ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА КРЕДИТИ
І. ОПШТИ ОДРЕДБИ
- Општите услови, во понатамошниот текст ОУ, ги одредуваат општите правила под кои Финансиското Друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје со ЕМБС 7134185, со регистрирано седиште на Ул. Максим Горки бр.11/1-4 Скопје - Центар, телефон за контакт: 02/5111010, во понатамошниот текст “КРЕДИСИМО”, извршува дејност за одобрување на кредити на физички лица – Корисници на кредит, во понатамошниот текст „КРЕДИТОБАРАТЕЛ/И“, „КОРИСНИК”/ „КОРИСНИЦИ”.
- КРЕДИСИМО е финансиско друштво кое е основано врз основа на издадено РЕШЕНИЕ на
Министерот за финансии на Република Северна Македонија бр.13-5945/7 од 30.06.2016
- Општите Услови се составен дел од Договорите за Кредит, склучени меѓу КРЕДИСИМО и Корисниците на кредитите, и истите им стојат на располагање на сите заинтересирани лица, на веб страната на КРЕДИСИМО, со адреса:
https://credissimo.mk/credissimo_terms_and_conditions.pdf
- Кредитите, кои се одобруваат согласно овие ОУ, се одобруваат и исплаќаат од страна на КРЕДИСИМО во македонски денари и се враќаат од страна на Корисниците на кредитот во македонски денари (МКД).
- Сите рокови за целите на овие ОУ, Барањата за одобрување на кредитите и склучените
Договори, се пресметуваат користејќи календарска година со траење од 360 дена.
ІІ. ДЕФИНИЦИИ
- Насекаде во овие ОУ и во Договорите за кредит, склучени согласно одредбите на овие ОУ, следните зборови и изрази ќе го имаат опишаното значење овде , во еднина и множина, освен ако контекстот не претпоставува различно значење и доколку не е договорено нешто друго во Договорот или во дополнителните спогодби или Анекси кон него:
- ОУ или Општи услови - ќе ги означува сегашните Општи услови за одобрување на кредити, со кои се регулираат односите меѓу КРЕДИСИМО и Корисниците на кредит;
- Корисник на кредит - ќе го означува секое деловно способно физичко лице со постојано место на живеење на територијата на Република Северна Македонија, кое сака да склучи или има склучено Договор за кредит со КРЕДИСИМО, и има одобрен и исплатен Кредит од КРЕДИСИМО на неговата жиро сметка;
- Договор или Договор за кредит - ќе го означува склучениот договор меѓу КРЕДИСИМО и Корисникот на кредитот. Составен дел на Договорот за кредит се овие ОУ и одобреното од КРЕДИСИМО Барање, Преддоговорните информации, Прегледот на паричните текови за потребите на пресметката на СВТ. Во случај на контрадикторност меѓу наведените документи, истите ќе имаат приоритет со следниот редослед: (1) Договор за кредит; (2) Барање; (3) ОУ;
- Веб страна - ќе ја означува официјалната веб страна на КРЕДИСИМО: https://credissimo.mk;
- Кредит - ќе го означува секој исплатен од КРЕДИСИМО износ на парични средства врз основа на овие ОУ и Договорот склучен меѓу КРЕДИСИМО и Корисникот на кредит, како и долгот, настанат и формиран од и во врска со реализираната сума од главнината на паричните средства, вклучувајќи ги каматите за наплата, трошоците и др. плаќања согласно одредбите на Договорот и овие ОУ. Секој износ на име кредит одобрен и исплатен од КРЕДИСИМО на Кредитокорисникот ќе се смета за даден Кредит, освен ако не е експлицитно и писмено поинаку договорено помеѓу договорните страни;
- Камата - ќе ја означува договорената каматата меѓу КРЕДИСИМО и Корисникот на кредит за време на користење на Кредитот, а која важела во моментот на потпишување на Договорот за кредит;
- Казнена камата – на сите доспеани, а неплатени побарувања, освен на неплатената камата, ќе се пресметува законска казнена камата и ќе се наплати за целиот период од денот на доспевањето до денот на плаќањето;
- Револвинг период- ќе го означува утврдениот, фиксен временски период како времетраење во денови, за кој е одобрен Кредитот, по истекот на кој Корисникот на кредитот треба да го отплати кредитот. Секој Револвинг период ќе се продолжи по истекот на рокот за плаќање на ануитетот или целосно враќање на кредитот и ќе биде еднаков како времетраење со претходниот, освен ако поинаку не е договорено меѓу договорните страни. Бројот на Револвинг периодите е неограничен;
- Договорна казна за неисполнување на договорна обврска и продолжување на кредит – е договорна казна во фиксен износ која треба да се плати доколку Корисникот на кредит не го исполнил договорот за кредит, односно не го вратил кредитот со сите предвидени надоместоци и трошоци во износите и роковите како што е утврдено во договорот, при што оваа договорна казна се плаќа за секој нареден Револвинг период;
- Рата (ануитет) - ќе го означува износот од кредитот, вклучувајќи го доспеаниот дел од главнината, каматата и трошоците за одреден период, кој износ корисникот на кредитот ќе биде обврзан да го плати на одредената дата на доспевање во зависност од важечките услови на соодветниот Кредитен производ;
- Специфичен услов - ќе ги означува утврдените во овие Општи услови различни специфични услови и начини за аплицирање за кредит, за склучување на Договор за кредит, за реализација на кредит, за отплата на кредит или други, во зависност од износот на кредитот или од начините за настанување, исполнување и престанок на договорните односи меѓу КРЕДИСИМО и Корисникот на кредит. Такви услови ќе бидат следните, вклучувајќи и други кои не се наведени:
а/ Услов со план на отплата - ќе го означува условот, под кој ќе се врши отплатата на одобрениот Кредит од Корисникот на кредит врз основа на договорен Кредит план за отплата помеѓу страните во Договорот. Во овој случај отплатата на кредитот се изведува преку периодични рати за отплата, кои ги вклучуваат доспеаниот дел од главнината, Каматата и трошоците за соодветниот период;
б/ Услов со револвинг период - Во случај ако кредитот не е вратен во договорениот рок, истиот се продолжува по барање на клиентот за исто таков рок (Револвинг период) и соодветно се применуваат одредбите од Договорот, во согласност со Општите услови. Доколку Корисникот на кредит поднесе барање за продолжување на рокот за исполнување, Корисникот на кредит признава и прифаќа дека не го исполнил договорот за кредит, поради што е согласен да плати договорна казна за неисполнување на договорни обврски и продолжување на кредитот во фиксен износ, како и камата за кредитот и надомест за администрирање на кредитот.
- Кредитен производ - ги означува утврдените од КРЕДИСИМО поединечни и/или комбинации од различни специфични услови, износи, рокови и други услови, објавени на веб страната на КРЕДИСИМО и во овие Општи услови за секој поединечен Кредитен производ, одобрени на Корисниците на кредит. КРЕДИСИМО може да ги менува условите на кредитните производи. Корисникот на кредитот нема да има право да бара и да му се одобрува кредит под специфични услови, различни од оние, утврдени од КРЕДИСИМО за соодветните Кредитни производи;
- Траен носач - го означува секој носач, кој му овозможува на Корисникот на кредитот да ја зачува информацијата, испратена лично до него, кој го овозможува на лесен начин нејзиното користење за период од време, кој одговара на целите, за кои е наменета информацијата и кој овозможува идентична репродукција на зачуваната информација;
- Средство за комуникација од далечина - го означува секое средство, кое може да се користи за давање на услуги од далечина, без да постои истовремено физичко присуство на двете страни;
- Канцеларија - го означува секој трговски објект, користен од КРЕДИСИМО, во кој Корисникот на кредит ќе може да изврши една или повеќе од следниве дејности: да добие информација и/или консултација за условите на аплицирање, одобрување и користење на кредит; да аплицира за кредит; да склучи Договор за кредит; да изврши други активности согласно овие ОУ за кои експлицитно е наведено дека можат да бидат извршени во соодветната Канцеларија. Локацијата, работното време и соодветната организација, која управува со Канцелариите, се наведени на веб страната на КРЕДИСИМО;
- Барање - ќе го означува барањето за добивање на кредит, што се поднесува од Корисникот на кредитот лично;
- Грејс период - ќе означува одреден период, пресметан од датумот на земање на кредитот, во кој Корисникот на кредитот може да го врати добиениот кредит, без да должи камата;
- CВT - ќе ја означува Годишната стапка на вкупните трошоци согласно Законот за заштита на потрошувачите при одобрување на потрошувачки кредити и сите останати важечки закони и подзаконски акти во Република Македонија;
- СМС код за идентификација – означува СМС порака со код кој ќе биде испратен на личниот телефонски број на Корисникот на кредит наведен во Барањето и ќе има важност на електронски потпис во смисла на член 2 и член 12 од Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис.
- Доспеани обврски – обврските за кои истекол рокот за нивно исполнување од страна на Корисникот на кредитот согласно условите и роковите предвидени во Договорот за кредит, амортизациониот план и овие Општи услови. Корисникот на кредит паѓа во задоцнување со исполнувањето на обврските по Договорот за кредит на денот кој следи по денот кој бил определен како краен рок за извршување на обврската од страна на Корисникот на кредитот.
ІІІ. ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА КРЕДИТ - АПЛИКАЦИЈА
- Корисникот на кредитот аплицира за кредит, со поднесување на Барање до КРЕДИСИМО на образец, лично. Поднесувањето на Барањето се врши на веб страната согласно начинот, наведен во т.III.4.
- Во Барањето, според дадените полиња, се наведуваат личните податоци на Корисникот на кредитот, неговата електронска пошта, телефон за контакт и др., како и бараниот износ на кредитот, рокот на кредитот, називот на кредитниот производ, под кои услови Корисникот на кредитот сака да го користи кредитот, и бараниот начин за земање на паричните средства од кредитот. Во прилог кон Барањето Корисникот на кредитот на означеното место на веб страната прикачува и копија од лична карта во форма на jpg, pdf или png.
- Податоците кои се потребни за аплицирање на кредит и кои ФД КРЕДИСИМО ДОО Скопје ги обработува на своите клиенти, ќе бидат пренесени/обработувани надвор од границите на Р. Северна Македонија во земја на Европската унија, во Р.Бугарија, согласно меѓународните документи на Обединетите Нации на Универзалната Декларација за човековите права, Конвенцијата за заштита на Човековите права на Советот на Европа (член 8), Конвенцијата за заштита на физичките лица во поглед на автоматската обработка на личните податоци на Советот на Европа и Дополнителниот протокол кон истата Конвенција 108/81, како и регулативата (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и Советот од 27.04.2016 година за заштита на физичките лица во поглед на обработката на личните податоци и слободен проток на тие податоци.
- За било какви грешки при пополнување на податоци, настанати по вина на Корисникот на кредитот, КРЕДИСИМО не носи одговорност и сите последици од таквите грешки паѓаат на товар на Корисникот на кредитот.
- Барателот на кредитот на веб страната треба да го пополни називот на Кредитниот производ, износот и времетраењето на кредитот, да ја потврди својата согласност за прифаќање на ОУ, да даде согласност за обработување, користење и чување на личните податоци од страна на КРЕДИСИМО.
КРЕДИСИМО да врши проверки на кредитна способност на барателот на кредитот во соодветните институции, за да потоа Барателот на кредитот барањето со потребната документација ја достави до КРЕДИСИМО со задавање на командата „Aплицирај”.
-
КРЕДИСИМО му ја доставува на корисникот на кредитот преку електронската пошта која ја има наведено во апликацијата, целата потребна преддоговорна информација за бараниот Кредит, предлог договор, Општи услови, предлог на паричните текови за потребите на пресметката на СВТ.
ІV. ОЦЕНКА НА КРЕДИТОСПОСОБНОСТА НА КРЕДИТОБАРАТЕЛОТ. ОДОБРУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО
- По добивањето на Барањето КРЕДИСИМО ја проценува кредитоспособноста на Кредитобарателот врз основа на постоечки информации, и информации, добиени од него, притоа врши увид во Македонско Кредитно Биро или во друга база на податоци, до која има легално добиен пристап. Во случај, како резултат на извршената проценка КРЕДИСИМО одбие да го одобри Кредитот, КРЕДИСИМО веднаш го известува Кредитобарателот бесплатно за резултатот од проверката и за информациите за Корисникот на кредитот, содржани во регистарот, со исклучок кога давањето на соодветните информации е забрането или спротивно на важечкото законодавство, на регулативата на Европската унија или на јавниот ред и безбедност. Со доставување на Барањето Кредитобарателот ја дава својата согласност на КРЕДИСИМО да врши увид во Македонско Кредитно Биро и други јавни регистри.
- Како дел од проверката на кредитоспособноста на Кредитобарателот КРЕДИСИМО по своја проценка може да одржи преку свој претставник, интервју со Кредитобарателот, во текот на кое, да бара и добива и дополнителни податоци или дополнителни документи, вклучувајќи копија на лична карта испратена преку електронска пошта или преку факс.
- За целите на давање на Кредит, согласно овие ОУ, Кредитобарателот изјавува, дека на датумот на поднесувањето на Барањето:
- Нема обврски како жирант, ниту неисполнети обврски кон државата, финансиските институции, кон сегашниот и претходниот работодавач, кон физичко или правно лице, или обврски кои треба да бидат исплатени пред доспевање на кредитот, за кој аплицира, освен овие, за кои при склучување на Договорот го известил КРЕДИСИМО;
- Кон него нема поднесено тужба или покрената арбитражна постапка и не му се познати објективно оправдани причини, кои може да доведат до тоа;
- Не e носител на јавна функција и/или лице поврзано со носител на јавна функција во последните 12 месеци.
- Сите податоци, наведени во Барањето, како и во Договорот и сите негови прилози, се целосни и точни.
- Во случај, ако при пополнување на Барањето Кредитобарателот обезбеди неточни податоци, во зависност од моментот на дознавање на овој факт, КРЕДИСИМО има право или да го одбие склучувањето на Договорот и/или одобрувањето на кредитот, или да го раскине Договорот (ако таков е склучен), без претходна најава и да побара предвремено враќање на кредитот, заедно со сите такси, трошоци и пресметани камати или такви, кои ќе бидат пресметани до датумот на раскинување на Договорот. Кредитот се прогласува за предвремено достасан и врз тој основ се известува Кредитобарателот со еднострана Изјава на КРЕДИСИМО, испратена на наведениот телефонски број (преку SMS) или електронската пошта во Барањето од Кредитобарателот.
- Во случај, ако КРЕДИСИМО го одобри Барањето, Кредитобарателот ќе биде известен за тоа на e-mail и/или телефонски број (преку SMS или со повик). Рокот за одобрување на Барањето е на следниот начин:
- Доколку во апликацијата се наведени сите потребни податоци рокот за разгледување и давање на одговор на Барањето е 7 (седум) работни дена од поднесувањето на Барањето. Ако Барањето не биде разгледано и одобрено до истекот на рокот од претходнонаведениот рок, Договорот не предизвикува правно дејствие меѓу КРЕДИСИМО и Кредитобарателот.
- КРЕДИСИМО има право, без образложение, да го одбие Барањето, со испраќање на писмено известување до Кредитобарателот, испратено на наведениот телефонски број (преку SMS) или електронската пошта во Барањето од Кредитобарателот или преку одбивање со молчење. Како одбивање на Барањето со молчење ќе се сметаат случаите, во кои КРЕДИСИМО не му пратил известување за одобрување на кредитот до Корисникот на кредитот во рок од десет работни дена од приемот на Барањето.
V. ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ
- Договорот за кредит се склучува на начин, предвиден во овие ОУ и со придржување кон одредбите согласно Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис како и останатите важечки законски и подзаконски прописи во Република Северна Македонија.
- Договорот се смета за потпишан, склучен и стапува во сила од моментот кога Корисникот ќе го воведе SMS – кодот за идентификација кој му е испратен претходно на телефонскиот броj наведен во кредитната апликациja, по што на електронската пошта ќе добие линк за потврда и потпишување на документите и ќе ја даде командата „Потпиши”.
- Секој паричен износ, одобрен и исплатен од КРЕДИСИМО на Корисникот на кредитот претставува Кредит, даден од КРЕДИСИМО под условите на Договорот и на овие ОУ.
VI. РЕАЛИЗИРАЊЕ И ОТПЛАТА НА КРЕДИТОТ
- КРЕДИСИМО го реализира паричниот износ на одобрениот кредит преку трансфер на трансакциската сметка наведена од Корисникот на кредитот во рок од 3 работни дена од потпишување на договорот за кредит. Истиот носи одговорност за точното наведување на трансакциската сметка, на која сака да го добие износот во Барањето за кредит.
- Во случај на целосна или делумна предвремена отплата на кредитот, Корисникот на кредитот е обврзан да ја плати невратената главнина на Кредитот, вкупната такса за одобрување на кредитот, заедно со сите пресметани камати или тие кои ќе бидат пресметани, а кои не се платени до датумот на предвременото враќање.
- Корисникот на кредитот го враќа кредитот на следната трансакциска сметка: УниБанка АД Скопjе, трансакциска сметка 240010105652962, или преку други начини наведени на веб страната на КРЕДИСИМО (https://credissimo.mk/pay). Сите плаќања по банкарски пат се сметаат за извршени од моментот на пристигнување на уплатата на трансакциската сметка на КРЕДИСИМО. Во случај, ако КРЕДИСИМО утврди, дека е извршено плаќање, кое е невозможно да биде идентификувано, тоа плаќање не се смета за валидно до моментот на неговата идентификација и Корисникот на кредитот ги носи сите последици од задоцнето плаќање.
- Во случај, ако Корисникот на кредитот плати сума во износ, кој не е доволен, за да го врати вкупниот износ кој требало да го плати до тој момент, со платената сума се враќаат прво трошоците, извршени од КРЕДИСИМО во врска со неисполнување на обврската на Корисникот на кредитот за враќање на кредитот (трошоци за постапка за присилна наплата на паричното побарување и вонсудска наплата на обврските), на второ место пресметаната законска камата за задоцнето плаќање или казни за доцнење во случај ако тие се договорени, на трето место редовната или договорената камата и на четврто место главнината на кредитот.
VII. КРЕДИТНИ ПРОИЗВОДИ. ГОДИШЕН ПРОЦЕНТ НА ТРОШОЦИТЕ. ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
- Различните Кредитни производи, како комбинација на специфични услови, износи на кредитите и други услови, се утврдени во веб страната на КРЕДИСИМО. КРЕДИСИМО има право во секој момент да ги менува условите за одреден Кредитен производ, вклучувајќи да додава или менува дадени специфични услови, кои се применуваат за соодветниот кредитен производ, без тоа да влијае врз веќе склучените Договори.
- Детални информации во врска со условите за секој Кредитен производ, понуден од КРЕДИСИМО, се објавени на веб страната на КРЕДИСИМО.
- При промена на услов за кредитните производи, за реализираниот Кредит под условите на тој
- Доколку не е поинаку договорено во Договорот за кредит, крајниот рок за враќање на реализираниот Кредит е рокот, наведен во Договорот, освен кога рокот на Договорот е продолжен преку нов Револвинг-период по истекот на предвидениот рок, за кредитните производи, за кои тоа е применливо.
Кредитен производ ќе се применуваат условите, важечки на датумот на одобрување на кредитот.
- КРЕДИСИМО има право според сопствено мислење да овозможува грејс периоди за одредени Кредити и под условите на одредени Кредитни производи, како и попусти за редовно враќање на кредитот.
- КРЕДИСИМО има право на камата, чиј износ се утврдува во Договорот.
- КРЕДИСИМО има право, со посебна одлука, да дава пониски каматни стапки при организирање на промоции.
- Во случај, кога Корисникот на кредитот користи Кредитен производ „Credissimo До плата“, со Услов на револвинг период, при неплаќање на паричната договорна казна за неисполнување на договорна обврска и продолжување на кредитот, како и камата за кредитот и надомест за администрирање на кредитот, вкупните побарувања по основ на кредитот автоматски и предвремено доспеваат, без да е потребно задолжително испраќање на посебно известување до Корисникот на кредитот.
- За Кредити, користени под условите на Кредитен производ со Услов - план за враќање, Корисникот на кредитот е должен да го врати кредитот согласно амортизациониот план, односно во прегледот на паричните текови за потребите на пресметка на СВТ.
- Корисникот на кредитот има право да побара нов Кредит од ист или друг вид пред отплатата на веќе добиениот/те кредит/и. Во случај, ако КРЕДИСИМО го одобри Барањето од овој став, износот на новиот кредит може да се користи за отплата на недоспеани обврски на Корисникот на кредитот од постоечкиот Договор за кредит или да биде реализиран целосно од Корисникот на кредитот во согласност со ОУ.
- Годишната стапка на вкупните трошоците за кредитот е утврдена во Договорот, неговиот износ е пресметан на следниот начин и според законските одредби:
- Годишната стапка на вкупните трошоци се пресметува според методологија пропишана од Советот на Народната банка на Република Северна Македонија.
- За целите на пресметување на годишната стапка на вкупните трошоци, вкупните трошоци на кредитот за Корисникот треба да бидат определени, со исклучок на трошоците што ги плаќа Корисникот за непочитување на обврските од договорот за кредит
- За потребите на пресметување на годишната стапка на вкупни трошоци се смета дека договорот за потрошувачки кредит е полноважен и дека Кредисимо и Корисникот ги исполнуваат своите права и обврски од договорот на договорениот начин и во договореното време.
- Годишната стапка на вкупните трошоци се пресметува според методологија пропишана од Советот на Народната банка на Република Северна Македонија.
- Во случај договорот за потрошувачки кредит да содржи одредби со кои се предвидува можност за промена на каматната стапка, провизиите и другите надоместоци, при пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци се смета дека до исполнување на договорот каматите и другите трошоци кои влегуваат во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци се непроменети.
- За обезбедени дополнителни услуги, Кредисимо наплаќа соодветни надоместоци од Корисниците согласно Тарифникот на Кредисимо, кој е јавно достапен и објавен на веб страната на Кредисимо на следниот линк www.credissimo.mk.
VІII. ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТРАНИТЕ
- КРЕДИСИМО се обврзува:
- Да му даде на Корисникот на кредитот преддоговорна и договорна информација за саканиот Кредит во согласност со важечкото законодавство.
- Да му го исплати Кредитот на Корисникот на кредитот во согласност со договорениот износ и услови;
- Да ги одразува навремено и точно исплатените од Корисникот на кредитот рати за враќање на Кредитот;
- На барање од страна на Корисникот на кредитот, при отплата на главнината на Кредитот, да му даде целосна и точна информација за извршените и евидентирани до моментот плаќања;
- Да му ги даде на Корисникот на кредитот сите потребни документи, кои се однесуваат на опслужувањето, односно сревисирањето на кредитот, пополнети точно и коректно;
- Доколку постојат причините, наведени во т. XIII.1, да го извести писмено Корисникот на кредитот во наведениот рок во оваа точка;
- Да ги објавува на веб страната условите за Кредитните производи, доколку истите не се изречно предвидени во овие ОУ;
- Да објавува на веб страната информација за банкарските сметки, на кои може да се врши отплата на кредити, фирмите на Партнерите, адресите на нивните канцеларии и работното време;
- Да врши и други обврски, предвидени со важечкото законодавство.
- КРЕДИСИМО има право:
-
Да бара целосно исполнување на сите обврски на Корисникот на кредитот согласно
Договорот и овие Општи услови;
- Да биде известен веднаш од Корисникот на кредитот при настанување на околности, кои би предизвикале доцнење со исплата или влошување на целокупната финансиска состојба на Корисникот на кредит, вклучувајќи ги, но неисцрпно, наведените во т.VIII.3.3. од овие ОУ;
- Да ги бара од Корисникот на кредит потребните документи, односно копии од документи за одобрување на кредит, вршење на проценка на кредитоспособноста, како и евидентирање на информациите за опслужувањето на кредитот;
- Во секое време да ги префрли своите права од Договорот на трето лице, вклучувајќи да го даде во залог побарувањето во корист на трето лице, без да се бара согласност од Корисникот на кредит за тоа. Во овој случај Корисникот на кредитот ќе биде известен за настанатите промени односно носителот на побарувањето, со испраќање на писмено известување на наведената електронска пошта во Барањето и Договорот за Кредит. КРЕДИСИМО нема обврска да го извести Корисникот на кредит за преносот, во случај, ако согласно договорот меѓу КРЕДИСИМО и третото лице, КРЕДИСИМО ќе продолжи да го администрира кредитот на Корисникот на кредитот;
- Да води, вклучувајќи преку трети лица, секаква кореспонденција со Корисникот на кредитот, да спроведува телефонски повици со Корисникот на кредитот, да му испраќа електронски пораки, писма и налепници, во случај ако последниот не исполни некоја од обврските од Договорот, и на тој начин го известува за неговото доцнење;
- Во случај на задоцнување со плаќањето на достасана рата за враќање од страна на Корисникот на кредитот, како и во случај на делумно плаќање на рата за враќање, да ги преземе сите потребни дејствија за вонсудска и /или започне постапка за присилна наплата на своите побарувања, а трошоците за тоа ќе бидат на товар на Корисникот на кредит;
-
-
Корисникот на кредитот се обврзува:
- Да ги врати искористениот Кредит вклучувајќи ја главнината, каматата и трошоците до доспевање на последниот Револвинг период, вклучувајќи го и него, согласно планот за отплата, во зависност од условите за соодветниот Кредитен производ;
- Да ги почитува роковите и условите за исплата на Ратите за отплата;
- Да го извести веднаш КРЕДИСИМО за секоја промена на околности, кои би предизвикале задоцнување со исплата или би можеле да доведат до влошување на финансиската состојба, како и за секоја промена во информацијата, дадена од него при поднесувањето на Барањето, односно потпишување на Договорот, вклучувајќи, но нецелосно: за измена во неговите месечни приходи, на адресата на живеење и/или на сегашната адреса, на вработувањето, телефонските броеви, покренати судски и/или извршни постапки против Корисникот на кредит и/или неговиот сопруг/сопруга, и/или одредени на Корисникот на кредитот и/или на неговиот/нејзиниот брачен другар казни за прекршочни или кривични постапки, и/или одредени мерки за запленување и/или одземање во корист на државата на било каква сопственост, која им припаѓа;
- Да ги сноси сите трошоци, поврзани со неисполнување на својата обврска за кредитот, предвидени во Договорот и овие ОУ, вклучувајќи, но не државни такси, адвокатски хонорари, патни и други трошоци кои ќе настанат во постапката за присилна наплата доколку се започне истата.;
- Корисникот на кредитот има право:
- При враќање на главнината од Договор за кредит на барање, бесплатно може да добие и, во секој момент од спроведувањето на Договорот, извадок на сметка во форма на план за враќање за извршените и претстојните плаќања; планот за враќање-амортизациониот план ги содржи доспеаните плаќања и роковите и условите за овие плаќања; планот содржи детално објаснување на секоја рата за отплата, кое ја покажува отплатата на главнината, каматата, пресметана врз основа на каматната стапка, и каде што е применливо, дополнителните трошоци; кога каматната стапка не е фиксна или кога дополнителните трошоци можат да бидат променети согласно Договорот за кредит, во планот за отплата јасно се наведува, дека информацијата, содржана во планот е валидна само до следната промена на каматната стапка или на дополнителните трошоци согласно Договорот за кредит;
- Во рок од 14 дена од последниот датум меѓу: (i) датумот на склучување на Договорот; или (ii) датумот, на кој Корисникот на кредитот ги добил условите на Договорот и законски утврдената договорна информација (во случаите, кога овој датум е по датумот на склучување на Договорот), истиот може да се откаже од Договорот. При користење на ова право, Корисникот на кредитот не треба да плати обесштетување или казна и не е потребно да се наведе причина за одбивањето. Правото на одбивање се врши со испраќање на известување до КРЕДИСИМО во писмена форма врз хартија или друг Траен носач, до кој КРЕДИСИМО има пристап. При откажување од Договорот Корисникот на кредитот треба да ја плати на КРЕДИСИМО цената на фактички извршените финансиски услуги од Договорот: добиената главнина на кредитот, како и каматата за користење на финансиската услуга до денот на откажувањето на Договорот. Износите, кои се должат треба да бидат платени на КРЕДИСИМО во рок до 30 дена од откажувањето на Договорот. Во спротивен случај дејството на одбивањето отпаѓа ретроактивно. Со реализирање на кредитот Корисникот на кредитот ја изразува својата изречна согласност користењето на финансиската услуга да започне пред истекот на рокот за откажување на Договорот;
- Во секое време да ги отплати предвремено, целосно или делумно обврските од Договорот за кредит заедно со надоместок за одобрување на кредитот, доспеаната камата и трошокот за администрирање на кредитот пресметан до моментот на враќање на паричните средства.
- КРЕДИСИМО не може да го одбие предвременото исполнување на Договорот за кредит;
- Корисникот на кредит може да изврши предвремена отплата на обврските спрема КРЕДИСИМО кои произлегуваат од постоечки договор за кредит, преку користење на нов кредит одобрен од страна на КРЕДИСИМО. Кредитот издаден со намена рефинансирање на кредитни обврски може да се одобри за целосна/и делумна отплата на постојните недоспеани кредитни обврски.
- При предвремена отплата на кредитот од страна на Корисникот на кредитот КРЕДИСИМО има право на праведно и објективно оправдано обесштетување за евентуалните трошоци, директно поврзани со предвремената отплата на кредитот, кога тоа се врши во период, во кој каматната стапка е фиксна. Во овој случај КРЕДИСИМО има право на обесштетување во износ од 1% (еден процент) од предвремено отплатениот износ на кредитот, во случај ако преостанатиот период на Договорот е подолг од една година. Во случај, ако преостанатиот период на Договорот за кредит е пократок од една година, КРЕДИСИМО има право на обесштетување во износ од 0,05% (нула запирка пет проценти) од износот на предвремено отплатениот Кредит. Во случај, ако КРЕДИСИМО претрпи загуба од предвремената отплата на кредитот, која е поголема од износот на наведеното обесштетување, тој може да бара поголемо обесштетување под условите на чл. 16 од ЗЗПДПК;
- Во случај, ако Корисникот на кредитот нема никакви задоцнети плаќања и не постои друго неисполнување на обврските од Договорот, Корисникот на кредитот може да добие попуст при целосна отплата на неговите обврски. Износот на попустот се определува по проценка на КРЕДИСИМО.
IX. ТРОШОЦИ
- КРЕДИСИМО не носи никаква одговорност за извршени плаќања од страна на Корисникот на кредитот на трансакциски сметки кои не припаѓаат на КРЕДИСИМО.
X. ЗАДОЦНУВАЊЕ. ПРЕДВРЕМЕНО ПОБАРУВАЊЕ
- КРЕДИСИМО има право на обесштетување за сите направени трошоци за наплата на доспеаните а неплатени обврски на КОРИСНИКОТ по Договорот за кредит во вонсудска постапка за наплата на долгот и во постапката за присилна наплата на долгот.
- При доцнење со плаќањето на обврските по кредитот, Корисникот на кредитот должи обесштетување за задоцнување во висина на постојаната законски казнена камата за секое доцнење со исполнување на обврските, заедно со сите трошоци за вонсудска и / или во постапката за присилна наплата на долгот, направени од КРЕДИСИМО.
- Корисникот на кредитот има можност со поднесување на барање до Кредисимо да побара одложување на месечна рата пред доспевање на истата (само еднаш за конкретна месечна рата) за што Кредисимо наплаќа надоместок од 1.000 ден. за секое одобрено одложување на поединечна месечна рата.
- Барањето за одложување на месечна рата (само еднаш на конкретна месечна рата), Корисникот на кредит може да го истакне максимум до три пати за различни месечни рати за целото времетраење на договорот за кредит. За секое поединечно одобрено барање за одложување на месечна рата, времетраењето на договорот за кредит ќе се продолжи за еден месец соодветно. Рокот на договорот за кредит може да биде продолжен максимум за три месеци, доколку Корисникот на кредит побарал и му било одобрено одложување на конкретни месечни рати вкупно три пати за времетраење на договорот.
- Кредисимо одлучува за одобрување/одбивање на барањето за одложување на месечна рата по своја дискрециона оцена во секој поединечен случај. Доколку Кредисимо го одобри барањето за одложување на месечна рата, ќе достави нов амортизационен план до Корисникот на кредит со нов рок на кредитот. Во спротивно, доколку таквото барање за одложување на месечна рата е одбиено, Кредисимо ќе го извести Корисникот на кредит по телефонски пат за истото.
- Сите побарувања за даден кредит стануваат автоматски и предвремено доспеани, без да е потребно известување или покана од страна на КРЕДИСИМО кон Корисникот на кредитот, со денот на настанување на било кој од следните настани:
- Кога Кредитокорисникот доцни повеќе од 90 дена за кредит, добиен под услов со план за отплата;
- Кога не се платени надоместоците, каматите и договорните казни за револвинг периоди наведени во Договорот за кредит, добиен под услов со Револвинг период согласно т. II 1.11 б) од овие ОУ.
- При неплаќање на било која парична обврска, која произлегува од Договорот или овие ОУ, која не припаѓа кон наведените во претходната точка;
- При раскинување на Договорот согласно т.IV.3 и т.XII.1.3 од овие ОУ;
- Сите побарувања од Кредитот, одобрен во врска со овие ОУ, може да бидат прогласени за предвремено наплатливи со еднострана изјава, упатена од страна на КРЕДИСИМО до Корисникот на кредитот, во следните случаи:
- Ако се утврди, дека Корисникот на кредитот доставил неверодостојни и / или неточни информации, и истите се користеле како основа КРЕДИСИМО за одобрување и исплата на кредитот од страна на Кредисимо;
- При неисполнување од страна на Корисникот на кредитот на било која обврска од Договорот или овие ОУ, надвор од наведените во претходната точка;
- Во случај на предвремено побарување на кредитот, Корисникот на кредитот ја должи целата преостаната главнина како и сите пресметани камати или идни камати, кои ќе бидат пресметани до датумот на предвременото побарување и истите треба веднаш да ги врати на КРЕДИСИМО, на датумот на предвременото побарување. Корисникот на кредитот должи исто така обесштетување за задоцнување за неисплатена обврска (главнина и камата) од датумот на почеток на предвременото побарување до целосна отплата на долгот. Надоместокот за задоцнување е во висина на законската казнена камата за задоцнето плаќање. Во случај на предвремено побарување Корисникот на кредитот ги должи на КРЕДИСИМО уште и сите трошоци за истиот, кои се наведени во Барањето, Договорот и овие ОУ, како и трошоците поврзани со наплатата на побарувањата, почнувајќи од доспевање на Ратата за отплата, непосредно пред да настане предвременото побарување, до целосна отплата на долгот. Страните изречно и безусловно се согласуваат, дека сите трошоци за вонсудска и/или постапка за присилна наплата на ненавремено исплатените побарувања (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на судски такси, адвокатски хонорари, патни и други трошоци) ќе бидат на товар на Корисникот на кредит.
- Во случај на доцнење со плаќањата и/или во случај на предвремено побарување, КРЕДИСИМО има право да му испраќа на Корисникот на кредитот текстуална порака /SMS/, потсетници преку писмо и/или покани, на наведениот мобилен телефон во Договорот, адреса и/или адреса на електронска пошта, како и на познатата на КРЕДИСИМО адреса на работното место на Корисникот на кредитот.
- Со склучувањето на Договорот, Корисникот на кредитот безусловно и неотповикливо ја дава својата согласност да биде посетуван на службената и домашната адреса од претставник на КРЕДИСИМО и/или од трети лица ангажирани од Кредисимо со цел наплата на доспеаните побарувања по основ на Договорот за кредит, како и да добива SMS-и на мобилниот телефон наведен во договорот, а во врска со евентуалното неисполнување на неговите обврски, кои произлегуваат и/или се поврзани со Договорот.
- Во случај на задоцнување со плаќањето на достасани износи за кредитот од страна на Корисникот на кредитот, нередовните плаќања ќе бидат евидентирани во Македонско кредитно биро кое може да се одрази негативно за подоцнежно аплицирање за кредит од негова страна.
XI. НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРНА ОБВРСКА И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ
- Кај кредитните производи кај кои согласно овие ОУ е предвидена можност за продолжување на револвинг периодот, КОРИСНИКОТ на кредит може да побара продолжување на рокот на договорот за кредит, доколку Корисникот на кредит не може да ги исполни обврските од договорот согласно предвидените рокови.
- Доколку Корисникот на кредит поднесе барање за продолжување на рокот на кредитот, Корисникот на кредит признава, прифаќа и изјавува дека не го исполнил овој договорот за кредит, односно не може да го врати кредитот со сите предвидени трошоци во износите и роковите како што е утврдено во договорот и заради тоа е согласен да му исплати на КРЕДИСИМО договорна казна за неисполнување на договорна обврска и продолжување на кредит.
XII.ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ
-
Договорот за кредит се раскинува предвремено во следните случаи:
- Со взаемна писмена согласност на договорните страните;
- Еднострано од КРЕДИСИМО, со известување кое стапува во сила веднаш, испратено според одредбите на овие ОУ- во случај на неисполнување на обврска по Договорот за кредит од страна на Корисникот на кредитот (вклучувајќи ги и овие ОУ). За случај на неисполнување ќе се смета и секој случај, во кој Корисникот на кредитот му доставил на КРЕДИСИМО погрешна, неточна или лажна информација;
- Со појава на автоматско предвремено побарување од т. Х.3;
XIII. ВИША СИЛА
- КРЕДИСИМО нема да биде одговорен пред Корисникот на кредитот за секое доцнење или пропуст за извршување на обврската од овие Општи услови, кои се должат на виша сила (како што е дефинирано во т. XIII.2 подолу).
- "Виша сила" ќе значи секој непредвидлив случај, кој не може да се спречи настанат по потпишувањето на Договорот за кредит помеѓу КРЕДИСИМО и соодветниот Корисник на кредит и кој доведува до неможност за исполнување на обврските, преземени од КРЕДИСИМО според Договорот и / или овие ОУ, вклучувајќи, но без да се ограничени: техничка неисправност во софтвер или хардвер системите, кои се користат од КРЕДИСИМО, законски, административни или владини ограничувања, природни катастрофи, бунтови, востанија, судири или немири, војна, терористички напади, земјотреси или други деструктивни дејства на природни сили, општонародни штрајкови, ембарго.
-
При настанување на Виша сила за КРЕДИСИМО, КРЕДИСИМО ќе ги преземе сите разумни активности и мерки, за да ги ограничи евентуалните загуби и штети, и ќе го извести соодветниот
Корисник на кредит во рок од една недела од денот на настанување на виша сила.
- Недостатокот на финансиски средства нема да се смета за виша сила, како во однос на КРЕДИСИМО, така и во однос на Корисникот на кредитот.
ХІV. ДОПОЛНИТЕЛНИ ОДРЕДБИ
- Договорот се склучува за девизен курс 61.50 МКД (македонски денари) за едно Евро (EUR). Во случај на законска промена, каде ќе настанат промени во сооднос МКД / EUR (одлучувачки е просечниот девизен курс, прогласен од НБРСМ) со повеќе од 10 % (десет проценти) (среден девизен курс, прогласен од НБРСМ), износот на неплатените Рати за отплата се менува автоматски. Како резултат на тоа СВТ според условот на Договорот ќе се промени, за што КРЕДИСИМО треба во писмена форма да го извести Корисникот на кредит во рок од 10 (десет) работни дена од измената.
- Во случај на макроекономска нерамнотежа која ќе резултира со најмалку 10 % девалвација на средниот курс на еврото во денари (ЕУР/МКД) како еднострана мерка на Народната Банка на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст НБРСМ) или 10 % депресијација на средниот курс на еврото во денари, мерени преку зголемување на средниот курс на ЕУР/МКД објавен од страна на НБРСМ на нејзината веб страна, КРЕДИСИМО го задржува правото да ја коригира главнина на одобрените и исплатени а недостасани Кредитни производи како и главнина и сите трошоци кои се достасани а ненаплатени од страна на КРЕДИСИМО преку зголемување за 10 %.
- За потребите на овие ОУ, девалвација и/или депресијација од 10 % се дефинира на следниот начин: 10 % зголемување на средниот курс на еврото за македонски денари (ЕУР/МКД) објавен од НБРСМ на нејзината веб страна во однос на вредноста на едно евро за 61,5 денари. Тоа значи дека 10 % девалвација и/или депресијација е еднаква на зголемување на вредноста на еврото мерена преку македонски денари за 6,15 денари за едно евро, односно средна вредност на еврото во македонски денари објавена на веб страната на НБРСМ од 67,65 денари за едно евро.
- Одредбите од Договорот, односно условите за користење на доделен Кредит, можат да се менуваат само и единствено со заемна согласност на страните во писмена форма врз хартија или во форма на друг Траен носач.
- Кореспонденцијата помеѓу страните ќе се одвива на македонски јазик. Истата ќе се смета за примена од страна на Корисникот на кредитот, ако биде доставена на адресите за кореспонденција, пополнети од страните во Договорот, односно испратена преку факс, електронска пошта или телефон, наведени во соодветните полиња во група "информација за контакт" од Барањето. Кореспонденцијата до КРЕДИСИМО ќе се испраќа на адреса за коресподенција, наведена во Договорот, или преку електронската пошта: contacts@credissimo.mk.
- Со склучување на Договорот Корисникот на кредитот ја изјавува својата недвосмислена согласност да добива пораки на начини и преку средствата, наведени во претходната точка.
- Страните се обврзуваат, секоја од нив веднаш да ја извести другата страна во случај на промена на некоја од изјавените околности.
-
Корисникот на кредитот изјавува, дека со потпишувањето на Договорот за кредит ја дава својата согласност за обработка на неговите лични податоци за склучување и реализирање на Договорот. Корисникот на кредитот му дава право на КРЕДИСИМО, во својство на администратор на лични податоци, да ги обработува и да ги чува неговите лични податоци за следните цели: проверка на неговата солвентност во врска со Договорот за кредит; администрирање на веќе склучени Договори за кредит; преземање активности во врска со наплата на негови обврски за склучени Договори за кредит, како и за исполнување на законските барања за чување на документи од финансиски институции во врска со извршените од нив финансиски услуги. Корисникот на кредитот дава согласност, неговите лични податоци да бидат обработени и чувани од КРЕДИСИМО и за следните дополнителни цели: изготвување на кредитно досие, кое ќе го олесни разгледувањето на идни Барања за Кредит; за маркетинг цели (испраќање на понуди/комерцијални пораки и други, во врска со финансиските услуги на КРЕДИСИМО); статистички истражувања и анализи на друштвото; откривање на дадените од него лични податоци и информации за неговата кредитна задолженост пред следните категории приматели: кредитни институции, лизинг компании, финансиски институции, друштва за наплата, кредитни бироа, претпријатија, кои нудат електронски комуникациски мрежи и /или услуги, бугарски и / или странски физички лица, правни лица, државни и/или општински органи, неговиот работодавач, лицето за контакт, согласно Договорот за кредит, како и секое друго физичко или правно лице, со кое КРЕДИСИМО е во договорни или други односи, Корисникот на кредитот дава согласност КРЕДИСИМО да врши увид и да добива информации за неговата кредитна задолженост, достапни во базата на податоци на Македонско Кредитно Биро. Корисникот на кредитот дава согласност, КРЕДИСИМО да бара и добива од КИБС и др. чувани во нивните информатички системи лични податоци во смисла на Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП), вклучувајќи, но не само, податоци за неговите приходи и извршени од него плаќања за придонеси; да испраќа барања и да прима податоци за неговата граѓанска регистрација од Национална база на податоци "Население", преку услугите на трето лице. Корисникот на кредитот изјавува, дека е запознаен со сите свои права: (i) на пристап до лични податоци, кои се однесуваат на него; (ii) да побара од КРЕДИСИМО да ги избрише, коригира и блокира неговите лични податоци, чија обработка не одговара на барањата на ЗЗЛП, како и да ги извести третите лица, на кои овие податоци биле откриени, за секое такво бришење, корекција или блокирање, со исклучок на случаите, кога тоа е невозможно или е поврзано со несразмерни напори; (iii) да приговара пред КРЕДИСИМО против обработката на неговите лични податоци, доколку постои законска основа за тоа, кои права можат да се остваруваат согласно ЗЗЛП. Корисникот на кредитот изјавува, дека ги доставил личните податоци на "Лицето за контакт", наведено во Барањето, откако добил од него изречна согласност, согласно чл. 4, ст. 1, т. 2 од ЗЗЛП, неговите лични податоци да се чуваат и обработуваат од КРЕДИСИМО со цел претходна проверка на кредитоспособноста на Корисникот на кредитот со оглед евентуалното потпишување на Договор за кредит и со цел остварување на последователна врска односно прашања во врска со спроведувањето на Договорот. Корисникот на кредитот изјавува, дека лицето за контакт е информирано лично од него, дека неговите лични податоци ќе бидат користени само за наведените цели и дека нема да бидат откриени на други лица.
- Корисникот на кредитот безусловно и неотповикливо изјавува, дека му е познато, дека сите негови изјави, дадени преку средства за комуникација од далечина, вклучувајќи електронска пошта, преку SMS, преку телефон, со пополнување на полињата на веб страната на КРЕДИСИМО и др., се валидни и го обврзуваат согласно Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис како и останатите важечки законски и подзаконски прописи во Република Северна Македонија притоа е согласен, истите да бидат снимени и чувани од КРЕДИСИМО или други лица со кои Кредисимо има склучено договор.
- КРЕДИСИМО не одговара за предизвикани штети на Корисникот на кредит, настанати како резултат на проблеми во работењето на мобилните оператори, паѓање на системот, доцнење за испраќање на текстот и/или губење на текстуална порака.
- Во случај ако некоја одредба од Договорот или од овие ОУ биде прогласена за неважечка од надлежен орган, другите одредби остануваат во сила.
- Со фактот на склучувањето на Договорот и со прифаќањето на овие Општи услови, Корисникот на кредитот потврдува, дека е запознаен со придружните обврски, кои можат да се одразат негативно врз економската состојба; дека каматите, кои треба да се платат на КРЕДИСИМО, е можно да се повисоки од овие, понудени од други друштва, кои нудат корисничко и микро кредитирање, но без оглед на тоа, според неговата оценка, се разумни и одговараат на пазарните услови; дека КРЕДИСИМО му ги објаснило придружните обврски при склучувањето на Договорот и му ја дала целата задолжителна по закон договорна и преддоговорна информација, поврзана со одредениот Договор; дека не смета дека условите од Договорот за него се крајно несоодветни; дека ја има дадено на КРЕДИСИМО целата вистинска информација за својата економска состојба.
- КРЕДИСИМО го информира и предупредува Корисникот на кредит, дека при задоцнување со плаќањето на Рата за отплата, спрема него може да се преземат сите дејствија во согласност со овие ОУ, Договорот и со важечкото законодавство.
- Сите спорови, кои произлегуваат од Договорот или овие ОУ, или се однесуваат на нив, вклучувајќи споровите, кои произлегуваат или се однесуваат на нивното толкување, невалидност, исполнување или раскинување, како и споровите за пополнување на празнините во Договорот или прилагодувањето кон ново настанати околности, Договорните страни со овие ОУ и договорот утврдуваат дека во случај на спор односно присилна наплата стварно и месно е надлежен Основниот граѓански суд во Скопје како и медијаторите, нотарите и извршителите кои потпаѓаат под негово подрачје на надлежност.
- За нерешените во сегашните ОУ и Договорот за кредит прашања се применува постојното законодавство на Република Северна Македонија.
Овие Општи услови се изменети и дополнети и влегуваат во сила од 26.07.2023 година.