Како да препознаеш онлајн измама?

Како да препознаеш онлајн измама?

Секојдневно користиме интернет за плаќање, купување, комуникација и користење различни услуги. Токму затоа е важно да внимаваме каде и со кого ги споделуваме личните податоци.

Матичен број, телефон, број на платежна сметка, лозинки и кодови за потврда се податоци што треба внимателно да ги чуваме. Во погрешни раце, тие можат да бидат злоупотребени и да предизвикаат финансиски задолжувања и непријатности.

Внимавај што и каде споделуваш

Не испраќај слики од лична карта, картичка, платежна сметка и други документи преку пораки на социјални мрежи, непроверени страници и до лица чиј идентитет не можеш да го потврдиш.

Дури и кога пораката изгледа уверливо или содржи име и лого на позната компанија, секогаш дополнително провери кој ја испраќа.

Провери кој ти бара информација и зошто

Ако некој неочекувано ти побара лични или финансиски податоци, не брзај да одговориш.

Запрашај се:

  • Кој ја бара оваа информација?
  • Зошто му е потребна?
  • Дали комуницирам преку официјален канал?
  • Дали воопшто очекував ваква порака или повик?

Ако нешто ти изгледа сомнително, провери преку официјалната веб страница или директно контактирај ја компанијата.

Не отворај сомнителни линкови

Измамите често започнуваат со порака на социјалните мрежи, SMS или e-mail кој содржи линк до страница што изгледа како вистинска.

Особено внимавај на пораки што создаваат чувство на итност, пример дека на сметката по грешка ти се испратени пари и треба во најкраток рок да ги вратиш, ако не ги вратиш сметката ќе биде блокирана или дека мора веднаш да потврдиш некакви податоци на даден линк.

Никогаш не споделувај лозинки и кодови

Лозинките, PIN-кодовите и кодовите за потврда се лични и не треба да се споделуваат со друго лице.

Ако добиеш код што не си го побарал, не го препраќај и не го кажувај никому. Тој може да се користи за потврда на активност што ти не си ја иницирал.

Добра практика е да користиш различни лозинки за различни услуги и ако е возможно, да имаш дополнителна двофакторска заштита.

Доби неочекувана уплата? Не брзај да ги вратиш парите

Ако на твојата сметка пристигне сума што не ја очекуваш, а потоа некој побара да му ги вратиш парите, прво провери ја ситуацијата.

Не извршувај враќање на трансакцијата пред да утврдиш кој е налогодавачот и зошто средствата ти биле испратени точно на тебе.

Како да препознаеш дека нешто не е во ред?

Предупредувачки знаци можат да бидат барање за лични податоци, сомнителен линк, испратени пари на сметка и барање да ги вратиш, барање за лозинка или код за потврда, ветување за награда што не си ја очекувал.

Еден знак не мора секогаш да значи измама, но е добра причина да се замислиш и да провериш.

Што ако веќе си споделил податоци?

Ако се сомневаш дека твоите податоци биле злоупотребени, реагирај што побрзо. Промени ги лозинките, а доколку станува збор за банкарски или платежни податоци, контактирај ја твојата банка или соодветниот давател на услугата.

Твоите лични податоци се важни. Заштити ги.

Не споделувај ги твоите лични податоци без претходна проверка, не отворај сомнителни линкови и не давај лозинки или кодови за потврда на друго лице.

Ако нешто ти изгледа сомнително – провери и реагирај навреме таму каде што треба.

Поврзани статии

10-те најдобри апликации за 2017 за планирање на твоите финансии

10-те најдобри апликации за 2017 за планирање на твоите финансии

Избравме најдобрите до денес, со кои лесно можете да ги ведувате приходите и расходите, да ги планирате трошоците и заштедите.

Уживај во предностите на онлајн кредитирањето

Уживај во предностите на онлајн кредитирањето

Твоја одговорност е што поскоро да се запознаеш со предизвиците кои ги носи Интернетот, за подобро да се заштитиш себеси и своите блиски.

Твојот кориснички профил во Credissimo

Твојот кориснички профил во Credissimo

Со корисничкиот профил можеш да аплицираш побрзо и полесно. Во секое време ќе можеш да видиш онлајн информација за твоите кредити, промоции и попусти

Како користиме вештачка интелигенција во Credissimo ?

Како користиме вештачка интелигенција во Credissimo ?

Запознај се со нашиот чат-бот Симо кој интерактивно комуницира со сите наши клиенти наеднаш. Пиши му и прашај го нешто сега

Кои потрошувачки навики ќе бидат актуелни во 2023 година?

Кои потрошувачки навики ќе бидат актуелни во 2023 година?

Види како ќе се промени тенденцијата во купувањето и како тоа ќе влијае на потрошувачите оваа година