Credissimo Македонија · од 2016 г.

За нас

Лидери на пазарот за онлајн кредити во Македонија.

Како иновативна FinTech компанија, Credissimo нуди брзо, лесно и целосно онлајн финансирање, според потребите на модерниот корисник.

Credissimo е единствената компанија во која процесот на аплицирање, разгледување и одобрување на апликациите за кредит е целосно онлајн. Како компанија со долгогодишно искуство нудиме постојано нови решенија и модерни дигитални услуги за уште полесен пристап до брзи финансиски решенија.

Нашата приказна накратко

10 години иновации

Во 2016 година започнавме со јасна цел: да го направиме пристапот до онлајн потрошувачки кредити поедноставен, потранспарентен и целосно дигитален.


  1. 2016
    Старт

    Започнуваме со работа во Македонија

    ФД КРЕДИСИМО ДОО Скопје добива дозвола за работа од Министерството за финансии и започнува да нуди современи онлајн финансиски услуги на македонскиот пазар.

  2. 2017
    признание

    Награда за „Најдобар сајт на годината“

    Нашата дигитална платформа е наградена во конкуренција со повеќе финансиски институции во Македонија — потврда за фокусот на технологијата, иновациите и корисничкото искуство.

  3. 2018
    корисничко искуство

    Признание за најдобра услуга

    Во истражувањето „Таен клиент“ преку телефонски интервјуа, спроведено од IPSOS меѓу пет небанкарски финансиски друштва, Credissimo е оценето со најдобра корисничка услуга.

  4. 2018
    Лојална програма

    Ги наградуваме лојалните клиенти

    Ја воведуваме Лојалната програма на Credissimo, преку која редовните и коректни клиенти добиваат персонализирани поволности при секое следно аплицирање. Со текот на годините ја надградуваме според потребите на корисниците.

  5. 2021
    општествено одговорни 

    Помагаме на заедницата

    Петтиот роденден го одбележуваме со почетокот на кампањата „Секогаш биди број 1“. Во шесте изданија на кампањата подаривме пакети со училиштен прибор на вкупно 3.770 првачиња во 86 основни училишта низ Македонија.

  6. 2021
    раст и доверба

    Повеќе од 100.000 корисници

    Во првите пет години, повеќе од 100.000 корисници ни ја дадоа својата доверба — важен чекор во развојот на нашите целосно онлајн услуги.

  7. 2023
    технолошка иновација

    Го воведуваме Credissimo SNAP

    Интеграцијата на Credissimo SNAP — систем за електронска верификација на идентитетот и личните податоци ни помага да го направиме процесот на аплицирање уште побезбеден.

  8. 2024
    деловна успешност

    Сертификат за бизнис лидер

    Credissimo се стекнува со Сертификат за бизнис лидер во Македонија — признание за стабилниот развој, деловните резултати и воспоставената позиција на македонскиот пазар.

  9. 2025
    Гласот на вработените

    Ги слушаме своите вработени

    Credissimo се стекнува со признанието „Компанија која го слуша гласот на своите вработени“ – Pulser Approved, како потврда за културата на отворена комуникација и континуирано подобрување на искуството на тимот.

  10. 2025
    дигитален лидер

    Број 1 сајт за кредити

    Во периодот од јануари до септември 2025 година, credissimo.mk е рангиран како број 1 сајт за онлајн потрошувачки кредити во Македонија, според податоците од аналитичката платформа Semrush.

  11. 2026
    10 години credissimo

    Една деценија иновации

    Одбележуваме 10 години на македонскиот пазар и 300.000 обработени кредитни апликации — јубилеј што ја одразува довербата на корисниците и нашиот континуиран развој.

  12. 2026
    Мобилна апликација

    Ја претставуваме Credissimo App

    Официјално ја пуштаме новата мобилна апликација на Credissimo, создадена за полесен и попрактичен пристап до нашите услуги директно од мобилен телефон, достапна за Android и iOS.

Ангажираност

Одговорно кредитирање, од секој аспект

Ги создаваме нашите процеси така што клиентот секогаш има целосна контрола во секој момент. Високото ниво на квалитет на нашите вработени ни помага Credissimo да е претпочитаната компанија од корисниците на финансиски услуги.

Флексибилно и брзо финансирање

Сам ги избираш износот и периодот на отплата во согласност со твоите потреби и финансиски можности. Не те задолжуваме со ништо - условите се секогаш твој избор.

Јасни и транспарентни услови

Пред да го потпишеш договорот, можеш да ги провериш ратата, трошоците и вкупниот износ за враќање. Никогаш не ја променуваме договорената каматна стапка.

ФД Кредисимо ДОО работи врз основа на Решение издадено од Министерот за финансии на Република Македонија бр.13-5945/7 од 30.06.2016.

Краткорочни кредити

Условот за успешна соработка е коректното и навременото плаќање на твојот кредит. Така нашите услуги секогаш ќе бидат достапни, кога и да ти требаат.

Целосно онлајн

Апликацијата и потпишувањето на договор - целиот процес се случва онлајн. Нашиот напреден софтверски систем обработува голем број на апликации за кратко време.

Поддршка кога ти е потребна

Нашиот сајт е нашата онлајн филијала. Имаме секција со често поставувани прашања, а контактниот центар е на линија секогаш кога имаш потреба од совет.

Доверба

Се стремиме кон одговорни, коректни и доверливи односи. Лојалните клиенти добиваат поповолни услови и поголем максимален износ што може да го понудиме.


постигнувања

Резултати што ја градат довербата и со кои се гордееме 

300K+ Обработени апликации за кредит
10 години На финансискиот пазар во Македонија
96% Задоволни клиенти
Лојална програма која ги наградува клиентите
Бројни награди за нашите успеси низ годините
3.2 милиони денари за општествени проекти
Целосно онлајн пристап на работа кој штеди ресурси

Дали си одговорен кога подигнуваш кредит?

Аплицирањето за онлајн потрошувачки кредит не е одлука што треба да ја донесеш избрзано. Цениме јасен и коректен однос за поодговорно кредитирање.


Земањето кредит е важна и сериозна одлука. Затоа, аплицирај само ако си сигурен дека ќе можеш да го вратиш износот навреме.

Пресметај пред да аплицирашПровери ги месечната рата, периодот на отплата, сите трошоци и вкупниот износ за враќање.
Плаќај навремеСледи ги датумите на доспевање и почитувај го договорениот распоред за отплата.
Прашај кога нешто не ти е јасноНашиот тим е тука да ти помогне да ги разбереш производите, условите и обврските.