Најнеобичните места за дочек на новата 2024 година

Најнеобичните места за дочек на новата 2024 година

2024 година е „зад аголот“, а веќе на големо се разговара каде ќе се испрати старата и ќе се пречека новата година, која се надеваме дека ќе донесе многу повеќе среќа, љубов и успех на сите полиња.

Без сомнеж, дочекот на новата година е настан кој го возбудува целиот свет, без разлика дали ќе ја дочекаш дома, со чаша вино, на забава, на плоштадите низ земјата и странство набљудувајќи го новогодишниот огномет или на некоја подалечна дестинација.

Во пресрет на пресвртниот ден, подолу набројуваме неколку места за дочек на новата година, кои носат необични традиции, волшебни глетки и спомени кои на оние кои ќе ги посетат ќе им ја милуваат душата цел живот.

1. Сиднеј, Австралија

Сиднеј е првата светска метропола која прва пред сите останати ќе влезе во новата година, а локалното население и сите посетители секоја година редовно уживат во еден од најголемите и најдолготрајните огномети. Главниот спектакл се случува на пристаништето и познатата „Опера Хаус“, а она што го прави овој огномет најволшебен е тоа што трае цел час! За да присуствуваш на овој спектакл, потребно е да резервираш место во рестораните, каде се нудат можности за следење на огнометот од бродови кои се закотвени во непосрдна близина, а бројката на луѓе во ова подрачје секоја година надминува еден милион посетители.

Сиднеј

2. Кицбил, Австрија

За сите „зимски души“, во Кицбил на австриските Алпи, еден од најреномираните светски ски-ресорти, се случува можеби најубавата прослава за сите ски љубители. На врвот на ски-ресортот се поставува опремата за огномет и сите посетители од ски- стазите го следат „боењето“ на небото од бујниот огномет, a дополнителен спектакл е спуштањето до градот со факели во рацете на ски-патеките.

Кицибил

3. Рејкјавик, Исланд

Покрај тоа што Рејкјавик е еден од најсеверните градови на Земјината топка и нуди спектакуларен огномет, она што го прави Рејкјавик уште поволшебен за дочек на новата година се и „северните светла“, кои се видливи со голо око на турите кои локалните туроператори ги нудат. Нова година, огномет и „северните светла“ заедно сочинуваат вистинско уметничко дело на небото, зар не?

Рејкјавик

4. Чианг Маи, Тајланд

Прекрасниот град на тајландската култура, Чианг Маи, нуди поразлично искуство за дочек на новата година, бидејќи прославата се одвива на 29 Целзиусови степени. Она што е спектакуларно, во вечерните часови на 31 декември се пуштаат илјадници хартиени фенери кои го украсуваат ноќното небо. Се верува дека пуштањето на овие хартиени фенери симболизира нови почетоци и носи среќа.

Чианг Маи

5. Шевенинген, Холандија

Посебно искуство е да се биде дел од Гинисов рекорд, кога станува збор за најголем новогодишен оган во светот. Секоја година на 31 декември, во Шевенинген, Холандија, се пали најголемиот оган во организација на граѓаните на овој град. Со денови се собираат дрвени палети кои се поставуваат во голем круг, со цел да се одржува Гинисовиот рекорд, а целокупниот спектакл се одвива со музика и многу храна и алкохолни пијалаци.

Шевенинген

Доколку си одлучил новата година да ја прославиш со патување во некое од овие магични места, а ти требаат пари, секогаш можеш да се довериш на Credissimo и да си обезбедиш дополнителни средства колку што ти требат.

Исто така, ова е одлична можност да ја искористиш нашата специјална новогодишна промоција од 60.000 денари кредит со враќање на истата сума за 3 месеци, без камата и без дополнителни трошоци.

Поврзани статии

Прослави го Божиќ на свој начин

Прослави го Божиќ на свој начин

Доаѓа периодот од годината во кој сите со нетрпение ги очекуваме Новогодишните и Божиќните празници.

Твоите цели и замисли за 2021

Твоите цели и замисли за 2021

Списокот со новогодишни ветувања е одличен начин да се фокусираш на желбите кои одамна сакаш да ги оствариш.

Најмагичните божиќни базари во светот

Најмагичните божиќни базари во светот

Дали знаеш кои се најпопуларните и најпосетени божиќни базари во светот? Види ја нашата листа!

Безгрижен предновогодишен празничен шопинг

Безгрижен предновогодишен празничен шопинг

Нова Година. Божиќ. Фамилија. Веселба. Јадење, пиење... Слика на полно блаженство. Меѓутоа додека да стигнеме до таму, повеќето од нас поминуваат низ пекол. Пеколот на предпразничното трчање по продавниците.. Во ваква непријатна ситуација може да попадне речиси секој од нас и е убаво да се знае дека сепак не е крај на светот. "Кредисимо" мисли за Вашето секојдневно спокојство и Ви нуди помош на сите оние кои што го оставате шопингот и за во последен момент.

Каде за Нова Година?

Каде за Нова Година?

Ние ќе ти помогнеме да одлучиш доколку сеуште немаш план со неколку предлози каде да ја прославиш новата 2019 година.