Предложи организација или иницијатива за нашиот општествен фонд. Секој предлог го разгледуваме според неговата цел, реалната потреба и очекуваниот ефект.

Credissimo App

Преземи бесплатно

Добиј специјални попусти, аплицирај побрзо, плаќај ги твоите рати уште полесно.

Credissimo app