Како да се оптимизираат трошоците за патување во странство?

Аплицираj
Како да се оптимизираат трошоците за патување во странство?

Сакаш ли да патуваш? Сигурно со дигнати веѓи одговараш: "Дали нешто ме праша?!". А патуваш ли толку колку што сакаш? Претпоставувам дека во твоите мисли постојано патуваш или најмалку половина година. Кога се вратиш во реалноста сигурно си велиш дека ќе беше убаво ако можеше да си дозволиш уште една - две екскурзии годишно.

И бидејќи премногу дестинации во странство се буквално на час - два растојание и би можел да им посветиш еден викенд, тоа е веројатно и причина желбите да се разминуваат со реалноста, а и не е толку до слободното време, колку до финансиски средства.

А дали не сакаш да можеше да ги намалиш трошоците за патувања, па да имаш за многубројни патувања? Тука веројатно мрмориш: "Да бе, знам за нискотарифните авиокомпании и многу други работи знам, ама не ми успева". Има решение, меѓутоа треба да знаеш да го пронајдеш. Освен тоа авионските билети и ноќевањата не се единствените трошоци за едно патување кои можеш да ги намалиш. Еве малку трикови:

На пат со автомобил

Има смисла кога е поевтино од авион, се разбира. А така е при поблиски дестинации кога сте повеќе луѓе (на пример четворица или повеќе кај поголем автомобил), кога до дестинацијата која сте ја одбрале нема летови на нискотарифни компании или треба да користите комбиниран транспорт. Нема единствено правило каде, кога и како е поевтино да се патува со автомобил, ќе треба да ги направиш пресметките и да ги споредиш варијантите. Но сепак е интересно.

Внимавај за километрите. При подолги дестинации е добро да има повеќе од еден возач за да се менуваат, или да предвидиш едно ноќевање до крајната дестинација. Однапред проучи ги можните трошоци во земјите низ кои се поминува - тоа може да се винетки, патарини и др. Информации лесно може да најдеш на интернет, во форумите за патување или од пријатели кои биле таму.

Со авион

Има смисла кога си доволно флексибилен. Што значи тоа: Често излегува поевтино, ако планирате по обратен редослед од оној по кој луѓето вообичаено планираат. Како се случува обично - прво одлучуваш кога најмногу ќе ти одговара да си земеш одмор, како тој да се прилагоди со пријателите со кои патуваш, каде сакате да одите, дури на крај барате билети и места за посетување... Ајде сега по обратен редослед: Прво ја наоѓаш најдобрата понуда (попусти, грешки во системите на авионските компании - се случуваат, правците со префрлување се со пониски цени од директните), потоа бараш место за спиење, а потоа и начин да си земеш одмор. Потешко е, но пак е поевтино. Многу поевтино, понекогаш и една третина поевтино за далечни дестинации (на пр. надвор од Европа), а има авантуристички момент.

Внимавај за скриени услови, такси, ограничувања за багаж (особено кај нискотарифните). Ако се одлучиш за лет со прекачување, многу е важно да предвидиш доволно време за истиот. Подобро да почекаш на аеродромот, отколку да пропуштиш лет.

Места за посетување

Има смисла кога се апстрахираш од всадената мисла дека може да се престојува само во хотел и во ниедно друго место не постои такво удобство. Мислиш дека ќе се чувствуваш лошо, ако си во нечиј стан? Ако досега не си ја посетил веб страната на Airbnb направи го веднаш и ќе видиш дека на многу пониски цени од хотелските, добиваш удобство, често дури луксуз и многу повеќе простор. Ако немаш толку претензии и си отворен и пријателски настроен човек - побарај сајтови за споделени домови, како Couchsurfing или GuestToGuest. Што претставуваат? - за време на одморот престојуваш на гости кај некого, регистриран во платформата, со тоа што обично единствениот услов е да го понудиш и ти својот дом за посетување. Така ноќевањата се бесплатни, а дали некој ќе посака да отседне некој ден во твојот дом - никој не може да каже.

Внимавај за оценките. Секогаш читај ги мислењата и коментарите за местата кои си ги избрал. Со ретки исклучоци истите се релативно објективни. Сепак постои веројатност кога ќе отидеш на место, хотелската соба, станот или куќата да имаат очекувани отстапувања од најавеното, така што подготви се психички. Обично не е драстично, драматично и болка за умирање.

Туристички трошоци

Има смисла кога одиш некаде, не за да се редиш во редиците на музеите, а за да се почувствува духот на местото и да видиш катчиња и работи кои ги нема во секој зборник по ликовна уметност. Па, ако тоа е важно за тебе, може да ги искористиш деновите на отворени врати, но ќе треба да го усогласиш своето патување со нив. Трета опција да се намалат трошоците за знаменитости е со карта за посети, која, ако се нуди таква би била поевтина од единечни билети.

Освен тоа биди спремен да одиш пеш и многу, многу да се умориш. Но, тоа ќе биде еден пријатен замор, сигурно. Движењето со транспорт во градовите силно ќе ти ги ограничи твоите впечатоци, па ограничи го и ти него.

Во однос на потрошувачката во локали, најверојатно ти текнува или знаеш дека во повеќето случаи излегува доста поскапо од македонските кафани, кафулиња и ресторани. Секако дека ќе сакаш да ја пробаш традиционалната кујна и за таа цел барај ги малите, затскриени локали. Но, меѓу пробање и хранење три пати на ден има разлика. За алкохолот нема ни да зборуваме. Ако твоето место на сместување го овозможува, посети ги локалните супермаркети и пазари за производи. Тие пак, обратно, се слични на македонските цени (поевтини се понекогаш).

Внимавај за готовината. Најдобро е да ги планирате трошоците максимално добро и да имаш доволно пари за да не ти се наложува да одиш до банкомати и др. За целта можеш однапред да истражуваш какви се прелиминарно цените во локалите и за транспорт. На сајтовите на музеите пак може да ги видиш цените на билетите за посета. Предвиди и дополнителна сума за сувенири или други купувања кои сметаш дека ќе направиш. Провизиите за повлекувањето на пари од друг банкомат не се многу поволни.

Ајде и неколку брзи бонус совети:

  1. Патувај надвор од сезоната. Да бе, летото е кул ... и поскапо.
  2. И во странство може да се оди на кампување, и не само на море.
  3. Ако не инсистираш на одредена дестинација, а патуваш за доживувањето- некои места се поевтини од другите, како со билети, како со цени, како сè.
  4. Сигурен си дека ти треба уште еден магнет, кригла, маица?
  5. Забележикаде одат локалните жители и избегнувај ги масовните туристички посети, особено кај локалите.
  6. Изгледај го ова видео за пакување на куфер за да не се оправуваш, како не можеш да се собереш само во рачниот багаж.
  7. Подобро да имаш повеќе пари, отколку да ти фалат. Да, сите го знаеме тоа. Често луѓето се откажуваат со таква причина. Значи, ако дополнително ти требаат и во никој случај не сакаш да си го пропушташ патувањето, пополни онлајн форма за брз кредит на Credissimo и патувај мирно.

Bon Voyage!

Повеќе

Посети ги најпривлечните европски дестинации и почувстуваај ја есенската идила во вистинско светло.
Ова се 5-те најефективни утрински рутини што ги практикуваат успешните луѓе.
Одбери ги вежбите што најмногу ти одговараат и добиј го посакуваниот изглед.