Кој е твојот празник, Св. Валентин или Св. Трифун?

Кој е твојот празник, Св. Валентин или Св. Трифун?

Доаѓањето на февруари секогаш ја поттикнува најчесто слушаната дискусија „Св. Трифун или Св. Валентин?“. Дали си дел од групата на среќно заљубените и едвај чекаш да дојде денот на вљубените? Mожеби пак сакаш да му приредиш изненадување на партнерот, не ти доаѓа на памет никаква идеја како да го направиш тоа. Или си едноставно лудо заљубен во виното и сакаш на овој ден да ја прославиш таа љубов со твоите пријатели. Како и да е, не пропуштај да го поминеш овој ден најубаво што можеш!

За среќно заљубените...

Наместо да ја избереш сигурната варијанта како ресторан и буќет, пробај нешто ново. Најчесто малите но, добро промислени подароци можат да значат многу повеќе од оние кои се скапо платени. Сети се на некој момент кога си шетал со партнерот и сте се загледале во нешто мало и смешно во излогот. Тоа ќе го израдува и насмее могу повеќе отколку некој скап клише подарок. Наместо вечера во ресторан, приреди му изненадување на партнерот со вечера која сам ќе ја зготвиш. Времето и трудот кои ќе ги посветиш на остварување на изненадувањето ќе му покаже на партнерот дека навистина сакаш да го израдуваш и да направиш да се чувствува сакано.

Доколку повеќе го почитуваш виното…

Виното е комплексен пијалок кој уште од дамнешни времиња бил третиран со голема почит и во неговата изработка се посветувало големо внимание. Собери ги пријателите кои знаеш дека ценат квалитетно вино и добра забава и договорете се да го прославите овој ден заедно. Нема ништо лошо во тоа оваа година ти да бидеш иницијаторот за прославата. Викни ги дома блиските на опуштена собиранка. Бидејќи е сè уште ладно, направи варено вино, зготви мезе и пушти музика која знаеш дека на сите ќе ви одговара.

Ако веќе подолго време планираш поголемо изненадување за партнерот, тогаш внимавај како ќе го изведеш тоа. Во твојата слатка мисија ќе ти помогне „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. Доколку сметаш дека си ја нашол љубовта на твојот живот и сакаш да ја импресионираш, тогаш обрати се на „Credissimo плус" до 80.000 денари кој ќе ти помогне конечно да го оствариш она што си го зацртал.

Поврзани статии

Неколку идеи за подарок за 8-ми март во последен момент!

Неколку идеи за подарок за 8-ми март во последен момент!

Посакај им среќен 8-ми март на омилените жени во твојот живот со една од овие идеи за подарок. Види ги идеите и одбери подарок

Традицијата на празнување на Св.Трифун и Денот на вљубените

Традицијата на празнување на Св.Трифун и Денот на вљубените

Денес ги одбележуваме празниците Свети Трифун и Св. Валентин. Но, како всушност започнала традицијата на прославување на овие празници?

Финансиите - Една од главните причини за расправиите во врската

Финансиите - Една од главните причини за расправиите во врската

Нервозата и тензијата само ќе ги засилат недоразбирања за финансиите. Нашите совети ќе ти помогнат да ги избегнеш.

8 Март – Меѓународен ден на жената

8 Март – Меѓународен ден на жената

Секој ден е ден за покажување почит кон вашата мајка, девојка, сопруга итн. Но, сепак купете подарок и за 8 Март, празникот треба да се одбележи

Топ 5 љубовни филмови

Топ 5 љубовни филмови

Види ја нашата листа со Топ 5 љубовни филмови на сите времиња и ако немаш гледано некој од филмовите изгледај го!