Научи паметно да трошиш додека патуваш!

Аплицираj
Научи паметно да трошиш додека патуваш!

Ако си успеал да заштедиш за патување во некоја европска метропола или туристичко место, можеш и дополнително да ги намалиш сите трошоци на својот престој со тоа што ќе трошиш паметно.

Ако си студент, невработен или некој кој навистина има тенок буџет и не сакаш да скратиш од твоите задоволства, на овој начин ќе си помогнеш секое туристичко доживување да биде поевтино.

Секогаш биди подготвен

Најмногу се троши кога не знаеш што сакаш да видиш и каде да одиш во градот што го посетуваш. Затоа пред да тргнеш на пат направи едно истражување на интернет – кои места мора да се видат, како да стигнеш до нив, каде да јадеш и слично. Потоа направи план на патувањето со сите детали, како и каде да ги најдеш местата, телефонски броеви и адреси, а исто така е препорачливо да си симнеш и мапи на телефонот. Купи карти од интернет, со што ќе заштедиш и пари и време.
Провери ги и опциите и цените за превоз, а доколку имаш пријатели кои живеат таму, најдобра опција е да стапиш во контакт со нив.

Готви дома

Како и секаде, храната купена во супермаркет и зготвена дома е секогаш повтина варијанта отколку ресторан. Кога ќе влезеш во супермаркет секогаш знаеш која храна е специфична за местото каде што се наоѓаш, а на тој начин ќе знаеш што да купиш затоа што тие производи обично имаат најниска цена и се најквалитетни. Ако си покрај море тоа е  вообичаено риба и морски производи; ако си на планинско место, млеко и млечни производи. Притоа немој да се чувствуваш непријатно да прашаш што да купиш, бидејќи не можеш секогаш да ги знаеш локалните брендови.

Посетувај ги локалните ресторани

Дел од доживувањето на секое патување е да се проба локалната кујна. Затоа, во зависно од буџетот, гледај неколку оброци да имаш во ресторан. Избирањето на ресторан е многу важно затоа што поголемите градови имаат многу ресторани наменети за туристи, каде цените може да се и двојно повисоки. Затоа најдобро е да ги побараш локалните ресторанчиња кои обично се на страна од прометните места, онаму каде што туристите не можат да ги најдат, а за нив знаат само локалните жители. Затоа е важно да познаваш некој локалец, што би можел да те упати. Локалните ресторани не се добри само за буџетот, таму и храната се подготвува на поуникатен локален начин.

Користи јавен превоз

Доколку патуваш во група понекогаш такси превозот е поевтин, но најчесто јавниот превоз е најдобра опција. Избегнувај ги нападно рекламираните превози кои се обично неколку пати поскапи од локалниот превоз. Секако дека понекогаш тие директни линии се неизбежни ако се брзаш, но доколку си го испланираш времето паметно, можеш  да го скратиш трошокот.

Избегни ги ситните трошоци

Ако патуваш со тенок буџет, паметно е однапред да испланираш колку можеш да потрошиш во текот на еден ден. Нема да се опушташ со кафиња или сокчиња во кафич, наместо тоа ќе си понесеш шише со вода од дома и кога ќе се измориш ќе седнеш на клупа во парк или покрај пристаниште. Ужинката може да ја смениш со сендвич од дома, јаболко или банана кои ќе си ги носиш во ранецот. Дури и влегувањето во супермаркет може да донесе трошоци поголеми од планираните, затоа биди многу воздржан за секоја ситница што ја купуваш. Внимавај на дневниот лимит што си го зацртал.

Овие совети ќе ти помогнат каде и да си да можеш да го почувствуваш духот на градот и воедно да заштедиш и со помалку пари да си поминеш одлично. Следи ги овие ‘’трикови’’ и ќе можеш да патуваш каде што сакаш. Но доколку не си тип кој сака многу да штеди и сака да се движи по најпопуларните места, локални и ресторани, не се грижи бидејќи имаме супер совет! Аплицирај за „Credissimo Плус" до 80.000 ден. и биди слободен во изборот за тоа каде ќе јадеш, шеташ, пазариш и се останато. Ако ти требаат и дополнителнии пари на буџетот кој веќе си го испланирал тогаш аплицирај за “Credissimo до плата” до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс периодот, а исто така може да го продолжуваш периодот на враќање неограничен број пати.


Во секој случај, Credissimo e тука за тебе.
Среќен пат!

 

Повеќе

Во оваа статија ќе најдеш неколку корисни совети како лесно да си ги зголемиш финансиските средства.
Ти нудиме неколку совети како да внесеш свежина во својот дом и да создадеш убава атмосфера.
Не е само летото за активности, прочитај, забавувај се и уживај во есента.