Врати се назад Статии

Ти си студент и имаш итна потреба од пари – кредит за студенти

Ти си студент и имаш итна потреба од пари – кредит за студенти

Брзи кредити за студенти

Студентските години се незаборавно време од животот на секого. За првпат стекнуваш самостојност, запознаваш нови пријатели, од кои некои остануваат засекогаш, поминуваш непроспиени ноќи во читање за испити, или пак на журки.

Колку и интересен да изгледа студентскиот живот, токму тука се среќаваш со првите предизвици и потешкотии кои те подготвуваат за времето по дипломирањето. Секој студент бил во ситуациja кога немал доволно пари. Родителите не се во близина, пријателите се во истата ситуациjа, а ти можеби сеуште не си jа нашол првата студентска работа.

За што може да ти послужи студентскиот кредит

Решение на ситуацијата кога итно ти требаат средства, може да биде земањето на брз заем. Со таков кредит можеш да покриеш различни потреби:

  • да ја платиш семестралната такса;
  • да си купиш книги, учебници, компјутер или други материјали кои ќе ти бидат потребни за учењето;
  • да ја платиш киријата на местото во кое живееш;
  • да ги платиш сметките;
  • да финансираш било какви трошоци, доколку сега почнуваш со работа, и имаш период на "дупка" до првата плата;

Важно е да знаеш дека доколку се обратиш кон кредитна институција, таа ќе мора да биде сигурна дека можеш да го отплаќаш кредитот навреме секој месец. Најдобра гаранција дека ќе ти биде одобрен, е да имаш постојана работа со договор за вработување или други приходи кои можеш да ги докажеш. Твоите родители исто така може да земат брз заем наместо тебе, доколку ти сеуште не ги исполнуваш основните услови да бидеш одобрен.

Пред да земеш кредит

Пред да jа испратиш апликацијата, истражи ги внимателно фирмите на пазарот. Прочитај какви се условите и опциите кои ги нудат. Направи си пресметка коja фирма ќе jа избереш и како ќе ги исплаќаш месечните рати. "Кредисимо" нуди заеми до 40 000 денари и можност за плаќање до 15 месеци. Подобро е да не земаш поголем износ отколку што ти е потребен. Исто така процени добро колку и кога можеш да враќаш, бидејќи доцнењето на плаќањето на ратите носи ризик од камата. Не си дозволуваj да бидеш во ситуација на преголемо задоцнувањe - не треба да ја учиш оваа лекција на потешкиот начин.

Брзиот заем може да ти биде од исклучителна корист, за да продолжиш напред со образованието. Користи го разумно.

 

Поврзани статии

Врати се назад
Како користиме вештачка интелигенција во Credissimo ?
Статии

Како користиме вештачка интелигенција во Credissimo ?

Запознај се со нашиот чат-бот Симо кој интерактивно комуницира со сите наши клиенти наеднаш. Пиши му и прашај го нешто сега

Прочитај
Најлесниот начин да земете пари во кеш
Статии

Најлесниот начин да земете пари во кеш

При аплицирањето за брз онлајн кредит не е потребно ништо друго освен да сте полнолетен и да имате важечка лична карта.

Прочитај
Кои потрошувачки навики ќе бидат актуелни во 2023 година?
Статии

Кои потрошувачки навики ќе бидат актуелни во 2023 година?

Види како ќе се промени тенденцијата во купувањето и како тоа ќе влијае на потрошувачите оваа година

Прочитај
Заработи преку интернет!
Статии

Заработи преку интернет!

Никогаш не е лошо да имаш дополнителен приход. Прочитај ги нашите совети и инспирирај се како да заработуваш онлајн.

Прочитај
 5 совети за онлајн шопинг на Black Friday
Статии

5 совети за онлајн шопинг на Black Friday

Прочитај ги петте совети за онлајн шопинг на BLACK FRIDAY и купи си безбедно и безгрижно се што ти треба!

Прочитај