Планинскиот велосипедизам не е само обично возење велосипед. Чувството што ќе го добиеш ако се обидеш, ќе биде многу подобро од тоа што некој ти го опишувал. Тука ќе ти понудиме неколку причини кои треба да те убедат побрзо да посегнеш по велосипедот и да побрзаш во природа.
Авантура
Планинскиот велосипедизам со себе носи потреба да се истражува теренот и да се преземаат одредени ризици при тоа истражување. Ако возиш некаде првпат, секој нареден метар ќе ти биде нешто ново, нешто што треба да се осознае, понекогаш на полесниот, а понекогаш и на потешкиот начин. Треба да избереш од која страна ќе се искачуваш на ридот или на планината, да најдеш начин да ги избегнеш сите гранки од дрвјата што ти се испречуваат на патот или пак, како најлесно да минеш по тесниот мост. Тоа со себе носи одредено ниво на ризик, поради можните грешки, како на пример при одредувањето кој пат да се избере или поради ризикот од паѓање од велосипедот. Овој спој од ризик и истражување гарантира авантура.
Откривање нови места
Истражувањето со маунтинбајкот не подразбира само возење на места каде што не си бил досега. Земи го велосипедот и појди некаде во близина на град или село, некаде каде што веќе си поминал многу време. Ова ново возење ќе ти овозможи да го истражиш и да го видиш истото тоа место на поинаков начин. Уживањето во живописноста на местата од твоето опкружување е загарантирано.
Одлична вежба за телото
Маунтбајкингот е многу тежок спорт. Потребен е напор за да се искачиш по ридски предели, а не е лесно ниту да се спуштиш, а дури и возењето по рамен терен е понапорно отколку при возењето велосипед на асфалт. Еден час маунтбајкинг согорува 500–600 калории, приближно колку и пливањето. Особено добро ги обликува нозете и задникот.
Добар е за психичкото здравје
Самото поминување време во природа позитивно влијае на ослободувањето од стресот. По двочасовното авантуристичко возење ќе се чувствуваш посмирено, посреќно и со повеќе енергија.
Возењето велосипед во диви предели може ќе побара од тебе да поправиш некој ситен дефект на велосипедот, да побараш храна во дивината, а сигурно ќе побара и да се искачиш на планина. Маунтбајкингот е полн со предизвици. Неговото совладување ќе направи да се чувствуваш сигурно во своите способности и ќе ти ја зголеми самодовербата.
Овие совети би требало навистина да те натераат да започнеш со планински велосипедизам и тоа да стане твое ново хоби. Секое возење ќе ти биде авантура, а и како што кажавме погоре, одлично е за физичката состојба и за здравјето. За ова ти треба навистина добра опрема затоа што самата активност си носи и ризик. Доколку имаш голема желба за да започнеш со овој спорт, но твоите финансии се ограничени, немој да се грижиш. Аплицирај за „Credissimo плус" до 80.000 ден. и имај квалитетна опрема и добар велосипед, кои ќе ти овозможат целосна безбедност и одлично уживање, а ако си веќе подготвен и ти треба само надополнување, тогаш аплицирај за „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати.
Не мисли се, започни со возење!