Направи добар план на трошоците и патувај без грижи!

Направи добар план на трошоците и патувај без грижи!

Парите можат да бидат голема ставка кога се патува во група, особено затоа што не секој патува со ист буџет и не секој може да потроши исто. Кога патуваш со повеќе лица, секогаш на крајот излегува дека трошиш малку повеќе од очекуваното, а тоа може да биде причина за тензија.

Затоа важно е да бидеш подготвен на се!

Прецизно одреди го буџетот однапред

Факт е дека сите имаат различна сума на пари за располагање. Навистина не е фер некој постојано да се расфрла со пари, додека другиот не може да си го дозволи истото, но исто така не е фер и да не можеш да потрошиш толку колку што имаш на располагање. Затоа ако однапред прецизно го одредиш твојот буџет, тоа може многу да помогне за убаво планирање што се може да се дозволиш за време на патувањето.

Запишувај кој колку ти должи и кому ти должиш

Не е страшно за неколку евра, но можеби некому тоа му смета. Затоа запишувај кој за што платил, затоа што секогаш има по некој што дал малку повеќе отколку другите за нешто, можеби си ти тој?

Уживај, но имај резерва и граници

Кога се патува со друштво навистина е тешко да се внимава на финансиите. Секогаш се пие и јаде малку повеќе, дури и многу повеќе од потребното. Иако тие се најубавите моменти кога ти е сеедно, но сепак добро е да имаш резерва и граница на трошењето.

Групно штедете пари

Како група можете да заштедите пари на секакви работи, од транспорт, до сместување и групни активности. Кога барате понуди, барајте можности за групни попусти и искористете го максимумот. мал компромис со друшжтвото може да ви заштеди многу.

Треба да се има разбирање за различните буџети

Откако ќе го определиш буџетот, обиди се да се држиш до него. Не се откажувај и ти доколку твојот пријател го направи тоа во одредена ситуација од финансиска причина. На пример кога сте на вечераво, фактот што можеби тој не може да си дозволи одредени специјалитети од менито како што можеш ти, не треба да те спречи потполно да уживаш во вечерата. Во вакви и слични ситуации најди начин сето тоа да изгледа природно за да се избегнат непотребни тензични ситуации и некој да биде навреден.

Немој да си „скржав“

Немојте да бидете премногу грижливи за пари, за да не си го расипете вашиот, и одморот на пријателите. Доколку имате помалку пари од пријателите, кажете им го тоа и обидете се да не го спомнувате истото често. Никој не сака во среде дискотека некој да се буни. Пуштете ги нозете, колку што ви е чергата.

Комуникацијата е многу важна

Како група секој треба да си го каже своето мислење при самото планирање на патот. Кој што би сакал, што не би сакал, какво сместување и слично. Така секој ќе знае со какви луѓе ќе патува и што може да го очекува. Запомни дека некое евро повеќе или помалку не е вредно за да се изгуби пријателството, затоа комуницирајте отворено со друштвото.

Можеби и ти во моментов финансиски си неподготвен да патуваш со друштвото, но никако не сакаш да ја пропуштиш оваа можност. Не грижи се бидејќи доколку ти се потребни дополнителни средства можеш брзо и едноставно да дојдеш до потребните пари. Аплицирај за „Credissimo Плус" до 80.000 ден. Или ако си веќе финансиски спремен и ти треба само плус пари во џеб, аплицирај за„Credissimo до плата" и земи го 1-от и секој 5-ти кредит во износ до 12.000 денари без камата со рок на враќање до 30 дена!

Патувај релаксирано и безгрижно!



Врати се назад

Прочитај повеќе