Подароци за првачињата шеста година по ред

Подароци за првачињата шеста година по ред

Ја продолжуваме традицијата и шеста година по ред ги израдувавме првачињата со подароци за успешен почеток на новото поглавје во нивниот живот. Во рамки на кампањата „Секогаш биди број 1“, посетивме повеќе основни училишта во неколку градови низ Македонија и дониравме пакет подароци со училишни материјали за првачињата. Годинава дел од оваа активност се основни училишта во населби и села во Струмица, Крива Паланка, Скопје, Прилеп, Куманово, Штип, Свети Николе и Крушево. Станува збор за училишта кои не беа вклучени во кампањата во текот на изминатите пет години бидејќи нашата цел е „Секогаш биди број 1“ да стигне до што повеќе населени места во државата.

„Ова е една од нашите најдраги активности за општествена одговорност, со оглед на тоа што е посветена на најмладите кои започнуваат ново патување во училишните клупи. Секогаш е добро да се инвестира во децата и нивниот раст и развој бидејќи тие се нашата иднина. Особено нѝ е драго што во изминатите шест години успеавме кампањата „Секогаш биди број 1“ да ги израдува првачињата во речиси сите населени места низ Македонија, но тоа не значи дека ќе запреме, туку со задоволство ќе ја спроведуваме и во иднина“, вели Георги Руков, ко-основач и управувачки партнер во Credissimo.

Годинава дел од училиштата во кои доставивме подароци за првачињата е Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, кое обезбедува воспитно – образовни активности за ученици со попреченост.

„Задоволство нѝ е што годинава ОУРЦ „Иднина“ е дел од кампањата „Секогаш биди број 1“ и што нашите првачиња добија подароци со училишни материјали за успешен почеток на новата учебна година. Не постојат мали и големи иницијативи, туку само иницијативи кои се искрени и од срце, особено кога се насочени кон поддршка на децата. Ние ги учиме нашите ученици дека поддршката и другарството се едни од најважните работи во животот, и токму затоа драго нѝ е што се вклучивме во активноста на Credissimo“, вели Лорета Андреевска, директорка на ОУРЦ „Иднина“.

Во рамки на кампањата „Секогаш биди број 1“, за шест години подаривме пакети со училишен прибор на вкупно 3770 првачиња во 86 основни училишта. Спроведуваме повеќе општествено одговорни активности насочени кон подигнување на свеста за машкото и женското здравје, еко-акции, реновирање библиотеки и донации во Зоолошката градина во Скопје.

Поврзани статии

И оваа година Credissimo им посака топло добредојде на првачињата

И оваа година Credissimo им посака топло добредојде на првачињата

Втора година по ред се спроведува кампањата под име „Секогаш биди број 1”, преку која подаривме околу 750 училишни прибори во 21 основно училиште

Четврта година организираме кампања за првачиња „Секогаш биди број 1“

Четврта година организираме кампања за првачиња „Секогаш биди број 1“

Credissimo ја продолжува својата традиција на поддршка на првачињата со кампањата „Секогаш биди број 1", подарувајќи подароци со училишен прибор

Израдуваме повеќе од 550 првачиња ширум Македонија

Израдуваме повеќе од 550 првачиња ширум Македонија

Вчера, на првиот училишен ден, раздадовме подароци со училишен прибор на првачињата во неколку градови. Детската радост ги стопли нашите срца.

Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата

Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата

Ја спроведуваме веќе петта година по ред. Ќе продолжиме и во иднина да ги поддржуваме првачињата со подароци за првиот училишен ден.