Заработи преку интернет!

Заработи преку интернет!

Постојат многу статии за тоа како да направиш пари онлајн. Сепак, многу често можеш да се разочараш, бидејќи вистинскиот начин да заработиш онлајн нема да те направи богат преку ноќ. Тоа одзема време, бара трпение и многу работа.

Ние ти нудиме 3 начини за да заработиш пари преку интернет, на кои треба да се фокусираш: Првиот е да создадеш содржина и да ја дистрибуираш онлајн, вториот е да продадеш нешто во мрежата и третиот е да направиш производ преку услуга-сајт или апликација.

Создади содржина

Првиот начин да заработиш пари онлајн е да создадеш содржина и да ја дистрибуираш онлајн. Ова вклучува – слики, видео, текст, блог или на што и да се сетиш. Советот е да почнеш да создававаш содржини, бидејќи содржината ти е потребна за да ја раскажеш својата приказна онлајн. Колку подобар станеш во тоа, толку повеќе ќе можат да те слушнат твоите клиенти, оние на кои ќе им го продаваш производот или услугата.

Откако веќе ја создаде содржината, ќе треба да ја прошириш. Ова е многу важна и комплексна тема, бидејќи платформите на интернет ги има се повеќе и повеќе. Веќе не е еден пребарувач, не е една формална мрежа, не е еден сајт. Имаш мејл, имаш претплатници, сајтови, треба да склучиш партнерства. Односно, еднаш откако ќе креираш содржина, треба да ја прошириш до што повеќе корисници.

Продади нешто

Вториот начин да заработиш пари онлајн е да продаваш на интернет просторот. Можеш да продаваш производи-телефони, облека, стоки и услуги. Кога ќе се претплатиш на пример за едукативен курс на интеренет, тоа пак е форма ем нешто да продадеш онлајн, ем да правиш содржина. Тука важи правилото, кое е и при офлајн трговијата, дека треба да имаш квалитетен производ, производ кој корисниците ќе го бараат. Ако се облека, накит, книги или филм тие треба да се доволно интересни за корисниците, за да платат пари за нив.

Значи прво треба да имаш што да продадеш, а на второ место треба да знаеш каде да го продаваш.

Направи производ

Третиот начин да заработиш пари онлајн е да создадеш свој веб-сајт или апликација. Тоа е еден широк сегмент каде што некои од најуспешните македонски компании успеале да се докажат како професионалци и како такви, кои можат да создаваат производи за целиот свет. Односно третиот начин е да создадеш производ или услуга, која многу луѓе ќе ја користат.

Овие производи или услуги може да се од неколку типови: онлајн медиум или медиумска апликација, односно ти ја создаваш, корисниците уживаат да ја користат содржината што е внатре, а ти земаш пари од реклами за да ја поддржиш операцијата. Може да биде онлајн продавница, односно ти можеш да ја создадеш самата платформа, на која ќе продаваат други луѓе или самиот ти.

Создавање на апликација или на сајт во денешно време е една доста ризична иницијатива, бидејќи потрошувачите се опкружени со секаков тип предлози: „Симни си ја оваа апликација“, „Посети го овој сајт“, „Кликни овде“ и тие сѐ потешко стигнуваат до твојот производ. И тука, како при онлајн трговијата, важи правилото дека ако сакаш некој да ја симне твојата апликација, треба да си сигурен дека на луѓето им треба. Многу лесен начин да си сигурен во тоа е да создадеш производ кој е минијатурна верзија на твојот производ. Треба да можеш да создадеш прототип со минимални средства, да можеш да го пуштиш до 100 или 1.000 корисници и да видиш тие дали навистина го користат во моментот. Потоа веќе можеш да одиш еден чекор понатаму.

Технологијата се движи се понапред и понапред и преку неа многу врати се отворени кон заработка преку интернет. Се што ти треба е да ја разбираш технологијата, добра идеја и упорност. Доколку не сакаш да се оптоваруваш со ова и ти требаат пари за многу побрзо време, тогаш знаеш каде треба да се обратиш. Аплицирај за брз кредит до 80.000 денари и добиј одобрување за само 7 минути или аплицирај за Credissimo до плата и земи го секој 1-ви и 5-ти кредит во износ до 12.000 ден. со 0% камата. Одбери сам, секако си во плус.



Врати се назад

Прочитај повеќе