Првиот училишен ден - без нервози и со насмевка

Аплицираj
Првиот училишен ден - без нервози и со насмевка

31 август, 10 часот наутро. Трговските центри, книжарниците и детските продавници личат на објект за инвазија. Толпи од родители - во парови, поединечно, со деца и без деца, одат и се судруваат меѓусебно низ продавниците. Во какoфонија се слушаат извици како: "Не, нема да ти ja купам оваа играчка, тука сме за тетратки и не порасна ли веќе?!" или "Каде се проклетите боички, ајде, побрзо, зошто и облека треба да купуваме". Во моменти на затишје се дослушуваат тажни детски крикови: "Не сакам да учам, може ли да не одам во училише оваа година?"
Да, точно така изгледа сликата ден пред првиот училишен ден. Можеби некои од вас го виделе и учествувале во настанот, а на некои допрва треба да им се случи. А само неколку дена пред тоа, сè уште беше мрзеливо лето, долг одмор, легнување доцна и без обврски. Ако не сакате да предизвикате стрес или нервоза, не ја одложувајте организацијата за првиот училишен ден. Може дури да биде пријатна активност, но не и ако ја оставите во последен момент. Ако мислите дека 1 септември се сведува на цвеќиња за наставничката или можеби нова облека - грешка. Во тој случај, ако мислите така секојдневниот живот ќе ви се промени, ќе се прашувате "како да заборавам да земам пенкала? Ништо, следната недела. "
Клучот, се разбира, е планирање и подготовка. Така исцрпувачкиот настан "да го подготвиме детето за прекрасен прв училишен ден и среќен училишниот живот", навистина може да помине мирно и со насмевка.

Психолошка подготовка

Приодот е најважен, без оглед на намерата. Истото важи и за тргнување на училиште. Таква потреба имаат и децата и нивните родители.
Потсете се себеси и детето дека наскоро ќе биде повторно на училиште. Нека биде позитивен тон - на пример, како ќе се забавува со своите пријатели. Кажете му на првачето што го чека - што е училиштето, што се прави таму, споделете весели приказни од своето детство поврзани со соучениците и наставниците. Подготви го за поголеми одговорности, со компарација. На пример: Ќе мора да учите, но веќе сте големи и нема да спиете попладне како малите бебиња во градинка. Нека го почувствува како значаен чекор во неговото детство.
Со поголемите оваа финта нема да помине, се разбира. Нивното поставување е за "училиште-мачилиште", не за нови светови и хоризонти. Пробајте со мотивирање. Дајте му примери за тоа како тој може да биде добар ученик, без да мора да падне во редот на "бубалиците" и колку е кул тоа. Ако го менувате училиштето, да речеме дека имате средношколец, не ги минимизирајте неговите чувства и грижите се за новата средина. Важно е тинејџерот да разбере дека во првите денови сите ќе се чувствуваат чудно, но тоа е шанса да најде нови, многу добри пријатели и наскоро се ќе биде во ред.

Физичка и ментална подготовка

Воопшто не потценувајте го моментот во кој нежното "Добро утро, сонце, се наспа ли миличко?" ќе се претвори во нервозното "Ајде станувај конечно, колку пати ќе те будам, преку глава ми е, ќе задоцниш, ќе ти пишаат отсуство, Дали треба да те извлекувам од креветот повторно ?! "
Досега веќе требало да го смените ритамот на вашето дете, така што требало да го праќате во кревет рано и да не дозволувате да спие до доцните часови.
Започнете да го враќате назад кон умствени активности - малку повеќе читање, малку вежбање. И ако можете да разговарате за клучните моменти од минатогодишниот материјал, можете да се наградите.

Исто така, размислете во кои дополнителни физички активности може да учествува за време на училишните месеци и деновите што ги поминуваат најчесто седејќи во клупа. Разговарајте со него, сообразете со неговите желби (во разумни граници, се разбира). Контактирајте ги избраните клубови и проверете дали има места, кога можете да го запишете, итн..
Само внимавајте до кој степен ќе ги исполнувате желбите. Сепак, децата се деца, убаво е да ги практикуваат останатите активности, но треба и доволно време да се посвети на училиштето.

Планирање на буџетот и купување

Ајде да се вратиме на ситуацијата од самиот почеток. Сигурно немате огромна желба да се наоѓате во неа. Ја знаете постапката: Прво направете листа и приближителната вредност, како и средствата што реално може да ги издвоите.
Ќе има некои потребни работи што ќе треба да ги купите со тек на времето или кои ќе ги научите на првиот родителски состанок. Но, другите, можете да ги купите порано. Ако вашето дете тргнува во прво оделение, барајте во интернет листи, има многу. Во другиот случај, вие добро знаете кои се основните работи кои се потребни за на училиште и кои треба да ги купите. Постарите деца можеби можат дури и да си купат некои работи самостојно или со другарчињата. На пример, детето ќе биде поласкано ако може само да избере и да си купи ранец и несесер, облека за првиот училишен ден, итн. Сепак, поставете јасни критериуми и ограничете ја масималната граница на износот кој е дозволен да го потроши.

На крај, секогаш си го поставете прашањето: што заборавив? Запишувајте си кога ќе ви текне нешто. Треба ли да има кутија за храна? Дали има шише со вода или ќе му купувам за еднократна употреба? Дали столчето дома не му е мало? Сега ли да му купувам нова облека и обувки или да оставам за кога залади?

И на крај: Независно од сè, првиот училишен ден секогаш е возбудлив и со позитивно расположение. Потоа започнува рутинското секојдневие, па потрудете се навистина да е празник. По свеченоста во училиште, одведете го детето некаде да се забавува или дајте повеќе џепарлак на тинејџерот да излезе со своите соученици.

Credissimo ви посакува цветна есен, паметни деца и весело семејство! И запомнете: Ние сме "брзата помош за итни ситуации", ако сакате навистина се да се одвива според планот, но ви недостигаат финансиски средства и ви треба брз кредит. Со еден клик ја добивате бараната сума за неколку минути, на начин најлесен за вас и со индивидуален план за отплата.

Повеќе

И покрај фактот што сеуште не е откриена ниту волшебна рецепта, ниту некаква голема тајна, видете ги историите на познатите инвеститори
Бидејќи никој не сака да купува производи кои чинат поскапо, претпоставуваме дека прашањето е, од што зависи и како сепак да пазаруваме поефтино?
Искористи ја нашата промоција и земи го твојот кредит Credissimo до плата со 0% каматна стапка за период од 30 денови