Преглед навреме и за мажите

Преглед навреме и за мажите

Месец ноември или како милуваме да кажеме ,,моември’’ веќе стана синоним за ,,машки’’ месец посветен на машкото здравје и подигање на свеста за превенција и рано откривање на машките болести, посебно за заболувања на простатата.

Приказната за мустаќите не е само тренд кој мажите ширум светот го прифатија туку има длабоко значење и испраќа силна порака до целата популација. Сé започнало во 2003 година кога група пријатели од Австралија дошле до идеја да си постават предизвик и да израснат мустаќи во текот на месец ноември за да му пренесат на светот сериозна порака за превенција од болести на простатата, сè со цел да се подигне свеста за здравјето кај мажите. Идејата била повеќе од прифатена ширум светот, па така и мустаќите како симбол за овој месец.

На глобално ниво, секоја година сè повеќе мажи се под ризик од сериозни здравствени последици поради недоволна информираност за болестите. Ноември е во функција да ги поттикне мажите на практиката почесто посетување на доктори и редовни превентивни прегледи кои можат да помогнат во рано дијагностицирање на болестите, а со тоа и овозможување на навремен третман.

Како и секогаш Credissimo како општествено одговорна компанија, излезе во пресрет на овој месец и на машкото здравје.

Имено во саботата, 16.11.2024 Credissimo имаше успешен и добротворен настан по повод Movember во Еаst Gate Mall. Се подаруваа бесплатни ваучери за ехо преглед на простата + PSA тумор маркер.

Значењето да се биде едуциран за оваа болест не може да се потцени: Ако ракот на простата се открие во рана фаза, може да се излечи, па оттука и важноста на раниот скрининг.

Од тие побуди тимот на Credissimo како и секогаш со иновативен пристап се доближи до граѓаните преку подарување на бесплатни ваучери за ехо преглед на простата + PSA тумор маркер во клиниката Sante Plus.

Во октомври подарувавме ваучери за бесплатен ехо преглед на гради за жените, сега подарувавме ваучери за бесплатен ехо преглед на простата за мажите. Се грижиме за здравјето на жените, но и на мажите! Како општествено одговорна камања се грижиме за целото општество.



Врати се назад

Прочитај повеќе