Топ 5 љубовни филмови

Топ 5 љубовни филмови

Можеби ќе признаеш, можеби не, но сигурно ти се случило да сакаш да изгледаш некој добар љубовен филм кој ќе те „стопи“ и ќе те потсети дека љубовта е посилна од се!

Во месецот на љубовта, за тебе подготвивме неколку предлози за љубовни филмови, коишто ако сеуште ги немаш гледано, сега е вистинското време. Доколку одамна ги имаш гледано, никогаш не е лоша идеја да ги изгледаш повторно или ако имаш некој подобар предлог да ни пишеш кој филм би го вметнал во нашата Credissimo топ 5 листа на љубовни филмови!

Започнуваме хронолошки, од постарите класики до најновите ремек-дела!

Кои филмови влегуваат во топ 5 листата на љубовни филмови на сите времиња?

Dirty Dancing

Dirty Dancing (1987)

Дека љубовта може да те разигра, доказ е филмот Dirty Dancing и една од најпознатите приказни на Францис Хаусман (Џенифер Греј) која на својот летен одмор се среќава со Џони Кесл (Патрик Свејзи) инструктор по танц. Преку танцот, Францис учи за животот и за љубовта.

Култната класика за сите ретро вљубеници е напишана од сценарист Еленор Бергстајн и е базирана на вистинска приказна. Греј и Свејзи се дел од најголемите сцени кои некогаш излегле на големите филмски платна и никогаш незаборавената „The time of my live“.


Titanic

Titanic (1997)

Ненадминлива љубовна класика, нели?

Режирана од Џејмс Камерон во приказна која се случува на тогаш најграндиозниот брод кој постои на земјината планета. На него се раѓа љубовта помеѓу Џек (Леонардо Ди Каприо) кој доаѓа од многу пониска социјална класа од онаа на Роуз (Кејт Винслет).

Можеби и неговата фама не би била целосна, доколку Селин Дион и нејзината „My heart will go on“ не беше саундтрак на култната сцена на крајот од палубата?


Amelie

Amelie (2001)

Париз е градот на љубовта, а Амели е невина и наивна девојка која од прва рака на „местото на злосторот“ ја искусува магијата. До денес, претставува еден од најдобро рангираните љубовни филмови од не-англиско говорно подрачје.

Откако наоѓа кутија полна со богатства од детството, тргнува на пат низ Париз да ги „поправа“ животите на луѓето во неа, а во меѓувреме налетува токму и на нејзиниот.

Низ целиот филм присутна е и музиката на неверојатниот Јан Тирсен кој ја прави оваа париска љубовна приказна уште попривлечна.

The Notebook

The Notebook (2004)

Поминаа повеќе од 20 години од неговата премиера, а The Notebook и понатаму е еден од најгледаните љубовни филмови на целиот свет. Приказната за работникот во локалната мелница во Северна Каролина и богатата девојка која доаѓа на одмор е приказна кој секој би ја посакал, се додека Втората светска војна не ги раздели. Она што потоа се случува ти го оставаме да го погледнеш доколку се уште не си ја погледнал.


A star is born

A star is born (2018)

Ништо не е добро од оригиналот, но преработката на Бредли Купер на истоимениот филм можеби влегува во секоја топ 5 листа кога се во прашање љубовните филмови. Ова е приказна за тоа како талентот и музиката може да спои две души, но славата да ги раздвои! Приказна за музиката, успехот, но и за тоа како пороците може да те отклонат во непосакуван правец во твојот животен пат.

Музичкиот ролеркостер од емоции помеѓу Eли (Лејди Гага) и Џек (Бредли Купер) не би бил заокружен доколку исто така го немавме и дуетот на деценијата помеѓу актерите и песната Shallow.



Врати се назад

Прочитај повеќе