Идеи за полна пролетна промена – како да постигнеш хармонија на духот и телото?

ОД Credissimo МК | 23.03.2017
Идеи за полна пролетна промена – како да постигнеш хармонија  на духот и телото?

И ако делуваше како зимата, студот и темните денови дека нема никогаш да прекинат, пролетта веќе ни пристигнат. Светот почнува да цути одново со целата палета на бои, топлина и ни ветува нов почеток. Уште во првите сончеви денови, започнуваме да мислиме на промена во секојдневието. Си припомнуваме на новогодошниот список, во кој си ветивме дека ќе го “прочистиме“ животот и мислите од непотребните нешта и ќе размислуваме позитивно за сѐ. Што се случи со тие ветувања?

Треба да признаеме дека зимските денови не се најдобриот период за започнување на нешто ново. Со доаѓањето на пролетта, веќе денот е подолг, сѐ е полно со живот, и сончевите зраци не обливаат со топлина. Сега е многу полесно да започнеме некаква промена. Ако имате потреба од насока или отскокна точна, во оваа статија ќе најдете неколку лесни, но ефективни идеи, со чија помош ќе се почуствувате како нов човек.

Пролетна генералка

Пролетното чистење си има свои историски корени. Во првите топли денови од годината, луѓето ја ваделе својата покуќнина надвор, за да ја прочистат прашината натрупана во зимата. Денеска, се разбира, тоа ретко се случува.
Прочистувањето по дома има психолошки ефект. Ви се случувало ли, откако ќе расчитите, ќе ги исфрлите непотребните работи и ќе преуредите, да се почуствувате како да сте во нов дом? Просторот кој ќе го ослободите, со отстранување на нештата кои не ги користите, ќе ви донесе душевен мир. Ќе се чуствувате како секогаш да имате уште една дополнителна соба, нели? Освен тоа, прочистувањето на прашината од местата до кои ретко стигате, ќе го направи воздухот во вашиот дом почист и ќе дишете помирно.
Затоа препорачуваме да не го пропуштате пролетното чистење, дури и да ве изгледа премногу тешко. Плус ќе се раздвижите после долгата зима, со што дополнително ќе се наполните со енергија.

Ако пак повеќе сакате да се шетате на сончевото време, постојат фирми кои може да го изчистат вашиот дом, и ќе ви ја скратат оваа задача. А во случај тоа да чини повеќе отколку што може да одделите од семејниот буџет, Credissimo е тука да во понуди пари на време.

Ослободување од гардеробата

Сите имаме алишта во својот гардеробер, кои што ни се омилени, но не ги носиме поради една или друга причина. Дали ќе чекаме да влеземе во форма, или повторно да се вратат во мода, тие ќе зафаќаат простор, а додека им дојде редот, најверојатно веќе нема ни да имаме желба да ги носиме. Непишано правило е, ако не носите нешто подолго од една година, нема веќе да го облечете. Затоа не се затрупувајте со непотребни парчиња – отстранувањето има терапевтски ефект.

Повремената проверка и прочистувањето на гардеробата, како и пролетната генералка, ни помага да се ослободиме од непотребните работи. Освен тоа ваквото прочистување има уште 2 предности. Прво, кога гардеробата ни е подредена, рано наутро имаме повеќе време за кафе или да си поспиеме подолго, наместо бесконечно да го бараме парчето облека кое што сакаме да го облечеме. Втората предност е тоа што знаете што ви треба и може да идете на шопинг – нели е време за промени. А за благодетите од шопингот нема да се убедуваме. Затоа дури и да треба да ја промените целата гардероба, не се колебајте! А ако наидете на некој исклучителен попуст, Credissimo нуди пари, без да чекате до плата.

Освежување на интериорот

Домот веќе ви блешти од чистота, а вие се радувате на дополнителниот простор. Сега е време да си го направите домот уште попријатно место, исто како да ја внеле пролетта во вашиот дом. Следете го примерот на природата – внесете цветови. Пребојте дел од зидовите со силни бои и домот ќе ви светне! Може да залепите и некакви интересни тапети на ѕидовите, кои се поставуаат лесно и цената им е достапна. Дополнителната предност е што повеќето може да ги тргнете лесно, без да ви останат траги на вашиот ѕид.

Може да ја промените и постелнината во спалните – факт е дека сите сме навикнати на бели чаршави и покривки, но нели обновуваме? Пробајте нешто посвежо – изборот во продавниците е голем, така да ако сакате драстична промена, лесно ќе најдете соодветна постелнина. Додека сме во спалната може да ги смените и завесите на прозорците – зашто да не одговараат на новата постелнина.

Не се плашете да бидете малку посмели во изборот на бои. Светлите нијанси, кои ја означуваат пролетта, како зелено, жолто, сино дури и виолетово, внесуваат свежина и го подобруваат расположението.

Во случај да се колебате, најлесниот начин да донесете решение е да си го поставите прашањето, “Дали тоа ми прави да се чувстувам подобро“? Ако одговорот е позитивен, нема што да се чудите повеќе.

Градина – рајско катче после долг ден

Пролетта е идеалниот период од годината за дворот да го претворите во рајско катче. Факт е дека си бара работа, но резултатите ќе си го кажат своето – до крајот на летото ќе ги берете плодовите на вашиот труд. Тоа може да се случи и буквално, ако имате посадено овошни дрва или зеленчуци.

Во духот на пролетта, направете си градина, создадена со полно љубов и грижа, катче во кое си наоѓате душевен мир и се опуштате после напорниот ден. Како што знаете, работата со растенија е една од најдобрите антистрес терапии.

Ако немате двор, создадете си свое катче на терасата, по праговите на прозорците, па може дури и во ходникот. Поканете ја природата и пролетта дома и тие ќе ви го донесат потребниот мир и релаксација.

Духовно обновување – подарете за да ви се врати

Домот и сите лични работи ви се подредени. Градината е средена и личи на рајско катче. Сега веќе сигурно имате еден куп непотребни нешта, за кои ви е жал да ги исфрлите. Сепак, сѐ си има своја емоционална и сентиментална вредност. Еден дел може да го подарите на блиски пријатели и роднини. Другиот дел може да го дадете во доброволни цели.

Не треба да заборавите дека тоа што го подарувате, треба да биде во добра состојба и да може да се користи. Ако имате скинати алишта, неисправна електротехника, рѓосани тенџериња, подобро е да ги исфрлите или да ги дадете на отпад. Или пак, ако сакате да ги дадете во добротворни цели, може да пробате да ги поправите.

Подарувањето ќе ви направи да се осеќате подобро. Самиот факт дека ќе му помогнете на некој и ќе го направите среќен, ќе го подигне вашиот дух. Ќе се почуствувате подобро како социјално одговорен човек, бидејќи сте.

Одделете време за себе си

Бидејќи станува збор за промени, нема како да не го изоставиме најважното нешто – самите себе си. Треба да сте во хармонија не само со околината, но и внатрешно, за да можат промените да имаат долгорочни резултати. Затоа размаземете се. Како што велат “Здраво тело, здрав дух“ (шопинг, иако има одлични краткорочни резултати, не е точно тоа кое го имаме во предвид).

Во долгата зима скоро и да не го напуштивме домот, освен кога беше потребно. Затоа пролетта е моментот кога треба да се радуваме на убавото време и да поминуваме подолг период на сонце. Кога имате можност – медитирајте, спортувајте на отворено или едноставно прошетајте низ природа – сами или со пријателите, направете си пикник или соберете се во најбилискиот парк.

Заборавете го секојдневието и релаксирајте се. Почестете се со масажа или Спа викенд. Напуштете го градот и уживајте во природата.

Дозволете си одмор. После неколку дена во природата – сами или со најблиските, ќе се чувствувате како нов човек. А зашто да не направите и мини екскуризја до дестинацијата која што отсекогаш сте сакале да ја посетите, но никогаш не сте имале време или друштво. Видете како да си го финансирате одморот со помош на Credissimo.

Идеите се бескрајни, бидејќи има само едно правило за сѐ што наведовме погоре. Правете го тоа што ве прави среќни или ако се чувстувате добро, значи поставуате правилно. Ако немате доволно финансии, не дозволувајте тоа да ве запре – Credissimo обезбедува пари на време.

Назад

Прочитај повеќе

Со користењето на сајтот за брзи кредити credissimo.mk, ги прифаќаш условите за 'cookies' од наша страна. Со нив ние го подобруваме квалитетот на нашите услуги.