Неколку трика за учење што навистина помагаат

Неколку трика за учење што навистина помагаат

Септември веќе пристигна и мора да се соочиме со фактот дека на летото речиси му дојде крајот. Освен летната носталгија која нѐ обзема, некои од нас мора да се подготват и за почетокот на новата учебна година. Без разлика дали си ученик, студент или, пак, тоа се твоите деца, едно е јасно: треба повторно да се учи! Учењето за некого може да биде „мачкина кашлица“, за некого тотално здодевна работа, а за трети голема тешкотија и напор. Но, за сѐ има решение, па така и за учењето. Затоа подготвивме листа на трикови за полесно учење и меморирање.

Креирај ментални асоцијации

Една од најлесните и најупотребуваните трикови за меморија и учење е правењето конекција и асоцијација. Оваа техника е многу едноставна и повеќето од нас ја прават несвесно, така што го поврзуваат тоа што го учат со нешто на што тоа ги потсетува преку процес на асоцијација. Ова е добар начин да се стимулираат креативноста и создавањето нови идеи и концепти.

Подари си „дремка“

Процесот на учење треба да го поделите на неколку циклуси, меѓу кои ќе вметнете мала, но квалитетна „супердремка“. Истражувањата веќе долго време тврдат дека една од основните функции на спиењето е да се консолидираат информациите што сме ги примиле во текот на денот, каде што мозокот ги категоризира и филтрира важните информации, што значи дека спиењето по една сесија учење може да ја зајакне меморијата на тоа што се прочитало. Техника во која сите уживаме!

Тестирај се!

Да, знаеме дека самиот збор тест предизвикува нервозно чувство во стомакот, сепак самото тестирање може да биде техника што значително ќе ти помогне во процесот на учење. Луѓето што учат и потоа се тестираат за да го проверат наученото имаат подобра долгорочна меморија на информациите од оние што учат и никогаш не се тестираат. Човечкиот мозок многу полесно ги помни информациите кога се поврзани со одредено прашање. Затоа, следниот пат кога ќе се обидеш да запаметиш некоја информација, посвети малку време да се провериш и да разбереш каде најчесто грешиш.

И за „набројуванките“ постои решение

Ако се обидуваш да научиш листа на набројувани нешта или пак, зборови во одреден редослед, обиди се да креираш збор од првите букви на секое набројувано нешто. Оваа техника на меморија се нарекува мнемоника и е применувана уште од  времето на хеленистичките филозофи.

Образованието е најважното нешто во кое можеш да инвестираш. Не дозволувај буџетот да ти биде пречка во твоите амбиции. Доколку сакаш да научиш нешто ново, ќе те поддржат Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци или Credissimo плус до 80.000 денари, кои ќе ти помогнат да ја изградиш кариерата што ја посакуваш!



Врати се назад

Прочитај повеќе