5 дестинации за велигденско патување во Македонија

5 дестинации за велигденско патување во Македонија

Велигден е дефинитивно еден од совршените празници за да избегаш од секојдневната рутина и да уживаш во неколкудневна прошетка со семејството или друштвото. Продолжениот викенд трае четири дена, времето е пријатно, денот трае подолго, а и добро ќе ти дојде да ги „наполниш батериите“ пред враќањето на работните и личните обврски.

Иако многумина размислуваат за дестинации надвор од државата, Credissimo ти препорачува овој Велигден да го искористиш за посета на некој од туристичките центри или за откривање нови возбудливи предели во Македонија. Тоа е одличен начин да се открие нешто повеќе за татковината, но и да се поддржи домашната економија.

Езера, планини, водопади, манастири – туристичката понуда во Македонија е навистина разновидна и нуди интересни локации кои се идеални за тридневна авантура и релаксација. За да ти помогнеме во изборот, подготвивме листа од пет идеи за совршено велигденско патување.

Кратово – традиција и вкусна храна

Кратово е еден од најнеобичните градови во Македонија – со камени мостови, средновековни кули и улички што изгледаат како мал музеј на отворено. Секој од камените мостови кои се издигнуваат над Кратовска река раскажува своја приказна и легенда. Интересен е податокот дека Кратово е град со најголем број средновековни кули во Македонија, вкупно 17, иако денес се зачувани само шест. Ако се одлучиш за викенд во Кратово, задолжително посети некоја од локалните кафеани и дегустирај ја уникатната кратовска пастрмајлија со пушено месо.

Предлог локации за посета: локалитетот Камени кукли, карпата Цоцев камен, Радин мост, Лесновски манастир, Осоговски манастир

Дојран – езеро, спокојство и риба на трска

Дојран е една од најпотценетите дестинации во Македонија, особено во пролетната сезона. Градот нуди мирна и опуштена атмосфера, далеку од гужвите на поголемите туристички центри. Може да уживаш во прошетка покрај кејот и на само неколку метри од брегот да се напиеш традиционално кафе подготвено на жежок песок. Освен релаксација покрај езерото, може да ја посетиш планината Кожуф, која е идеална за лесни планинарски прошетки и уживање во недопрена природа. Ако сакаш забава и градски живот, Гевгелија е на помалку од половина час возење, а ако те привлекува руралниот амбиент, може да ги истражиш околните села и да ја почувствуваш топлината на македонскиот југ. За целосно кулинарско доживување, ти препорачуваме риба на трска – традиционален дојрански рецепт.

Предлог локации за посета: црквата Свети Илија, планината Кожуф, Смрдлива вода, Вардарски рид, манастир Свети Илија (село Фурка), Гевгелија

Маврово – природа, чист воздух и авантура

Маврово е една од најубавите планински дестинации во Македонија, идеална за мирен викенд во природа. Во пролет, Мавровско Езеро е опкружено со зелени пејзажи, свеж воздух и тишина, што го прави совршено место за прошетки, релаксација и време со семејството. Во близина има повеќе атрактивни локации што можат да бидат дел од твојата туристичка агенда. Наша препорака се селото Галичник, препознатливо по автентична архитектура и спектакуларни планински глетки и манастирот Свети Јован Бигорски, едно од најзначајните духовни и културни места во земјата. Дополнително, вреди да се посети и Дебар, како и живописниот кањон на реката Радика. Регионот нуди и лесни планинарски патеки, како и можност за уживање во традиционална храна во локалните ресторани.

Предлог локации за посета: Галичник, Свети Јован Бигорски, мостот Елен Скок, водопадот Дуф

Крушево – историја, природа, гастрономија

Крушево е идеална дестинација за мирен и исполнет викенд, особено во пролет кога природата се буди, а градот нуди тивка и автентична атмосфера. Познат по својата уникатна архитектура и богата историја, Крушево е совршено место за прошетки низ тесните улички, уживање во панорамските погледи и запознавање со културното наследство. Комплексот Македониум и Мечкин камен се најмаркантните симболи на Илинденскиот период.  Во близина, вреди да се истражат и неколку интересни локации што лесно се вклопуваат во викенд агенда. Кривогаштани е познато по традиционалната атмосфера и локална храна, додека Прилеп нуди дополнителни културни и природни атракции, како Маркови кули. Комбинацијата од историја, природа и гастрономија го прави Крушево одличен избор за кратко, но богато патување. Од кулинарските специјалитети не смееш да ги изоставиш крушевска тава, традиционалниот колбас и највкусниот локум.

Предлог локации за посета: Македониум, Мечкин камен, Музејот на Тоше Проески, Крушевското Езеро, манастирот Свето Преображение, Маркови кули

Охрид – езеро, цркви, совршенство

За крај го оставаме неизбежниот Охрид – градот на брегот на најстарото езеро во Европа, македонскиот и балканскиот Ерусалим. Без разлика колку пати си бил во Охрид, секогаш може да откриеш нова локација која со себе носи интересна приказна. Повози се со катамаран по езерските води и доживеј го градот од друга перспектива. Ручек во Трпејца или во некој од рестораните во селото Горно Коњско, со прекрасен поглед на целото езеро. Плаошник, Канео или Свети Наум се секогаш дел од агендата, но овојпат може да смениш и да го посетиш манастирот Успение на Пресвета Богородица во Скребатно, кој е совршена локација за целодневен излет со семејството. Секако, задолжителни специјалитети во Охрид се рибјата чорба со макало од лук, ѓомлезето и охридската пастрмка.

Предлог локации за посета: Плаошник, Самоилова тврдина, Свети Наум, манастирот во Скребатно, Трпејца, Галичица    

Колку чини продолжен викенд во Македонија?

За да ти помогнеме целосно да го испланираш продолжениот велигденски викенд, направивме и пресметка колку едно вакво патување во просек би чинело за четиричлено семејство со двајца возрасни и две деца. Секако, трошокот може да варира во зависност од изборот на сместувањето, како и колку често се посетуваат ресторани. Нашата математика вели дека сместувањето за три ноќевања чини околу 14.000 денари, трошоците за гориво се 3.000 денари, а за храна околу 14.000 денари. Додадовме и 2.000 денари трошоци за кафе, сувенири, сладолед и слични трошоци.

Вкупниот трошок за викенд авантура со семејството на некоја од највозбудливите дестинации во Македонија изнесува околу 34.000 денари.

Сумата не е превисока, но не е ни прениска. Сепак, вреди секој денар инвестиран во заеднички моменти и прекрасни спомени со семејството и најблиските. Доколку домашниот буџет не е доволен, секогаш е тука Credissimo да ти помогне да обезбедиш пари навреме. Не ги откажувај плановите, туку искористи ја супер поволната понуда за кредит со 0% камата. Станува збор за промотивната понуда со која можеш за само неколку минути на твојата сметка да добиеш 30.000 денари или приближно онолку колку што се потребни за прекрасно викенд доживување со семејството. И не треба да се плашиш од дополнителни трошоци. Сè што треба да направиш е да вратиш по 10.000 денари во наредните три месеци, без камата и без какви било скриени трошоци.

Прочитај повеќе