Интересни божиќни традиции во светот

Интересни божиќни традиции во светот

Една од најубавите работи за време на божиќните празници е тоа што сите земји имаат свои посебни традиции кои ги негуваат и на кои детски им се радуваат. Во нашата земја тоа се пречекувањето на коледарчињата, кршење лепче со паричка, семејна божиќна трпеза, купување божиќни подароци итн. Ова за нас се чини сосема нормално, но е прилично нетипично во останатите земји во светот, а интересно е да се види што прават тие за да го прослават празникот.

Чешка

Во Чешка, големата прослава е на Бадник, кога луѓето се збираат заедно на трпеза и традиционално јадат пржен крап. За да се обезбедат со свеж крап порано, многу од семејствата купуваат жив крап, го чуваат во аквариум сѐ додека не дојде Бадник, кога ќе го зготват. Како и да е, ова се чини многу чудно и сурово, па така сѐ повеќе и повеќе од граѓаните го чуваат крапот и го ослободуваат во река. Постојат и разни суеверија за богатство поврзани со празникот, особено за дамите. За младите девојки кои се надеваат дека ќе ја најдат љубовта на својот живот има интересна традиција. Тие треба да се оддалечат од предната врата од нивниот дом и да фрлат чевел преку рамото. Ако чевелот падне на земја со врвот насочен кон вратата, девојката ќе добие предлог за брак во наредната година.

Финска

Традиции кои секогаш се почитуваат на Бадник во Финска се одењето на божиќен собир и организирање божиќна семејна трпеза. Финците имаат слична традиција на нашето лепче со паричка, само што таму го изведуваат тоа малку поинаку. На нивната трпеза поставуваат чинии со каша, а во една од нив има скриен бадем, па на оној на кој ќе му се падне бадемот треба да испее песна и се смета за најсреќна личност на масата. И секако, тие задолжително посетуваат финска бања за малку да се релаксираат.

Украина

Украинската божиќна традиција е малку страшна и необична, па ако не си храбар кога станува збор за пајаци, ти препорачуваме да не ја посетуваш Украина за Бадник и Божиќ. Украинците ги украсуваат своите домови и целите новогодишни елки со пајаци и мрежи. Се разбира, зад сето ова има една приказна. Според украинската легенда, една сиромашна вдовица и нејзините деца засадиле новогодишна елка од шишарка, и кога пораснала, сфатиле дека немаат со што да ја украсуваат. Кога пајаците ги слушнале децата како плачат, тие го украсиле дрвото со своите прекрасни мрежи. Пајакот симболизира добра среќа за новата година, така што Украинците ги украсуваат своите дрвја со нив. Но не грижи се, пајаците се лажни.

Сите имаме различни начини на прославување на божиќните празници. Некои сакаат да ги следат божиќните традиции со своето семејство, некои пак сакаат да посетуваат нови места во светот за време на овој празник. Без разлика во која група спаѓаш, едно е заедничко – сакаш максимално да ги искористиш неработните денови. Прослави го овој прекрасен празник без грижа за финансии со помош на Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и нов подолг рок на исплата до 45 дена или Credissimo плус до 80.000 денари.

Среќни празници!



Врати се назад

Прочитај повеќе