Време е за пролетна генералка!

Аплицираj
Време е за пролетна генералка!

Деновите се затоплуваат, дрвјата се расцветвани и насекаде се чувствува таа позната и весела пролетна атмосфера. Секаде, освен во твојот дом. Тоа значи дека пристигна времето од годината за внесување промени во домот и негова тотална, пролетна генералка. Знаеме колку е тоа напорно, па затоа тука сме да ти помогнеме полесно да се справиш со оваа „пролетна мисија“.

Освежи го просторот!

Еден од најважните чекори при пролетната чистка е ослободување од непотребните работи и складирање на зимските предмети. Така домот ќе го ослободиш од сите предмети кои создаваат „бучава“ во просторот, а ќе внесеш свежина и продор на светлина. Започни така што ќе ги сортираш сите предмети во 5 категории: предмети кои ти се секојдневно потребни, предмети кои ги користиш одвреме-навреме и ги чуваш во фиока, предмети за складирање, предмети за подарување и предмети кои ќе завршат директно во корпата за отпадоци. Внимавај, пред да одлучиш да се ослободиш од некои предмети засекогаш, размисли дали би можел да ги продадеш или да ги подариш некому на кој би му биле потребни.

Биди темелен!

Бидејќи времето е сѐ потопло и потопло, веќе нема простор за барање изговори кога станува збор за поголемите обврски при чистењето. Чистење на прозорците и скарата, средување на дворот и бојадисување на ѕидовите се нешта кои не се прават често но, ќе му дадат нов и блескав изглед на твојот дом. Наместо да ги одложуваш овие обврски, посвети еден викенд да ги сработиш сите работи кои досега си ги избегнувал.

Воспостави навика за редовно чистење!

Сепак, не е секоја навика лоша. Откако ќе завршиш со генералното чистење, вообичаеното, неделно средување на домот, доколку го правиш редовно, ќе ти биде брза задача која нема да ти претставува голем напор. Разбери го чистењето како време за себе. Пушти ја омилената музика, стави ги ракавиците и фати се за работа! Верувај, кога ќе го видиш резултатот ќе бидеш благодарен на самиот себе си.

Виде предмети кој совршено би се вклопиле во твојот дом или пак сакаш професионален тим да се погриши за целата генералка, а не можеш да чекаш до платата? Уживај, тука е Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така можеш да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. А, доколку овојпат пролетното преуредување е многу сериозно, тука е Credissimo плус до 80.000 денари кој ќе ти помогне да му дадеш сосема нов и модерен изглед на твојот дом.

Повеќе

Кул идеи како да го претвориш дворот во уникатно катче за релаксација
Посакај им среќен 8-ми март на омилените жени во твојот живот со една од овие идеи за подарок.
Собери ги твоите најдобри другарки и заминете на една од овие прекрасни, а сепак блиски дестинации.