Декоративни предлози за твојата празнична трпеза

Декоративни предлози за твојата празнична трпеза

Божиќните празници се на самиот праг и веќе почнуваме со припреми за нивната прослава. Божиќните вечери ги користиме како можност да го собереме нашето семејство на едно место каде заедно ќе го прославиме овој голем празник. Во Македонија божиќната вечера не е само една обична вечера, туку е исто така симбол на љубовта кон блиските и одбележување на крајот на четириесетдневниот божиќен пост.

Доколку годинава си ти домаќинот за божиќната вечера, сигурно чувствуваш притисок за тоа како треба да изгледа твојата трпеза. Иако менито на бадниковата и божиќната трпеза се состои од традиционални јадења кои се задолжителни, сепак можеш неа да ja направиш уникатна така што ќе експериментираш со декорации и креативни варијации на јадењата.

Употреби го бадниковото гранче во сите декорации!

Божиќните празници не би ја имале истата атмосфера без бадниковото гранче. Покрај тоа што традиционално се смета дека ова гранче симболизира живот, здравје и вечна среќа, бадниковото гранче може лесно да го искористиш во многу различни декорации. Кафеавата боја на гранчето дозволува да се искомбинира со зелени и црвени декорации кои ќе дадат меко и топло чувство на просторот и на самата трпеза. На трпезата постави високи свеќи кои ќе ги украсиш со гранчиња од елка, додека пак бадниковиот леб можеш да го поставиш во централниот дел на трпезата во плетена крошна. Не изоставувај ја влезната врата како дел од декорациите така што на неа ќе закачиш венец сплетен од гранчиња, слама, шишарки и останати детали по твој избор. Тоа ќе им посака топло добредојде на твоите гости.

Кој кажа дека јадењето не може да служи како декорација?

Иако вообичаено е да се следат сите традиционални припреми на божиќната трпеза, сепак има простор за разни импровизации кои ќе внесат мала разиграност во нејзиниот изглед. Без разлика дали станува збор за бадникова посна вечера или обилна, божиќна, мрсна трпеза припремата на јадењата може да биде одлична прилика за покажување на твоето чувство за естетика, почнувајќи од вештината на украсување на раскошното лепче со паричка, па се до различните форми на благи и колачи каде ќе имаш најголема слобода за уметничко изразување.

Доколку посакуваш оваа година празниците да бидат по твој вкус а за тоа не ти стигаат финансиите во најтешкиот месец од годината, не се грижи!

Сето ова  можеш слободно да го направиш така што ќе аплицираш за „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот. Дури можеш и да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати, или аплицирај за „Credissimo плус" до 80.000 денари и троши кога сакаш и колку сакаш.

Среќни Божиќни празници!



Врати се назад

Прочитај повеќе