Ако си почетник, оваа сезона ќе биде за тебе само запознавање со овие спортови, со нивните техники, теориски делови и пракса, па затоа би било сосема нереално да очекуваш да можеш веднаш да се спуштиш по падини како некаков акциски херој. Секако, немој ниту еден од овие спортови да ги пробуваш без претходна подготовка и тренинг. За неколку години со одличен тренинг (за овие спортови потребна е и кондиција и одлична физичка подготвеност) ќе имаш можност да ги согледаш границите на сопствените можности. Сега за сега, пробај и види што најмногу ти се допаѓа.
Сурфање на снег
Дисциплина чии почетоци се во Финска. Може да се спроведува во различни услови, со тоа што на снег се користат скии и сноуборд, кои се управуваат со помош на самостоечко крило слично на едрото за сурфање, користејќи ја силината на ветрот. Овој спорт е за сите оние кои веќе го имаат испробано едрењето на штица и на кои им се допаѓаат спортови кои се невозможни без природните сили.
Кајтинг на снег
Еден од релативно поновите спортови и еден од ретките кои овозможува спуштање низ падини и подигање од нив со помош на ‘’змeј’’. Се вози на штица или на скии, а поради можностите што ги дава начинот на движење, овој спорт може да се смета за еден од најслободните зимски спортови. Со змејот може да се прескокнува од една на друга падина, оддалечена и до 50 метри, или да се подига во висина и до 10 метри.
Боб санка
Боб санкање е олимписка дисциплина, доволно возбудлива за да се решиш да се испробаш и да станеш нејзин пријател за целиот живот. За почеток, ќе треба сам да си направиш патеки за возење боб ако нема онаму каде што мислиш да го возиш. Можеш да ги пробаш проверените скијачки патеки, но никако немој сам да се спушташ по планинските врвови кои се премногу стрмни со неисправен боб кој нема сопирачки или со неисправна опрема.
Искачување по мраз
Искачување по мраз е врвна забава за врвни спортисти кои пред се имаат почит кон природата, одлична форма и голема доза на авантуризам. Овој спорт се спроведува во неколку техники, а се практикува на замрзнати гребени и врвови, смрзнати водопади и т.н. Искачувањето е најдобро во друштво, па затоа собери си екипа од спортисти кои сакаат авантури и впушти се во оваа спортска авантура, на која секогаш повторно ќе и се враќаш.
Скијање по мраз
Скијање по мраз е спорт сличен на сурфање по вода со едра кои ги придвижува брзината на ветрот. Од опрема потребни се штица за едрење и едро, заштитна облека и очила. Подготви се да сурфаш по заледени водени површини кои немаат тенденција да пукнат од твојата тежина.
Овие спортови вредат да се пробаат затоа што нудат потполна забава, адреналин и возбуда.
Собери храброст и одлучи дали ќе пробаш еден или сите. Ако си храбар по природа, но немаш доволно пари за да се опремиш како што треба, а опремата е многу важна, само аплицирај за „Credissimo плус" до 80.000 денари и пробај нешто ново. А ако веќе си искусен и опремен за еден овие спортови и ти треба само мало дополнување, тогаш можеш да аплицираш за „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати.
Со среќа!