Врати се назад Статии

Биди одговорен при заштитата на твоите лични податоци

Биди одговорен при заштитата на твоите лични податоци

Credissimo се приклучува кон кампањата за поголема финансиска едукација на населението и компаниите, организирана од страна на Групацијата на финансиските друштва при Стопанската комора.

Целта на кампањата е зголемување на свесноста на клиентите за заштита на нивните лични податоци и намалување на злоупотребите на истите.

Credissimo те советува да ги чуваш одговорно твоите лични податоци! Ти ја носиш првичната и главна одговорност за нивната заштита. Ние како регистриран контролор на лични податоци, ти гарантираме максимална заштита.

Биди одговорен и дејствувај на следниот начин:

Пријави доколку ја изгубиш твојата лична карта

Ако ја изгубиш личната карта, пријави во полициска станица, но исто така до сите институции со кои имаш соработка, за да ги известиш, со цел личната карта да не ти биде злоупотребена. 

Не откривај информации за твоите сметки и лозинки

Не споделувaj никакви информации за твојата сметка, пин или лозинка со некој друг.

Внимавај каде ја приложуваш твојата лична карта

Ако некој побара копија од твојата лична карта, потврди кој те прашува и зошто, достави ја твојата лична карта само на сигурни и лиценцирани институции.

Внимателно споделувај ги твоите лични податоци

Ти си единствениот сопственик на твоите лични податоци и само ти можеш да одлучиш каде и со кого да ги споделиш. Затоа прочитај ги согласностите што ги даваш на било која институција, компанија или поединец со кого работиш!

Биди свесен за остварување на твоите права

Ако си стапил во деловен однос или соработка со институција, како субект на лични податоци, имаш право да бараш остваруване на твоите права. 

Ажурирај ги твоите податоци навреме

Треба да бидеш одговорен да ги ажурираш твоите податоци. Секогаш кога има промена во твоето презиме, телефон за контакт или адреса треба навреме да ги известиш сите институции за да ги ажурираат твоите податоци.

 

Не заборавај дека:

  • Ти ја имаш најголемата одговорност за себе и твоите лични податоци!
  • Личните податоци се само едни и ти си должен да ги чуваш и заштитуваш!

 

 

Поврзани статии

Врати се назад
10-те најдобри апликации за 2017 за планирање на твоите финансии
Статии

10-те најдобри апликации за 2017 за планирање на твоите финансии

Избравме најдобрите до денес, со кои лесно можете да ги ведувате приходите и расходите, да ги планирате трошоците и заштедите.

Прочитај
Како користиме вештачка интелигенција во Credissimo ?
Статии

Како користиме вештачка интелигенција во Credissimo ?

Запознај се со нашиот чат-бот Симо кој интерактивно комуницира со сите наши клиенти наеднаш. Пиши му и прашај го нешто сега

Прочитај
Дали заштедуваме или трошиме повеќе од онлајн шопинг?
Статии

Дали заштедуваме или трошиме повеќе од онлајн шопинг?

Бидејќи никој не сака да купува производи кои чинат поскапо, претпоставуваме дека прашањето е, од што зависи и како сепак да пазаруваме поефтино?

Прочитај
Најлесниот начин да земете пари во кеш
Статии

Најлесниот начин да земете пари во кеш

При аплицирањето за брз онлајн кредит не е потребно ништо друго освен да сте полнолетен и да имате важечка лична карта.

Прочитај
Како да препознаеш онлајн измама?
Статии

Како да препознаеш онлајн измама?

Матичен број, телефон, број на платежна сметка, лозинки и кодови за потврда се податоци што треба внимателно да ги чуваме

Прочитај