Како да го декорираш твојот дом со минимални средства?

Аплицираj
Како да го декорираш твојот дом со минимални средства?

Постојат десетици, а можеби стотици начини за решавање на прашањето: Како да го декорирам мојот дом? Може да е во модерен стил, може да е ретро, минималистички, Француски империјален, еклектичен, од ИКЕА, по Фенг Шуи или во одреден спектар на бои.
Освен тоа, може да го декорираш со достапни средства донесен мебел од стари станови и подароци од пријателите и познаниците кои решиле да го фрлаат нивниот стар мебел. Кога немаш доволно средства за скапи марки на мебел, тоа обично останува како варијантата. А дали, може да го декорираш својот дом со стил и вкус, без тоа да чини еквивалентно на семејниот буџет предвиден за две години?
Може. На прво место - треба да имаш трпение, многу трпение. Добри и истовремено евтини, работи бараат  истражување и чекање. Покрај тоа, треба да имаш трпение сам да ја изработиш идејата за целата визија. А тоа не е толку лесна задача. Често човек сака да ги остави сите каталози, милионите слики на интернет, идеите во својата глава кои не може да ги најде никаде и... да си вработи еден дизајнер на ентериер. Тоа е многу време и паметен потег, но и прилично скап. Обично изработката на проект, организацијата и надоместокот на дизајнерско студио, излегуваат неколку илјади денари. А овде зборуваме за модерно, но и поевтино декорирање.

 

Распродажби

Секако, најлесниот и достапен начин да добиете нов мебел, е да ги следите распродажбите во салоние за мебел. Редовно се случуваат, бидејќи складовите треба да ослободуваат место за нови колекции. Добро е, ако ви се допаѓа нешто по принцип и имате трпение да го чекате да биде  намалено и да ризикувате да биде потрошено пред да биде намалено. Често продавниците поставуваат намалени цени и на примероците кои биле изложени во салонот за мебел.

 

Втора рака и со дефекти

Продавниците за мебели втора употреба не се многу, за разлика од оние за облека. А сепак има и такви кои увезуваат мебел со незначителни дефекти. Однапред ориентирајте се колку чинат сличните нов увоз или производство на истите. Инаку може да се покаже дека сте купиле стар мебел на цената на нов. Самиот факт дека нешто е половно, не гарантира ниска цена, зависи од трговецот.

 

Антиквитет

Ако мислите дека во антикварница има само ѓубре со прашина од минатите векови, ископани од нечиј подрум, многу грешите. Грозниот изглед на повеќето антиквитети не провоцираат човек да влезе за нив, освен ако експлицитно не паѓа на стари работи. Но освен нив, внатре може да најдете добри парчиња мебел кои често се многу евтини. Да, има и мебел, и тоа не малку. Дел од антиквитетите увезуваат стока од странство и така може да се снабдите со уникатни столици, маси и кабинети за малку пари. А домот ќе добие вид на софистициран имот. Повеќето се најсоодветни за луѓе со винтиџ стил, но има и по "модерни".

 

Реставриран и поправен мебел

Оваа категорија може да биде поделена на две, бидејќи реставрација може да биде извршена како од некој уметник, така и од самите вас - при добра желба. При првата опција, природно, тоа ќе чини пари. Со вториот не е толку тешко да се справи човек сам, освен не станува збор за нешто исклучително специфично.
Еве пример како да ги поправите дрвените мебели - масички, столчиња, кабинети (http://www.comfort.bg/bg/interesno/view/3014.html). Ќе треба вие да си ги набавите материјалите, но самата поправка може да биде извршена одлично и од човек без искуство. Во зависност од она што сакате да реставрирате и каков стил сакате да постигнете, може да најдете безброј техники чекор-по-чекор во интернет.
Многу луѓе го прават дури следново: Купуваат нови, но многу евтини мебели. Потоа ги бојадисуваат во тон со останатите мебели или додатоци во просторијата и добиваат уникат на ниска цена.

 

Мебел од палети

Оваа мода тешко дека ќе заврши наскоро, бидејќи е премногу удобна, а варијациите - секакви. Може да си направите од нив дневната соба или комплет за градината. Може да се пониски мебели за одмор, или повисоки и погодни за хранење. Може да си направите спалната од палети. Може и детско катче за собата на малите. Може да си измислите дури декорација од палети!
И не се само тие. Не ги заборавајте гајбите гумите и што уште имате при рака. Еве тука на пример е полно со лесно остварливи идеи за мебел и додатоци за домот од гајби.
И така, фаќај се за работа,  време е да го претворите стариот или новиот дом во пријатно и уникатно место. Навистина, потребно е малку повеќе време да бараш алтернативи насекаде, но не заборавајте дека со евтини нови мебели вашиот дом исто така ќе изгледа ефтин. Со стари, но обновени, се добива токму спротивното. Ако ви требаат повеќе средства за реновирање на станот или куќата, секогаш може да сметате на Credissimo. Ако немате средства, може да ги искористите предностите на брзите кредити на Credissimo, "Кредит до плата"до 12000 денари со 0%  за секој прв кредит, или "Credissimo плус", до 40000 денари и можност за враќање до 15 месеци

Повеќе

И покрај фактот што сеуште не е откриена ниту волшебна рецепта, ниту некаква голема тајна, видете ги историите на познатите инвеститори
Бидејќи никој не сака да купува производи кои чинат поскапо, претпоставуваме дека прашањето е, од што зависи и како сепак да пазаруваме поефтино?
Искористи ја нашата промоција и земи го твојот кредит Credissimo до плата со 0% каматна стапка за период од 30 денови