Кога е најдобар момент да се започне со диета?

Кога е најдобар момент да се започне со диета?

Интернетот е преплавен со информации за тоа како да останеш во форма и да симнеш килограми за брзо време. Доколку бараш ефективен начин за губење тежина, сигурно си збунет од различните совети напишани од секакви професионалци и квази-проефсионалци во оваа област. Некои од нив промовираат свои производи за слабеење, други промовираат нивна лична диета која треба да ја купите. Иако сето тоа може да звучи привлечно поради брзите и лесни резултати, сепак на долгорочен план не е ефективно, бидејќи реално, не можеш засекогаш да ги конзумираш тие производи за слабеење или да бидеш на строга ригорозна диета, а шансата дека ќе ти се вратат килограмите како бумеранг е многу голема.

Наместо да oдгатнуваш која „диета“ е правилна или не, обиди се постојано да водиш здрава и избалансирана исхрана заедно со здрави навики кои ќе можеш да ги практикуваш во твоето секојдневие.

Внесувај храна богата со влакна!

Растителните влакна го подобруваат функционирањето на дигестивниот систем и го забрзуваат метаболизмот што помага во процесот на слабеење. Тие можат да се најдат најмногу во овошјето, зеленчукот, посебно мешункастите плодови и целите зрна.

Подобро повеќе мали оброци отколку едно-две прејадувања

Дели го дневниот внес на калории на повеќе, мали оброци. Така, постојано ќе се чувствуваш сит, ќе го избегнеш прејадувањето, а ќе му олесниш на самиот организам да ја процесира храната. Кога си прегладнет, поголема е шансата да се прејадеш и да избереш брза, калорична и процесирана храна наместо здрав оброк.

Не се лишувај од омилената храна

Доколку понекогаш имаш криза за благо или нешто високо калорично, не си ја мачи душата со престрога диета. Главниот трик за слабеењето е умереност. Наместо да купиш и изедеш цело пакетче со колачиња, изеди едно колаче. Така ќе можеш да уживаш во твојата омилена храна, да останеш расположен, а сепак да водиш балансирана исхрана.

Наспиј се!

Кога се лишуваш од сон, твоето тело во прекумерни количини произведува „грелин“, кој е познат како хормон за стимулирање на апетит, за разлика од премалото производство на „лептин“ кој е познат како хормон кој дава чувство на ситост. Кога си наспан твоето тело е одморено и има повеќе енергија за согорување на калориите кое ќе доведе до слабеење.

Сакаш да се посветиш на здравата исхрана но, ти треба помош од професионалец? Тогаш советувај се со нутриционист кој ќе креира диета соодветна на твојот организам, со помош на Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така можеш да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. А, доколку сакаш комплетно да го смениш твојот начин на живот и да изгледаш здраво и фит со помош на свој професионален тренер, тука е Credissimo плус до 80.000 денари кој ќе ти помогне да го добиеш телото кое го посакуваш.



Врати се назад

Прочитај повеќе