Одиш на море? Пресметавме колку пари ќе ти требаат!

Одиш на море? Пресметавме колку пари ќе ти требаат!

Каде на одмор? Ова е прашањето што најчесто се поставува во пресрет на летните месеци. Иако некој можеби мисли дека се подига „фама“ на оваа тема, факт е дека летниот одмор има огромно значење за благосостојбата на луѓето. Покрај тоа што ни помага да одмориме, од секојдневните обврски, одморот е и совршена можност за поминување време со семејството, откривање нови дестинации, уживање во храната и „полнење на батериите со позитивна енергија“. 

Одморот не е луксуз, а потреба

Во услови на зголемени цени, особено е важно добро да се испланираат трошоците и да не се дозволи летувањето да се претвори во сериозен удар врз домашниот буџет. Со цел да ти помогнеме во пресметката, даваме одговор на прашањето колку се очекува летово да чини еден просечен одмор на море за четиричлено семејство.

Со цел да добиеме реална слика која ќе им помогне на поголем број читатели, пресметката се однесува на седумдневен одмор во Грција, најчеста опција за летување на македонските семејства.

Важно е да се земат предвид сите трошоци поврзани со летниот одмор, почнувајќи од најголемите трошоци како сместувањето и храната, па сè до патните трошоци и навидум ситните суми за сладолед, лежалки, пијалоци.

Сместување

Приватното апартманско сместување е најсоодветна опција за четиричлено семејство, со оглед на тоа што нуди удобност и комоција за прифатлива цена. Една ноќ во солиден апартман на грчкото крајбрежје чини помеѓу 120 и 150 евра, што значи дека вкупната сума која треба да се издвои за седум ноќи би достигнала околу 900 евра.   

Храна

Кога се оди на патување, е добро да се вкуси локалната храна која одговара на поднебјето што го посетувате. Секако, јадењето во ресторан и конзумирањето „street food“ чини поскапо отколку во апартман, но затоа и задоволството е поголемо. Доколку еден оброк дневно се јаде во ресторан, а за останатите два се конзумира нешто брзо и лесно, гиро, сендвич, пецива, овошје или салати, дневниот трошок би изнесувал околу 120 евра. Тоа значи дека за седум дена за храна би потрошиле 940 евра.

Трошоци за пат

Буџетот за превоз зависи од повеќе фактори, како на пример од каде тргнувате и до каде патувате, какво возило имате, колку ќе потрошите за патарина. Сепак, со цел да добиеме вкупна пресметка, за оваа ставка ќе ставиме просечна сума од 100 евра, под услов да патувате до некоја од поблиските дестинации во Грција.

Дополнителни трошоци

На крај, во вкупната пресметка ќе ги додадеме и дополнителните трошоци, како изнајмување лежалки и чадори, сладолед, кафе, пијалоци, активности и забава. Ако секој член од семејството дневно троши по 10 евра за оваа намена, тоа се вкупно 280 евра за целиот седумдневен летен одмор.

Со собирање на сите четири суми добиваме вкупен износ од 2.220 евра или во просек по речиси 320 евра дневно. Имај предвид дека оваа сума може да биде пониска или повисока, во зависност од стилот на одморот. Во секој случај, ова е пристап кој може да го користиш и сам да направиш математика колку пари се потребни за опуштено летно уживање со семејството.

Обезбедувањето на сума од над 2.000 евра не е секогаш лесен предизвик. Една од опциите е да штедиш за одмор по речиси 200 евра месечно во текот на претходните 12 месеца. Сепак, ако месечните приходи не го дозволуваат тоа, Credissimo е тука за дополнително да ги финансира твоите потреби. За неколку минути може да аплицираш за потрошувачки кредит до 200.000 денари и рок на отплата до 36 месеци. Парите веднаш ќе ти бидат на сметка, а ти ќе може да се посветиш на останатиот дел од планирањето на одморoт со семејството.

На оние на кои им недостига само дел од сумата и досега не ги користеле услугите на Credissimo, активна е супер поволна можност за кредит со 0% камата. Оваа понуда се однесува за суми до 30.000 денари и рок на отплата до 3 месеца, а предноста е што нема никакви дополнителни трошоци. Колку земаш, толку враќаш.

Летните одмори со семејството се создавање спомени кои ги паметиме цел живот. Затоа, не оставајте ништо на случајноста. Испланирајте патување, направете пресметка колку ќе чини и доколку е потребна финансиска поддршка, не заборавајте дека Credissimo е секогаш тука.

Поврзани статии

Се што некогаш те интересирало за All Inclusive одмор - Credissimo

Се што некогаш те интересирало за All Inclusive одмор - Credissimo

Имаш прашања за овој тип на одмор и сеуште немаш одговор? Не грижи се, ние ги покривме сите теми околу All Inclusive одморот во нашата статија.

Најубавите дестинации за кампување со шатор

Најубавите дестинации за кампување со шатор

Провери кои се нашите предлози за алтернативно летување во формата на кампување со кои не можеш да погрешиш!

Посети некој од најголемите забавни паркови на вода

Посети некој од најголемите забавни паркови на вода

Во овие спектакуларни водени паркови посетителите доживуваат врвни адреналински авантури, додека на забавата дефинитивно и нема крај. Токму овде луѓето буквално го губат чувствтото за време и место, додека се забавуваат во високите падови од тобоганите и вртењето во кругови со огромна брзина.

Летото е време за авантури и нови искуства!

Летото е време за авантури и нови искуства!

Исполнете си го времето со забавни активности додека сте на одмор, а ако не сте сигурни како, може да се инспирирате од нашата нова статија.

Оваа година - одмор на планина или на море?

Оваа година - одмор на планина или на море?

Разбери кои се предностите на морето, а кои на планината.