8 Март – Меѓународен ден на жената

Аплицираj
8 Март – Меѓународен ден на жената

Освен што е осмиот ден во месецот март, 8 Март е и Меѓународен ден на жената, кој се одбележува во целиот свет во чест на социјалните, економските, културните и политичките достигања на жените.

Меѓународниот ден на жената првпат е одбележан во почетокот на 1900 година – во време на голема експанзија и турбуленции во индустријализираниот свет, кога населението е во порастот и кога се забележува раст на радикалните идеологии. Меѓународниот ден на жената е ден за колективна прослава и повик за родова рамноправност. Многу организации го дале своето мислење за оваа тема, многу од нив го поддржуваат славењето на овој ден, го имаат во својата агенда, а некои дури и му даваат многу пошироко значење.

„Приказната на женската борба за еднаквост не ѝ припаѓа на ниту една феминистичка организација, туку на колективните напори на сите што се грижат за човековите права“, вели светски познатата феминистка, новинар, општествен и политички активист Глорија Стајнем. Меѓународниот ден на жената е ден за славење и ден за акција – без оглед дали е тоа на глобално или на локално ниво. Но, едно е сигурно, Меѓународниот ден на жената се одбележува повеќе од еден век – и неговото значење се зголемува сè повеќе и повеќе.

Зошто 8 Март?

Бидејќи во март 1911 еден милион жени протестирале во Европа, бидејќи во 1913 руските жени организирале нелегални состаноци, бидејќи во 1914, во Германија, жените го добиле своето право на глас, бидејќи во 1915, во Осло, група жени ги бранеле своите права и се бореле за мир, бидејќи во 1917, во Санкт Петербург, жените-работници организирале штрајкови во своите фабрики.

Сите тие настани се случиле на 8 март.

Овој ден е значаен бидејќи овозможува да се согледаат разликите и нееднаквостите со кои жените мора да се соочуваат во политиката, во компаниите или во секојдневниот живот. Но, исто така не треба да се заборави и лошиот однос кон жените во многу земји, за принудните бракови и за семејното насилство. Овој ден овозможува да се потсетат сите дека жената има права, дека треба да го почитуваме нејзиното „не“ и дека немаме право да судиме за неа според нејзината облека или што било друго.

Секоја неправда нанесена од несовесни луѓе кон жените е особено осудена од светот. Конечно, овој ден е важен за да се слушне секој глас на жените што не можат да зборуваат слободно. И денес Денот на жените сè уште е важен бидејќи сè додека не постигнеме еднаквост меѓу мажите и жените, ние мора да го славиме овој ден.

Но како и да е, не треба да се потпираме само на овој ден за да ја покажеме неизмерната љубов што ја чувствуваме кон понежниот пол. Секој ден е ден за покажување почит кон жените. Секој ден е ден да купите цвеќе и да го подарите на вашата мајка, девојка, сопруга итн.
Сепак, кога веќе се празнува овој ден и сакате да ги изненадите на посебен начин, искористете го Credissimo плус и аплицирајте за кредит до 80.000 денари со враќање месечни рати. Искористете ги за да уплатите прекрасен викенд на прекрасна дестинација со жената што тоа го заслужила.
Секојдневно искажувајте љубов, не чекајте ги само ваквите денови.

Повеќе

Денот, кога на свет ќе дојде вашето дете е еден од најважните! Прочитајте како подобро да се справите со сите трошоци, што ги носи оваа радост.
Во денешната статија ви нудиме неколку совети и идеи за совршениот свадбен подарок. Доколку сеуште сте одбрале, погледнете ги нашите предлози.
Кампувај во природа, истражи ги најубавите предели во земјата и стекни нови незаборавни искуства.