Credissimo - ФинТек компанија, која вложува во иновациите

Аплицираj
Credissimo - ФинТек компанија, која вложува во иновациите

Иновациите ни помагаат сè да се случува побрзо и полесно со тоа што ни заштедуваат време за важните работи во животот. Во брзиот развоен свет, иновациите навлегуваат во секоја сфера од нашето секојдневие, дури во областа на финансиските услуги, кои се сметаат за поконзервативни структури. Во оваа статија Ќе те запознаеме малку подетално со FinTech индустријата во Македонија, посочувајќи за пример еден од лидерите во областа на микрокредитирањето - Credissimo.

FinTech (ФинТек) индустријата

FinTech индустријата претставува заеднички назив на компаниите од финансискиот сектор, кои разработуваат и имплементираат иновативни технолошки процеси.

FinTech е збир од технологии во областа на финансиите, кои го придружуваат развојот и раширувањето на секторот на финансиските услуги во текот на 21 век. Со тој поим се подразбира софтвер, комплетни системи за управување на процесите и други технологии кои се користат за управување на процесите и други технологии, кои се користат за помош при обезбедување на банкарски и финансиски услуги.

Ние од Credissimo сме една од компаниите лидери во областа на современите високотехнолошки финансиски услуги во Македонија. Речиси за една година на македонскиот пазар, како меѓународна компанија, покажавме стабилни резултати и растечки број на задоволни клиенти.

Како водечка FinTech структура, нудиме голем број на нови услуги кои на клиентите го олеснуваат процесот на поднесување на барање за одобрување брз кредит. Во исто време постојано ги развиваме истражувачките активности во областа на модерните технологии и продолжуваме да воведуваме иновации во финансиската сфера, со цел да нудиме производи и услуги на глобално ниво.

Автоматизирање на процесите во областа на брзите кредити

Уште од своето основање, вложуваме во иновативните практики кои се поставени во бизнис моделот на нашата компанија. Нашата основна цел  е побрза услуга, максимална сигурност и голем број на задоволни клиенти.

Со цел комплетна заштита на клиентите и нивните лични податоци, применуваме највисоко ниво на безбедност во својот систем - информацијата се криптира автоматски, според највисоките барања, за да обезбеди целосна заштита на нашите клиенти.

Ние од Credissimo имаме за цел да обезбедиме на нашите клиенти максимало брз и лесен процес од Барањето за одобрување на кредит до одобрување и пуштање на паричните средства, како и минимизирање на можноста за допуштање на грешки при обработување на податоците. Заради оваа причина, освен високото ниво на безбедност на информацијата, процесите во Credissimo се речиси целосно автоматизирани. Започнувајќи од барањето за одобрување на кредит до одобрување и пуштање на паричните средства, кој е целосно онлајн, до автоматско разгледување на барањата, во чија основа стои алгоритам базиран на развојот на вештачката интелигенција.

На овој начин брзите кредити кои ги нудиме се целосно достапни за сите, кои заштедуваат време, напори и те избавуваат од бавни банкарски процеси. Можеш да поднесеш Барање од Credissimo 24/7, од секоја точка во Македонија, од уред кој го поседуваш во моментот. Неопходни ти се само достап до интернет и лична карта.

Фокус врз опслужување на клиентите

При итна потреба од пари навреме, нашите клиенти знаат дека можат да сметаат на Credissimo не само на 100% заштита на личните податоци, туку и на брз процес по поднесување на Барањето за кредит. Како современа високотехнолошка компанија, ги следиме и светските трендови за обезбедување на достапност на услугите за корисниците.

За обезбедување на максимална јасност и транспарентност, однапред ги обезбедуваме сите информации на клиентот, за да може да се запознае со нив.

Обезбедивме брза и соодветна комуникација со нашите клиенти, и тоа на начин кој е најпогоден за нив.

Покрај нашите вообичаените начини - во чат разговор во живо на веб сајтот, по email или во формата за контакт, користиме и Viber, за да комуницираме со нашите клиенти. Во чат разговор преку Viber со вработен во компанијата можеш да ја испратиш сликата на личната карта, како и да поставиш прашање.

Вештачка интелегенција во нашите секојдневни разговори во Facebook

Во моментот идните клиенти од Македонија на Credissimo, можат да поднесат Барање за кредит директно од страницата на нашата компанија во Facebook - во прозорчето „Аплицирај“. За кратко ќе има и уште полесен начин за поднесување на Барање за кредит преку социјалните мрежи.

Малку информација претходно...

Во октомври минатата година станавме првата компанија од секторот на микрокредитирањето на глобално ниво, која целосно разработи и пушти чатбот за брзи кредити во апликацијата Facebook Messenger.

Процесот на поднесување на барањето е исклучително едноставен и брз, следејќи ги светските трендови за обезбедување на услуги на интернет.

Комуникацијата се доближува до комуникацијата со жив човек - со кратки прашања и одговори можеш да поминeш низ сите чекори потребни за аплицирање за брз кредит, како на секоја фаза има можност да ги менуваш параметрите во барањето.

Резултатите од спроведените тестови покажуваат позитивен фидбек од корисниците при барање на кредит, користејќи иновативната технологија. Во моментов чатботот е во процес на адаптација, особено за македонските корисници на услугите на нашата компанија и наскоро ќе можеш да побараш кредит додека разговараш во Facebook.

Повеќе

Летните одмори се ближат и сѐ уште се прашуваш кој е најдобриот начин за слабеење? Имаме неколку совети за тебе!
Експресно одобрување и Личен советник се дел од оваа услуга, а што поточно добиваш со “Гарантирано до минути“ може да прочиташ тука.
Добредојде, мало! Еве неколку совети како полесно да организираш прослава, задолжително со мекици!