За нас
Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје е динамична високотехнолошка компанија, која е меѓу најбрзо растечките FinTech /ФинТек/ структури во небанкарскиот финансиски сектор.
Како небанкарска финансиска институција, им обезбедуваме на нашите корисници брзи и лесни решенија при потреба од краткорочно финансирање.
Како високотехнолошка компанија, се стремиме постојано да разработуваме и интегрираме иновативни услуги кои се во чекор со неверојатно брзиот развој на дигиталниот свет.
Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје е пред се компанија ориентирана кон корисникот. Сите наши одлуки се во одговор на потребите и желбите на нашите корисници. Водени од желбата да бидеме максимално корисни и лесно достапни за секој корисник, понудивме потполно онлајн аплицирање за кредит како и одобрување за само неколку минути.
Нашата компанија активно работи за исполнување на утврдените добри практики во односите со корисниците и нивно наметнување како пазарна норма.
Брзо и флексибилно финансирање
За разлика од повеќето кредитори, кај нас ти сам го избираш износот кој сакаш да го земеш и рокот на отплата за кој што сакаш да го вратиш кредитот. Ние не те задолжуваме со земање на одобрен износ од кој што реално немаш потреба. Каматата се променува во зависоност од висината на износот за кој што аплицираш и рокот на отплатата. При пополнувањето на апликацијата можеш да правиш промени и да ги корегираш сумите се додека резултатот не те задоволува целосно.
Транспарентни и јасни услови
Условите се целосно транспарентни, јасни и достапни уште пред потпишување на договорот. Нема скриени такси и административни трошоци за кои што нема да бидеш информиран.
Дозвола
Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје, работи врз основа на Решение издадено од Министерот за финансии на Република Македонија бр.13-5945/7 од 30.06.2016 и е регистриран Контролор на лични податоци од Дирекцијата за заштита на лични податоци.
Краткорочни кредити
Кредитите што ги нудиме се краткорочни и флексибилни. Како клиент имаш можност за побараниот износ ти да си избереш рок на исплата и датум на доспевање на твојата месечна рата.
Целосно онлајн
Испраќањето на апликација за кредит и потпишувањето на договорот се целосно онлајн. Разполагаме со софтверска платформа со којашто можеме за кратко време да обработиме голем број апликации. Одобруваме коректни и одговорни клиенти за коишто сме сигурни дека ќе си го враќаат кредитот навреме.
При потреба од помош
Нашиот сајт (Credissimo.mk) нуди финансиски услуги со целосно транспарентни услови. Можеш да ги најдеш сите често поставувани прашања во врска со нашите кредити, а при дополнителна помош можеш да се јавиш во нашиот контактен центар.
Доверба
Секојдневно се стремиме да изградиме одговорни и коректни односи со сите клиенти. Се трудиме да ги задоволиме вашите финансиски потреби и да одговориме на нив максимално брзо. Како водечка финтек компанија ќе продолжиме да го постојано да го подобруваме процесот на работа.
5 наши постигнувања
Во Топ 100 Финтек компании на Европа
Со стабилен и перспективен реjтинг
за онлаjн кредити
задоволни клиенти
корисници на Credissimo
Информации за компанијата
Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје работи врз основа на Решение издадено од Министерот за финансии на Република Македонија бр.13-5945/7 од 30.06.2016 и е регистриран Контролор на лични податоци од Дирекцијата за заштита на лични податоци.
Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје, друштво со седиште и адреса на управување: гр. Скопје, ул. Максим Горки бр. 11/1-4 , ЕМБС 7134185, како Контролор на лични податоци, ве известува дека:
Обработува лични податоци во согласност на Законот за заштита на личните податоци, со оглед на вршење на дејноста при исполнување на постоечките нормативни барања. Обработувањето на податоците се врши преку електронски средства и рачно.
Личните податоци се обработуваат и користат од Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје со оглед на законското спроведување на дејноста при строго придржување кон барањата на Законот за заштита на личните податоци и можат да бидат пренесени на трети лица единствено и само под условите на Законот за заштита на личните податоци.
Бидејќи ниедно лице не е должно да воспоставува односи со Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје, обезбедувањето на лични податоци на Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје е доброволно. Во предвид на тоа дека Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје е должно да ги исполнува одредените нормативни барања, одбивањето да се достават лични податоци води до невозможност за спроведување на соодветните правни односи на лицето со Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје.
Секое физичко лице има право на пристап до личните податоци кои се однесуваат за него и кои се обработувани од Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје, како и да побара поправка на овие податоци. Тие права може да бидат искористени според одредениот од Законот за заштита на лични податоци (особено правата предвидени во член 11 и 12 од Законот за заштита на личните податоци) ред на адреса: гр.Скопје, ул. Максим Горки бр. 11/1-4 , како и во сите канцеларии на компанијата.
А ти одговорен ли си во земањето на брзи кредити?
Аплицирањето за брз кредит не е решение, коешто треба да го земеш брзо и под влијание на прибрзани реакции. Ние сме транспарентни, даваме целосна и јасна информација за условите на кредитот уште на самиот почеток и водени од тоа сакаме да имаме одговорни клиенти со кои што ќе градиме добри и долгорочни односи.
Многу е важно после земањето на одобрениот износ да ги почитуваш условите на договорот. Земањето на кредит е важно и сериозно решение, затоа те замолуваме да го правиш, само ако си сигурен дека ќе можеш да го вратиш кредитот навреме.