Светско првенство 2026: почна нокаут фазата со 32 репрезентации

Светско првенство 2026: почна нокаут фазата со 32 репрезентации

По 16 дена и 72 натпревари исполнети со бројни изненадувања, драматични пресврти, голови во судиското продолжение, но и паузи за хидратација, заврши групната фаза од Светското првенство 2026 во фудбал. Во наредните 22 дена, љубителите на фудбалот ќе може да уживаат во натпреварите од елиминациската, односно нокаут фазата, кои вообичаено носат многу повеќе возбуда, адреналин и фудбалска магија.

Следуваат уште вкупно 32 натпревари на кои секој гол е чекор напред кон светскиот фудбалски врв, но секоја грешка може да значи крај на сонот за престижниот пехар на ФИФА.

Светското првенство во фудбал е несомнено најголемиот и најпопуларен глобален спортски настан кој на секои четири години го привлекува вниманието на милијарди гледачи од сите меридијани. Ова, 23-то издание на мундијалот, веќе влезе во историјата по рекордниот број учесници односно вкупно 48 национални селекции, а домаќини на турнирот првпат се три држави: Соединетите Американски Држави, Канадa и Мексико. Натпреварите се играат на 16 стадиони во 16 различни градови, а трибините вообичаено се исполнети до последното место.

Кои репрезентации обезбедија место во нокаут фазата на Светско 2026?

Нокаут фазата на Светското првенство 2026 вклучува дури 32 репрезентации, па така покрај очекуваните фаворити во групите, во фудбалските арени ќе продолжат да се борат и неколку селекции кои се вистинско изненадување на турнирот.

Стопроцентен учинок односно три победи во исто толку натпревари остварија само Мексико, Франција и Аргентина, додека фаворитската улога во своите групи ја оправдаа и Бразил, Германија, Холандија, Шпанија и Англија.

Но, место во 16-финалето обезбеди и репрезентацијата на Зеленортските Острови, односно Кабо Верде, мала островска земја со околу 600.000 жители, за која ова е прво учество на светско првенство. За место во осминафиналето ќе се борат и Босна и Херцеговина и Хрватска, селекции кои имаат голем број поддржувачи во Македонија, но и насекаде во светот.

По континенти, најголем број учесници очекувано има од Европа, но највпечатлива приказна сепак е настапот на африканските селекции. Дури девет од вкупно 10 репрезентации од овој континент ја минаа групната фаза.

Ова е списокот на сите учесници во следната фаза, по континенти.

Европа (13 селекции): Германија, Холандија, Норвешка, Франција, Шведска, Англија, Белгија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Австрија, Португалија, Хрватска, Швајцарија

Африка (9 селекции): Јужна Африка, Мароко, Брегот на Слоновата Коска, Конго, Сенегал, Алжир, Египет, Зеленортски Острови и Гана

Јужна Америка (5 селекции): Бразил, Парагвај, Еквадор, Аргентина и Колумбија

Северна Америка (3 селекции): Канада, Мексико и САД

Азија (1 селекција): Јапонија

Австралија и Океанија (1 селекција): Австралија

Пресметките во првата елиминациска рунда ќе траат до 4-ти јули, а најголемо внимание предизвикуваат дуелите Португалија - Хрватска, Бразил - Јапонија, Холандија - Мароко и САД - Босна и Херцеговина.

Меси и Роналдо повторно во центарот на вниманието на Светското првенство

Ова светско првенство е историско за две од најголемите имиња во историјата на фудбалот: Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Меси повторно ја предводи Аргентина во одбрана на светската титула и по групната фаза е прв стрелец на турнирот со шест гола, покажувајќи дека и понатаму е клучен играч во најважните моменти. Со тоа стигна до бројката од вкупно 19 голови на светските првенства со што стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување, чие прво издание се одржа во 1930 година.

И Роналдо влезе во историјата. Тој стана првиот играч кој постигнал гол на шест светски првенства. Иако Португалија не беше најубедлива во групната фаза, сè уште важи за еден од најголемите фаворити да стигне до фудбалскиот трон, а секако токму Роналдо е предводникот на оваа генерација португалски фудбалери.

Покрај нив, во фокусот се уште неколку врвни фудбалски имиња: францускиот волшебник Килијан Мбапе, шпанската сензација Ламин Јамал, англискиот голгетер Хари Кејн и бразилскиот магионичар со топката Винисиус Жуниор.

Но, има и еден играч кој се стекна со култен статус иако пред првенството неговото име не го знаеше речиси никој надвор од неговата земја. Тоа е Возиња, 40-годишниот голман на Зеленортските Острови, кој откако не прими гол во натпреварот против Шпанија, доби веднаш популарност. Неговиот Инстаграм профил кој пред првенството имаше околу 50.000 следбеници, ја надмина бројката од неверојатни 17 милиони следбеници. Токму оваа приказна од соништата е најдобар доказ за моќта на најважната споредна работа на светот - фудбалот.

Цените на билетите за Светско 2026 рушат рекорди

Уште пред почетокот на Светското првенство 2026, анализите покажаа дека билетите ќе бидат најскапи досега. Тоа не беше пречка илјадници фанови да ги бодрат своите репрезентации од трибините бидејќи за многумина можноста да се биде дел од еден мундијал, макар и како навивач, е прилика што се појавува еднаш во животот.

Токму ваквите големи спортски настани покажуваат колку е важно навремено да се планира личниот буџет. За навивачите кои размислуваат за патување, билети или дополнителни трошоци, брзите финансиски решенија, како оние на Credissimo, можат да бидат дел од практичното планирање.

Но, следењето на дел од елиминациските дуели ќе биде вистински луксуз. Официјалните цени на билетите за 16-те натпревари се движат од 60 до 1.050 долари, во зависност од натпреварот и позицијата на седиштата. Но, цените на „црниот пазар“ за дел од натпреварите експлодираа преку ноќ.

На пример, најевтините билети за дуелот Португалија - Хрватска достигнаа над 3.000 долари. Неколку илјади долари ќе треба да издвојат и фановите што ќе сакаат во живо да ги следат натпреварите Аргентина - Зеленортски Острови и Мексико - Еквадор.

Во нокаут фазата веќе нема „поправен“

Финалниот натпревар на Светското првенство 2026 ќе се игра на 19 јули, на стадионот во Њујорк, кој има капацитет од 82.500 гледачи. Но, патот до таму не е воопшто лесен. За да се стигне до финалето потребно е да се добијат четири натпревари, а како што ќе се стеснува кругот, битката ќе биде сè потешка.

Има полесни и потешки противници, но само на хартија. Кога еден натпревар решава кој ќе продолжи понатаму, секој може да победи секого. Нема реми што носи бод, нема калкулации со гол-разлика. Доколку резултатот е нерешен по 90 минути, следуваат продолженија, а ако и тогаш нема победник - пенали.

Токму затоа елиминациската фаза традиционално ги носи најемотивните моменти на секое светско првенство - од херојски одбрани на голманите до голови во последните секунди и драматични пенал-серии.

Патот до пехарот никогаш не бил подолг, а веројатно ни потежок. На крајот, само една од вкупно 32 селекции ќе се радува и во наредните четири години ќе го носи епитетот првак на светот. А тоа дефинитивно, не е мала работа.

Поврзани статии

Безгрижен предновогодишен празничен шопинг

Безгрижен предновогодишен празничен шопинг

Нова Година. Божиќ. Фамилија. Веселба. Јадење, пиење... Слика на полно блаженство. Меѓутоа додека да стигнеме до таму, повеќето од нас поминуваат низ пекол. Пеколот на предпразничното трчање по продавниците.. Во ваква непријатна ситуација може да попадне речиси секој од нас и е убаво да се знае дека сепак не е крај на светот. "Кредисимо" мисли за Вашето секојдневно спокојство и Ви нуди помош на сите оние кои што го оставате шопингот и за во последен момент.

10 совети како да го оптимизираш смејниот буџет

10 совети како да го оптимизираш смејниот буџет

Управувањето на личните финансии воопшто не е комплицирана задача

7 Совети за тоа како безбедно да земете брз кредит

7 Совети за тоа како безбедно да земете брз кредит

За да сте задоволни клиенти прочитајте ги седумте правила на Кредисимо за безбедност при земањето на брз кредит

Земање на кредит за непредвидени трошоци

Земање на кредит за непредвидени трошоци

Брзите заеми се заеми, кои што може да ги земете само за неколку минути.

Испланирај си го зимувањето со помош на на Credissimo

Испланирај си го зимувањето со помош на на Credissimo

Погледни низ прозорецот – освен ако не се наоѓаш во некоја удобна викендичка на планина – гледаш сонце и тотален недостаток на снег. Каква е таа зима без снег во декември? Но колку и да изгледа сончево времето, зимата наближува. Веќе ја осеќаме преку мирисот на печените коштени и дополнителните новогодишни трошоци. Ни пристигаат зголемени сметки за греење, купуваме подароци за Нова Година и се спремаме за тековните празници. Но дали пропуштаме нешто многу важно?