Декорирај го уникатно твојот дом оваа Нова година!

Декорирај го уникатно твојот дом оваа Нова година!

Подготви се да ја дочекаш Новата година со стил. Секако, најпривлечниот дел од забавата се вкусната храна, руската салата, кифличките и големиот избор на алкохолни пијалоци, но исто така е важно да направиш основа за весела атмосфера со забавен новогодишен декор. Без разлика дали планираш голема прослава или тоа ќе биде интимна дружба со неколку пријатели и со семејството, имаме идеи за новогодишни декорации кои ќе ја направат забавата повесела. За оние кои уживаат во креирање украси, имаме идеи за лесни новогодишни украси кои можеш самиот да ги изработиш. Се разбира, на сите новогодишни забави им се потребни неколку вкусни коктели, па затоа имаме и неколку генијални начини како да го стилизираш твојот „бар“. Сите ќе се соберат околу пијалаците за време на забавата, па зошто да не го направиш тоа да изгледа стилски и необично?

Блескаво одбројување

Блескаво одбројување

Главното нешто во новогодишната вечер е одбројувањето на Новата година, што всушност е поводот на самата прослава. Тука можеш да бидеш многу креативен и да го направиш моментот на дочекување светкав и спектакуларен. Можеш да искористиш дигитален уред или пак да декорираш обичен часовник доколку сакаш дополнителен шарм кој ќе предизвика носталгија кај гостите. Благодарение на технологијата, можеш да заштедиш пари на скапи часовници со едноставно пуштање на видеа за одбројување од интернет. Поврзи го со ТВ-екранот и поттикни ја новогодишната еуфорија без никакви проблеми.

Спектакуларен бар

Спектакуларен бар

Послужувањето со алкохол не е доволно – треба да го направиш овој дел од забавата да изгледа посебно и празнично. Третирај ги твоите пријатели како софистицирани гости, така што ќе ги послужиш пијалаците на специјално декориран новогодишен „бар“. Сѐ што ти треба е количка, односно мини-бар на кој ќе додадеш конфети, украсни ленти и салфети со интересна шара во новогодишен стил. Можеш да одиш и дотаму и да го украсиш мини-барот со картички на кои ќе биде испишано „2020“, балони и некои златни детали кои ќе направат барот да изгледа попривлечно и светкаво.

Врами ја прославата

Врами ја прославата

Без „Инста приказна“ не може да помине Новата година. Но, тоа ќе ти трае само 24 часа, додека пак класичните фотографии траат засекогаш. Доколку имаш Полароид фотоапарат или пак некој од друштвото има, искористи го за да направите кул фотографии кои ќе ги закачите на шарено пано што ќе ја овековечи оваа возбудлива вечер.

Доаѓањето на Новата година носи и нови, дополнителни трошоци. Билети за прослави, декорации, храна, пијалаци, подароци и нова облека, а згора на сето тоа, ова се случува на крајот на месецот. Но, тоа не те спречува да ја дочекаш Новата година како што заслужуваш, бидејќи тука се Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци и нов подолг рок на исплата до 45 дена, како и Credissimo плус до 80.000 денари, кои ќе ти ја направат оваа вечер незаборавна!

Поврзани статии

Време е да ја посетите својата омилена летна дестинација!

Време е да ја посетите својата омилена летна дестинација!

Неколку корисни совети како да заштедите и да имате неверојатен одмор за паметење ова лето

Помини ја Нова Година незаборавно!

Помини ја Нова Година незаборавно!

Се ближи крајот на годината, а ти си решил да ја прославиш надвор од домот и од државата. Кои се најдобри новогодишни дестинации што ќе те изненадат со своите понуди и ќе ја направат вечерта незаборавна?

Најмагичните божиќни базари во светот

Најмагичните божиќни базари во светот

Дали знаеш кои се најпопуларните и најпосетени божиќни базари во светот? Види ја нашата листа!

Најнеобичните места за дочек на новата 2024 година

Најнеобичните места за дочек на новата 2024 година

2024 година е „зад аголот“, а веќе на големо се разговара каде ќе се испрати старата и ќе се пречека новата година, која се надеваме дека ќе донесе многу повеќе среќа, љубов и успех на сите полиња.

Месец јуни е месец на кампувањето!

Месец јуни е месец на кампувањето!

Кампувај во природа, истражи ги најубавите предели во земјата и стекни нови незаборавни искуства.