Се што некогаш те интересирало за All Inclusive одмор - Credissimo

Се што некогаш те интересирало за All Inclusive одмор - Credissimo

Постојано си во потрага и мечтаеш за совршен летен одмор? Имаш желба едноставно да го спакуваш куферот и пасошот и да не мислиш на ништо друго? Решението е токму пред тебе.

Време е да размислиш за Аll Inclusive одмор

Можеби на прв поглед понудите ќе ти бидат малку скапи, но тоа е всушност најевтиниот начин на кој можеш да летуваш, особено ако имаш помали деца. За да бидеш сигурен дека тоа е така, едноставно треба да ги распределиш и споредиш трошоците на следниот начин:

  • превоз,
  • зелен картон,
  • сместување,
  • храна,
  • пијалоци во текот на целиот ден,
  • активности на плажа,
  • трошоци за лежалки.

Спореди ги трошоците и за двете опции и лесно ќе дојдеш до заклучок дека за истата сума на пари со Аll Inclusive концептот ќе добиeш многу повеќе.

Што претставува All Inclusive?

Ова е одмор кој е наменет за секој кој не сака да се оптоварува со ништо друго додека престојува во хотелот. Хотелите кои што нудат All inclusive се перфектно организирани за да можеш во потполност да се препуштиш на одморот. Од врвни кулинарски специјалитети во текот на целиот ден, кафе, освежителни пијалоци, коктели, па се до широк спектар на целодневни активности за сите возрасти. Овој тип на хотели се подготвени да одговарат на твоето барање 24 часа.

Доколку патуваш со деца одбери семејно одмаралиште. Ако бараш мир, тишина или романса, одбери опција само за возрасни. Доколку си тип кој сака забава, диско и клубови, тогаш одбери хотел кој е лоциран во центарот на градот каде патуваш.

Во агенциите ќе најдеш хотели со 3, 4 или 5 ѕвезди, во зависност од тоа и цената е различна. Исто така секој хотел кој работи на овој принцип си има свои политики и правила во однос на понудата, но генерално, сите овие хотели имаат слична понуда.

Што најчесто вклучува Аll inclusive концептот?

Храна и пијалок

Уживај во неограничената консумација на храна и пијалок во текот на целиот ден. Во зависност од хотелот храната која се служи може да биде традиционална или интернационална. Најчесто, појадокот започнува рано наутро и трае до 10:30 ч., а вечерата трае до 23 ч. Во меѓувреме во текот на денот на барот на плажата или покрај базенот се подготуваат некои популарни традиционални специјалитети и десерти, а за најмалите омилениот десерт – сладолед.

Целодневни анимации

Хотелскиот тим за анимација, ќе те забавувува во текот на целиот ден. Аеробик или јога, игри во базените, одбојка на плажа, турнири во понг-понг и вечерни забави. А за најмалите има детски катчиња, базени со тобогани, додека во вечерните часови мини диско. Во цената се вклучени и билјард, куглање, пикадо или пак релаксација во спа центар.                                                                                                                                     

Плажа и базени 

Пешкирите и лежалките се исто така бесплатни, како и храната и пијалокот кој се служат во барот. Доколку си тип кој повеќе седи на базен, користењето на забавниот аква парк со тобогани е исто бесплатно.

Не постои лош период за добар All Inclusive одмор. Одбери го идеалниот хотел за твоите потреби и уживај.

А не заборавај дека секој кредит до 80 000 денари може да ти донесе All Inclusive одмор во Турција со директен чартер лет! Побрзај и учествувај.

 



Врати се назад

Прочитај повеќе