Врати се назад Статии

Биди одговорен при заштитата на твоите лични податоци

Биди одговорен при заштитата на твоите лични податоци

Credissimo се приклучува кон кампањата за поголема финансиска едукација на населението и компаниите, организирана од страна на Групацијата на финансиските друштва при Стопанската комора.

Целта на кампањата е зголемување на свесноста на клиентите за заштита на нивните лични податоци и намалување на злоупотребите на истите.

Credissimo те советува да ги чуваш одговорно твоите лични податоци! Ти ја носиш првичната и главна одговорност за нивната заштита. Ние како регистриран контролор на лични податоци, ти гарантираме максимална заштита.

Биди одговорен и дејствувај на следниот начин:

Пријави доколку ја изгубиш твојата лична карта

Ако ја изгубиш личната карта, пријави во полициска станица, но исто така до сите институции со кои имаш соработка, за да ги известиш, со цел личната карта да не ти биде злоупотребена. 

Не откривај информации за твоите сметки и лозинки

Не споделувaj никакви информации за твојата сметка, пин или лозинка со некој друг.

Внимавај каде ја приложуваш твојата лична карта

Ако некој побара копија од твојата лична карта, потврди кој те прашува и зошто, достави ја твојата лична карта само на сигурни и лиценцирани институции.

Внимателно споделувај ги твоите лични податоци

Ти си единствениот сопственик на твоите лични податоци и само ти можеш да одлучиш каде и со кого да ги споделиш. Затоа прочитај ги согласностите што ги даваш на било која институција, компанија или поединец со кого работиш!

Биди свесен за остварување на твоите права

Ако си стапил во деловен однос или соработка со институција, како субект на лични податоци, имаш право да бараш остваруване на твоите права. 

Ажурирај ги твоите податоци навреме

Треба да бидеш одговорен да ги ажурираш твоите податоци. Секогаш кога има промена во твоето презиме, телефон за контакт или адреса треба навреме да ги известиш сите институции за да ги ажурираат твоите податоци.

 

Не заборавај дека:

  • Ти ја имаш најголемата одговорност за себе и твоите лични податоци!
  • Личните податоци се само едни и ти си должен да ги чуваш и заштитуваш!

 

 

Поврзани статии

Врати се назад
Сакаш нов лаптоп? Ние ќе ти помогнеме да го одбереш!
Статии

Сакаш нов лаптоп? Ние ќе ти помогнеме да го одбереш!

Без разлика дали пишувате некој труд, предавате, подготвувате некој проект или само сурфате на Интернет, потребен ви е лаптоп.

Прочитај
Твојот кориснички профил во Credissimo
Статии

Твојот кориснички профил во Credissimo

Со корисничкиот профил можеш да аплицираш побрзо и полесно. Во секое време ќе можеш да видиш онлајн информација за твоите кредити, промоции и попусти

Прочитај
Ти си студент и имаш итна потреба од пари – кредит за студенти
Статии

Ти си студент и имаш итна потреба од пари – кредит за студенти

Студентските години се незаборавно време од животот на секого. За првпат стекнуваш самостојност, запознаваш сосема нови пријатели.

Прочитај
Како користиме вештачка интелигенција во Credissimo ?
Статии

Како користиме вештачка интелигенција во Credissimo ?

Запознај се со нашиот чат-бот Симо кој интерактивно комуницира со сите наши клиенти наеднаш. Пиши му и прашај го нешто сега

Прочитај
Уживај во предностите на онлајн кредитирањето
Статии

Уживај во предностите на онлајн кредитирањето

Твоја одговорност е што поскоро да се запознаеш со предизвиците кои ги носи Интернетот, за подобро да се заштитиш себеси и своите блиски.

Прочитај