Уживај во предностите на онлајн кредитирањето

Аплицираj
Уживај во предностите на онлајн кредитирањето

Во изминатиов период, се почесто граѓаните се мета на сајбер измами, најчесто поради кражба на лични податоци со крајна цел обезбедување на парични средства на нелегален начин.

И се додека ти мислиш дека дека кражбата на лични податоци, кредитната картичка или податоците за неа не може да ти се случи тебе и се додека не ги превземеш вистинските мерки за безбедност, може лесно и ти да станеш цел на измамниците и крадците.

Само минатиот месец регистрирани се неколку измами на граѓани преку социјалните мрежи. Од официјалните информации станува збор за измамниците кои најчесто преку апликацииите Фејсбук и Месинџер, контактирале со граѓани на кои им ги злоупотребувале личните податоци како фотокопија од лична кaрта, трансакциска сметка и електронска здравствена легитимација. Овие податоци сторителите ги злоупотребувале за стекнување и добивање брзи кредити од финансиски друштва во нашата земја, преку електронско аплицирање во име на оштетените граѓани.

Како да се заштитиш од вакви случаеви? Најпрво треба добро да се информираш!

Да бидеш свесен за измамниците е еден од најважните чекори за да ги одбегнеш истите. Штом ќе ги знаеш нивните лукавства, поверојатно е дека ќе можш да ја забележиш измамата. Измамата е нечесно или противзаконско дејство што може да те наведе да дадеш пари, лични податоци или нешто друго што има вредност. Онлајн измамите обично ги вршат лица со лажен профил или лажни претпријатија. И покрај тоа што интернетот може да биде прекрасно место што можеш да го истражувш и да се забавуваш, добро е да бидеш внимателен!

Еве неколку врвни совети како да ги препознаете и да ги избегнете измамите.

Заштитете си ги личните податоци. Не оставајте лични податоци (адреса, матичен број) или податоци поврзани со твоите сметки во банка (трансакциска сметка, ПИН код) доколку навистина нема потреба за тоа и целиот процес е небезбеден. Измамниците ќе се обидат да добијат пристап до твоите лични податоци така што ќе поставуваат прашања или ќе ти дадат упатства преку телефонски повик, е-пошта, текст или преку социјалните медиуми. Измамниците ќе ги користат твоите податоци за да ги украдат твоите пари или да извршат друго злодело.

Знаци што покажуваат дека можеби се работи за измама:

внимавај на неочекувана е-пошта, пораки или повици од непознато лице
ветувања за финансиски добивки 
закани за казна или долг
закани за затворање или стопирање на твојата сметка
страници што не изгледаат оригинално, како на пример, необична адреса на веб-страница
невообичаено чувство на итност или поставување временски рок

Совет: ако не си сигурен дали пораката или повикот се вистински, не ги користи дадените детали за контакт, туку наместо тоа, направи пребарување на бројот на организацијата или нејзината адреса на е-пошта.

Со цел максимална заштитеност на нашите клиенти во Credissimo при одобрување на нашите кредити задолжително ги превземаме следните чекори:

Проверка и валидација на личните податоци на клиентот
Потврдување на трансакциската сметка на клиентот преку директна врска со банките
Детален преглед и индивидуална оценка на кредитната способност на клиентот
Верификација и постојано ажурирање на сите податоци за контакт на клиентот

Како компанија постојано работиме на олеснување на процесот на аплицирање и инкорпорирање на најновите светски трендови за работа, кои произлегоа како решенија од пандемијата. На тој начин, аплицирањето целосно онлајн го направиме многу побезбедно и полесно од било кога, а тоа ќе им помогне на нашите клиенти да стигнат до финансиски средства уште побрзо и што е најважно побезбедно, кога им се најпотребни.

Повеќе

Земи Credissimo Плус до 80 000 ден. и може да добиеш нов iPhone 11.
Понекогаш, потребен е само мал совет од луѓе кои веќе се успешни.
Аплицирај за 30 000 ден. со рок на исплата од 3 месеци до 31.03.2021 г. и плаќај со 0% камата!