Credissimo со награда за "Најдобар сајт на годината"

Credissimo со награда за

Горди сме да споделиме дека, Credissimo ја доби наградата за најдобар сајт на годината, за која учествуваа повеќе финансиски институции во Македонија.

Нашиот сајт беше награден на специјална церемонија, која се одржа на 16.12.2017 година, меѓу сите реномирани финансиски институции кои учествуваа, во престижните годишни награди - "Сајт на Годината" организирани од Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk. Со оваа награда компанијата има уште еден доказ за континуитетот на високиот квалитет и напредок на услугите што водечката онлајн кредитна компанија ги одржува на сите пазари каде што е присутна.

"Наградата "Сајт на Годината" е потврда за високото признание што го добивме, меѓу сите реномирани финансиски институции во Македонија кои учествуваа во овој проект. Уверени сме дека нашите клиенти ја чувствуваат нашата грижа за нивните потреби преку нашата основна алатка - сајтот, како и клиентскиот сервис што го нудиме, со тоа што Credissimo ги оправда очекувањата на клиентите, по што стана лидер, за само една година од влегувањето на македонскиот пазар ", коментира Горги Руков - директор за меѓународен развој во Credissimo.

Credissimo беше единствената небанкарскa финансиска институција, почестена како финалист и победник меѓу компаниите кои оваа година влегоа во класификацијата.

Нашата компанија успеа да го импресионира жирито со многуте иновации и решенија што ги овозможивме за нашите клиенти во текот на изминатата година. Иновативните решенија и модели, високото задоволство на клиентите и растечката експанзија на компанијата се само дел од причините за наградата.

За наградите Сајт на годината

Во присуство на околу двесте гости, во најголем дел креатори, сопственици, дизајнери, автори на содржините на голем број македонски веб-сајтови, во Македонската опера и балет на 16.12.2017 г. беа доделени наградите Сајт на годината за 2017 година. Манифестацијата се одржа осма година по ред, во организација на дигиталната маркетинг агенција Медиа Солутионс која е сопственик на платформата keepaneye.mk и основач на ИАБ Македонија, а со поддршка на Министерството за култура на РМ и Градот Скопје.

„Сајт на годината“ низ годините прерасна во престижна манифестација, која има за цел да ги истакне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото.



Врати се назад

Прочитај повеќе