Користењето кредити и позајмици е сосема вообичаена појава и пракса. Без кредит речиси е невозможно да се инвестира во нов стан, автомобил, студии во странство, почеток на нов бизнис. Овие финансиски инструменти се од голема помош, но секогаш треба да внимавате на условите под кои ги земате, како и начинот на кој менаџирате со долговите.
Ако секој месец плаќате две, три или повеќе кредитни рати во различни банки или финансиски институции, време е да размислите за рефинансирање и обединување на долговите во една месечна обврска. Ова решение може значително да го поедностави управувањето со личните финансии, а честопати и да придонесе за намалување на месечните трошоци.
Со модерниот брз начин на живот, потребата од подобра контрола на семејниот буџет станува сè поизразена. Според резултатите од истражувањето што го спроведе Credissimo, во просек дури 29% од месечниот буџет на едно домаќинство се издвојува за отплата на потрошувачки кредити. Тоа значи дека речиси една третина од приходите завршуваат за покривање на долговите, оставајќи помалку средства за секојдневните потреби, штедење или одредени непредвидени трошоци.
Кога едно домаќинство истовремено отплаќа повеќе кредити, најчесто има различни датуми на доспевање, различни каматни стапки и повеќе месечни рати кои треба навремено да се следат и отплаќаат. Ставате потсетници на телефонот за да не заборавите некоја од ратите или пак упорно ви ѕвонат од банката затоа што доцните два дена со плаќањето. Сето ова создава нервоза, одзема повеќе време за административни процедури, ја отежнува контролата врз личните финансии и го зголемува ризикот за доцнење со отплатите што може да предизвика дополнителни трошоци.
Во вакви ситуации, рефинансирањето на кредитите е практично и корисно решение кое штеди време, нерви и пари. Наместо повеќе одделни обврски, целиот долг може да го обедините во еден нов кредит, со една месечна рата и единствен рок на отплата. На тој начин, поедноставно ќе управувате со финансиските обврски и полесно ќе го планирате месечниот буџет. Дополнителна предност е што новиот кредит може да биде со поповолни услови од постоечките задолжувања. Во зависност од понудата на финансиската институција, тоа може да значи пониска каматна стапка, подолг рок на отплата или комбинација од овие две придобивки. Затоа, пред да донесете конечна одлука, многу е важно внимателно да ги разгледате и споредите сите услови за отплата, а не само висината на месечната рата.
НЕКОЛКУ КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА РЕФИНАНСИРАЊЕ КРЕДИТИ
Пред да аплицирате за рефинансирање на кредитите, направете кратка анализа на вашите месечни приходи и расходи. Но, при тоа важно е да обрнете внимание на уште неколку важни аспекти кои може да ви помогнат при носењето на конечната одлука како и каде ќе ги обедините долговите.
За да ви помогнеме полесно да ја направите потребната анализа, во продолжение споделуваме неколку корисни совети:
Credissimo нуди поволни финансиски пакети со кои можете брзо и лесно да ги рефинансирате постоечките долгови и позајмици. За само неколку минути може онлајн да аплицирате за потрошувачки кредит во висина до 200.000 денари и рок на отплата до 36 месеци.
Рефинансирањето не е универзално решение за секоја ситуација, но ако е внимателно избрано и усогласено со личните финансиски можности, може да помогне во намалување на финансискиот притисок, подобра контрола врз семејниот буџет и поедноставно управување со кредитните обврски. За домаќинствата кои значителен дел од своите приходи издвојуваат за отплата на кредити, обединувањето на долговите во една месечна рата може да биде важен чекор кон поголема финансиска стабилност и повеќе пари за инвестиции, штедење или годишен одмор.
- Пресметајте го вкупниот трошок на новиот кредит, а не само висината на месечната рата. Пониска рата може да значи подолг рок на отплата и повисок вкупен износ што ќе го платите на крајот од кредитот.
- Проверете дали новата месечна обврска одговара на семејниот буџет. По отплатата на кредитот треба да ви остануваат доволно средства за редовните животни трошоци, штедење и непредвидени расходи.
- Проверете дали постојат трошоци за предвремена отплата на постоечките кредити или други надоместоци кои може да го направат рефинансирањето неисплатливо.
- Изберете рок на отплата што одговара на вашите финансиски можности.Подолг рок може да ја намали месечната рата, но и да го зголеми вкупниот износ што ќе го платите. Најдобро е месечната рата да не е преголем товар за вашиот семеен буџет.
- Споредете понуди од повеќе финансиски институции и побарајте детална пресметка пред да ја донесете конечната одлука.
Credissimo нуди поволни финансиски пакети со кои можете брзо и лесно да ги рефинансирате постоечките долгови и позајмици. За само неколку минути може онлајн да аплицирате за потрошувачки кредит во висина до 200.000 денари и рок на отплата до 36 месеци.
Рефинансирањето не е универзално решение за секоја ситуација, но ако е внимателно избрано и усогласено со личните финансиски можности, може да помогне во намалување на финансискиот притисок, подобра контрола врз семејниот буџет и поедноставно управување со кредитните обврски. За домаќинствата кои значителен дел од своите приходи издвојуваат за отплата на кредити, обединувањето на долговите во една месечна рата може да биде важен чекор кон поголема финансиска стабилност и повеќе пари за инвестиции, штедење или годишен одмор.